Вклучувањето на старите лица во самото општество е повеќе од подавање рака а воедно е  и показател дека староста не е болест, туку е дел од нашиот животоен циклус. Со старото лице треба да се постапува без да се врши дискриминација на неговата личност по било кој основ,возраст,пол,раса,етничка припадност и инвалидност, туку да се најдат начини како тие би биле корисни и неотфрлени. Македонија станува земја со старо население па затоа активно вклучување на старите лица во самото општество е од огромно значење пред се за самите стари лица како   и за нивното блиско опкружување. Активното вклуќување на старите лица може да биде во областа на:

  • Креирање на политика ,што директно влиае на нив.
  • Членување во здруженија.
  • Волонтирање.
  • Учество на работилници од едукативен и креативен карактер.
  • Организирање на прошетки,прослави и други собири за заедничко дружење и др.

Никогаш не е доцна за искажувањето на хуманоста, секој втор стар човек во општеството има потреба од помош од трето лице а дадената помош од личност од иста возраст е повеќе од разбирање и почитување.И затоа сметам дека креирањето на подобри услови  за живот на старите лица и нивното социјално вклучување во општеството е истовремено и креирање на подобра и посигурна старост за сите,затоа што еден ден сите ние ќе бидеме стари.