Манаса Јога

 

Јога е систем на древни духовни и физички вежби кои потекнуваат од Индија. Јога вежбите се состојат од физички вежби или асана и вежби за дишење или пранајама. Јогата се смета за средство кон просветлувањето т.е. постигнување на единство со самиот себе и со универзумот  Браман.

Денес многумина на запад вежбаат јога од различни причини: од здравствени причини, заради развивање на концентрација, некои заради филозовски убедувања, но и заради постигнување внатрешен мир и рамнотежа. Се смета дека со јога вежбите се ублажуваат некои болести и пореметувања, како несоница или астма.

Манаса Јога е специјално дизајнирана  програма на нежни  јога вежби и вежби за длабоко дишење.Манаса Јога е  погодна за лица на било која возраст, вклучувајќи ги старите лица  и лицата со деменција, каде што сите пози се изведуваат од седечка положба.  Придобивките од манаса јога се: зголемување на   циркулацијата низ телото; зајакнување на зглобовите, лигаментите и тетивите; тонинг  на мускули, подобрување на рамнотежата, координацијата и држење на телото.

Бројните   студии укажуваат на тоа дека  со зголемување на активноста кај постарите луѓе( како што се физички вежби, работна терапија, музика терапија) ги  намалуваат  ефектите од сенилна деменција, па дури и може да  ја спречи појавата на вакви нарушувања. Крајот на физичкиот развој на нервните патишта околу plagues и  tangles пронајдени во мозокот на пациентите со Алцхајмерова болест биле испитувани и забележани кај старите, кои се активни и појавуваат интерес да научат нови вештини.

Многу работилници  обезбедуваат  низа програми за старите лица  и се  вклучени во основната  студија  и  истражувања за  придобивките од ваквиот тип на работилници за луѓето со Паркинсонова болест, артритис, и Алцхајмеровата болест.

Физичките  вежби  се многу корисни, особено на горниот дел од телото, исто така се обезбедува можност и  за социјална интеракција. Најважно е, сепак,  силната  верба на старите лица дека со физичката активност, учењето, играње  на  непозната музика, ќе им помогне да се создадат нови патеки за невро-мускулна функција, исто така   доведува   до подобрување на општата координација, одење, зборување, спиење, и  како и искуство во  поттик на самодоверба и севкупената  доверба.

http://drum-workshop.org

Редовната физичка активност може да ги минимизира и да ги спречи хроничните  проблеми и да ја  зголеми функционалната способност кај старите лица. Пред се  за  физичката  активност  кај  стари лица неопходна е  првична  процнка  на функционалната способност, вежби,толеранција за физичките  ограничувања , психолошка и социјална поддршка на поединецот. Остварувањето на активноста  треба да се однесува на интензитетот, фреквенцијата и траењето на вежбата.

Неколку фактори  кои што влијаат на  состојбата на старите лица и од кои зависи успехот во закрепнувањето,  се редовност и  упорност во изведувањето на физичките вежби препорачани од физиотерапевт и физијатар и точноста во нивната примена.

За одржување на физичката состојба и  физичката кондиција, се препорачува самоиницијативна примена на полесни физички вежби, редовни прошетки, конзумирање на здрава храна богата со витамини

Истражувањата кои до сега се реализирани покажуваат дека со редовна физичката активност се намалува можноста за когнитивни нарушувања, појава на Алцхајмерова болст и други видови на деменција.

http://archneur.ama-assn.org