Често се поставува прашањето дaли е нормално пукањето и шкрипењето на зглобовите, особено во првите неколку чекори по станување од креветот. Во суштина, звукот на шкрипењето се јавува заради триење на нарамните површини на зглобовите рскавиците. Појавата почесто се забележува кај поголемите зглобови, како коленото или рамениците. Пукањето се разликува од шрипењето и потекнува од меурчињата азот во синовијалната течност кои се ослободуваат и пукаат при истегнување на зглобот. Меѓутоа, доколку крцкањето на зглобовите е проследено со болка, особено при качување по скали или чучнување тогаш обратете се на ортопед. Болката во комбинација со крцкање може да биде знак повреда или артритис. Истаржувањето покажало, дека постарите лица често ги имаат овие проблеми, но не се занемарува и фактот дека  и помладата популација може да ги има истите симптоми. Бидете физицки активни, правете утринска гиманастика за да ги избегнете ваквите последици.