Малку забава

Заедничко дружење

На 01.10.2011 година  со покана од Комерцијална банка АД Скопје- Координативно тело за општествена одговрност  возрасните членови на Хуманост (пензионерите),како и возрасните лица сместени во институциите за социјална заштита ( Дом за стари лица Мери Терзиева и Дом за стари лица  Мајка Тереза) и пензионерите кои работеле во Комерцијална банка учествуваа на еднодневен излет до манастирот Св. Ѓорѓи во с.Дељадровци. Излетот придонесе да возрсните лица односно пензионерите од Хуманост,институциите и пензионерите од Комерцијална банка поминаa прекрасен ден,посебно  возрасните лица кои се социјално исклучени.

Хуманост и Хотел Порта

Здружението Хуманост во соработка со Хотел Порта од о.Аеродром по повод 20 години од независноста на Македонија обезбедија организиран превоз за присуство на прославата на старите лица сместени од домот за стари лица во ‘’Киро Крестески Платник’’-Прилеп и бесплатно ноќевање во Хотел Порта.

Сметаме дека на овој начин ќе успееме да допридонесеме за нивна зголемена социјализација а воедно и заеднички да ја прославиме радоста за 20 години независна Македонија.