Сите ние сме ја слушнале изреката која умее успешно да се провлекува со години и години а со тоа да остави свој траг, белег  и проклетство  и за идните генерации.

Ми се наметнува прашањето до кога ќе ја слушаме познатата изрека “Ние нашето го поминавме сега е ред на вас младите’’?

Нашиот живот започнува од истиот момент кога  ќе се родиме, поминуваме низ повеќе фази во животот, секој од нас го поминува истиот пат  се до моментот кога нашиот кариерен развој завршува со пензионирањето. Нема човек во тие години а да не си ги постави следните  прашања:

-A што сега?

Одговорот на ова прашање е:  Сега  и вие можете да биде креативни , да се вклучите активно во општеството, да бидете дел од многуте организации, да заземете учество во креативни работилници.

-А какви се тие работилници?

Со овие  работилници секој ќе има можност да ја истакни својата креативност преку изработка на најразлични предмети од ( стакло, глина, пластика, керамика, хартија,цртење,слики) групна работа (везење, плетење, свила,изработка на плетени кукли и др.)

Има толку многу начини и можности вештите раце на старите лица да го дадат својот придонес за изработување на креативни предмети а воедно старите лица ќе се чуствуваат корисни во општеството и почитувани од истото.

Од денес би ве замолил да се користи  изреката” И ние можеме да бидеме креативни”

http://www.examiner.com/x-6152-Boston-Knitting-Examiner~y2009m10d12-Creative-crafts-help-the-elderly-in-Israel–Yad-LaKashish–Lifeline-for-the-Old

 

Read the rest of this entry »