Исхраната со високо учество на влакна е поврзано со намалување на концентрацијата на ЛДЛ холестеролот во крвта и со подобрување на состојбата на кардиваскуларниот систем.
Американски научници од Универзитетот Алабама тврдат дека секои 1.000 внесени калории треба да содржат 14 грама влакна…

Најмалку 10 грама би требало да се однесуваат на влакна што се топат кои брзо доведуваат до чувство на ситост и преку своето влијание на апсорпција на ЛДЛ холестеролот предизвикуваат намалување на концентрацијата на овој т.н. лош холестерол во крвта.

 

Добри извори на влакна се овошјето, производите од интегрално зрно и мешункаст зеленчук.
Бројни претходни истражувања веќе покажаа дека влакната од исхраната се важни за одржување на функциите на системот за варење на храната.

Извор: Превентус

Брзото чукање на срцето ги зголемува шансите за фатален срцев удар, покажа најновата студија… Сепак, кај жените, редовното вежбање кое го одржува нормален пулсот на срцето ги намалува шансите за срцев удар…

Студијата која опфати повеќе од 50.000 здрави возрасни луѓе ја спроведоа научниците од Норвешка, кои заклучија дека со секое зголемување од 10 удари на срцето во минута кај жените до возраст од 70 години го зголемува ризикот од срцев удар за 18 отсто, додека кај мажите за 10 отсто.
Брзо чукање на срцето најчесто се занемарува, а со тоа опасностите се зголемуваат

– Здравото срце чука околу 60 до 70 пати во минута, со мали варијации од едната или другата страна. Ако стапката надминува 80 за подолг период, тогаш докторите почнуваат да се загрижуваат, бидејќи тоа може да е знак дека нешто не е во ред, рече Хаваид Науман од Норвешкиот Универзитет за наука и технологија, кој беше вклучен во новата студија.

Во САД, срцевите проблеми се главниот убиец на мажи и жени. Секоја година 1,2 милиони луѓе страдаат од срцев удар, а повеќе од една третина умираат како резултат на тоа.

Висок крвен притисок, висок холестерол и дијабетес се познати како ризични фактори за болести на срцето, но досега отчукувањата на срцето беа игнорирани.

– Важно е да се привлече внимание на отчукувањата на срцето како причина за срцев удар, изјави кардиологот Марком Арнолд, од Универзитетот од Западен Онтарио.

Тој не беше вклучен во новата студијата, но изјави дека неговото истражување кое го спровел во САД, покажало дека брзото чукање на срцето и вежбањето може да бидат фатални за срцевиот удар.

За студијата биле избрани здрави луѓе од централниот дел на Норвешка кои немале никакви срцеви болести.

На почетокот на студијата во 1984-1986, учесниците пополниле прашалници за нивниот начин на живот и општата здравствена состојба , а докторите и научниците направиле детални срцеви прегледи. Кога заврши студијата во 2004 година, повеќе од 10.000 од учесниците умреле, а 40 отсто тоа било поради срцевите болести. По 6 години откако заврши студијата, научниците открија дека кај луѓето кои имале околу 100 отчукувања во минута имале 74 отсто поголема шанса да умрат од срцев удар, отколку мажите чие срце работело нормално. Кај жените ризикот бил зголемен за 42 отсто и кај помладите од 70 години.

Извор:Превентус.мк

Ризикот за смртност кај лицата со срцеви заболувања  кои практикуваат трансцедентална медиција е помал, отколку кај оние кои не ја применуваат оваа метода, заклучуваат експертите од Медицинскиот колеџ во Висконсин и од Универзитетот „Махариши“ во Ајова…

При ова истражување, финансирано од американските Национален институт за здравје и Национален институт за срце, бели дробови и крв, експертите по случаен избор одбрале 201 лице, Американци од африканско потекло со просечна старост од 59 години, кои имале стеснати срцеви артерии. Една група од испитаниците биле натерани да медитираат, додека останатите направиле само некои промени во начинот на живеење.

Групата која медитирала работела два пати дневно по 20 минути. Втората група следела настава за традиционални ризични фактори за срцеви болести и вовела промени во начинот на исхраната и нивото на физичката активност.

По девет години во групата која медитирала регистрирана е намалена смртност и срцеви и мозочни удари за 47 отсто. Освен тоа, во таа група регистрирани се и клинички релевантни намалувања на крвниот притисок во просек за пет милиметри од живиниот столб. Кај некои испитаници кои медитирале е забележан и многу намалено ниво на психолошки стрес.

Раководителот на истражувачкиот тим и директор на Центарот за природна медицина и превенција на Универзитетот „Махариши“, др. Робер Шнајдер наведува дека и некои поранешни студии укажувале на доброто дејство на трансцеденталната медицина на крвниот притисок и на нивото на стрес, независно од етничката припадност на испитаникот.

Ова меѓутоа, е прво контролирано клиничко тестирање кое покажало дека транцеденталната медицина ги намалува срцевите и мозочните удари и смртните случаи.

Шнајдер напоменуда дека дејството на транседенталната медицина во ова истражување било такво како испитаниците да земале новооткриен вид на лек за превенција на срцевите болести.

– Во овој случај медикаментите потекнуваат од внатрешната аптека на организмот – стимулирање на практикувањете на трансцедентална медитација, заклучува Шнајдер.

Познато е дека млекото и млечните производи, како и производите од говедско месо содржат висок удел на трансмансите кисели. Нова студија направени кај глувци покажува дека трансмасните киселини од млекото и млечните производи можат да го намалат ризикот од болести на срцето. Научниците глувците ги хранеле со храна збогатена со киселина која природно ја има во млекото и млечните производи и во говедското месо…

По 16 недели резултатите покажале намалување на нивото на вкупниот и ЛДЛ холестеролот, како и на триглицеридите. Се смета за позитивното дејствување на овие трансмасни киселини е заслужни нивните способност да го намалат производството на хиломикрони – честички кои имаат улога во транспортот на масти и кои се сметаат за важен фактор за некои метаболични нарушувања. Резултатите укажуваат дека природните трансмасни киселини се разликуваат од штетните хидрогенирани масти кои често се наоѓаат во обработената храна, која се поврзува со зголемен ризик од болести на срцето, заклучуваат авторите на студијата и додаваат дека се потребни понатамошните истражувања кои ќе ги потврдат овие резултати.

Извор: Превентус.мк

Да вежбаме или не!!!

Секој човек, без оглед на возраста, способен е за одреден вид физичка активност. Страоста никако не престанува ограничувачки фактор за вежбање.Придобивката од редовна физичка активност кај постарите луѓе се гледа во:

  • Превенција од хроничните болести на срцето и на крвотокот,
  • Намалување на ризикот од појава на висок крвен притисок.
  • Первенција од зголемување на концентарација на маснотии во крвта.
  • Подобрување на липопротеинскиот профил.
  • Намалување на ризикот од дијабетес.
  • Намалување на  ризикот од мозочен удар.
  • Корисен ефект врз автономниот нервен систем.
  • Намалување на ризикот од рак на дебелото црево.
  • Намалување на ризикот од инконтенција.
  • Намалување на прекумерната телесна тежина.
  • Превенција од појава од остеопороза.

Според сите овие податоци, да нечекаме многу, ајде на вежбање.