“И ние сме креативни”

“И ние сме креативни”

Проектот е поддржан од:

Здружението Хуманост со поддршка на Домот за стари лица ”Мери Терзиева” од Февруари 2012 до Октомври 2012 година ќе го реализира проектот ”И ние сме креативни”. Со овој проект се предвидени креативни и тематски работилници секој месец за изработка на различни предмети кои се во согласност со планот и програмата на активностите во домот за стари лица ”Мери Терзиева”.Со работилниците старите лица ќе имаат можност да ја истакнат својата кретаивност преку изработка на најразлични предмети од стакло, глина, пластика, керамика, хартија и преку групна работа везење, плетење и изработка на кукли од материјали. По изработка на предметите ќе се организираат три базари каде што предметите ќе можат да се продаваат. Со собраните финасиски средства од првиот базар ќе се обезбедат средства за изработка на предмети за вториот и третиот базар. На последнот базар кои што ќе се одржи на 1Октомври собраните финасиски средства ќе бидат донирани во фондот за помош и поддршка на старите лица опфатени со проектот “Да не ги забораваме и тие се дел од нашиот живот”.

И повозрасните учат

Стотина пензионери од здружението „Универзитет Трета доба“ секој петок на Филозофскиот факултет слушаат предавања на тема што самите ја избираат. Овие средби, велат, внесуваат нова радост во нивните животи. Најстарата студентка има 82 години

Стотина се. Сите се пензионери. Мажите се избричени, костумирани, а жените – нашминкани, намирисани, дотерани, со шапки на главите. Меѓу нив има Албанци, Македонци, Роми, Турци… Сите се насмеани. Насмевките на лицата го издаваат нивниот младешки дух. Не постои старост, велат, ние сме само возрасни луѓе што му се радуваат на животот.

Овие пензионери, со години наназад, секој петок на Филозофскиот факултет слушаат предавања. Сите се членови на здружението „Универзитет Трета доба“, кое брои околу 500 члена. Самите избираат тема и професор што сакаат да им предава. Темите се селектираат во зависност од интересот на мнозинството. Сакаат да знаат за македонската историја, за востанијата, за црквите и манастирите. Овој пат изборот падна на професорката Вера Стојчевска-Антиќ, а темата што ја слушаа беше за делата на св. Климент Охридски.

– Тргнете ги чантите и палтата од клупите. Извадете ги тетратките, сега сте студенти – им се обрати Томислав Димишковски, претседателот на здружението.

Сите внимателно ја слушаа професорката, која им објаснуваше кој бил св. Климент Охридски и што значи тој за македонската историја и книжевност.

– Воодушевени се од предавањата. Се интересираат и прашуваат. Во една пригода им кажав дека макар да ги имавме единствено светите Кирил и Методиј во македонската книжевност, само со нивната ука ќе бевме извонредна држава – вели професорката Стојчевска-Антиќ

Студентите од третата доба велат дека нивните деца се најзаслужни за тоа што не стареат.

– Кога човек ќе се пензионира, се радува на успесите на внуците, синовите, ќерките, само не на сопствените. Наеднаш, човек станува осамен и се чувствува бескорисен. Затоа, едвај чекам да дојде петок, да се избричам, да се дотерам и да им кажам на блиските: „Луѓе, јас отидов на факултет“. Жив сум, корисен, исполнет – вели Димишковски.

Средбите на факултетот раѓаат и љубови. На предавањето присуствуваа неколку двојки, кои се запознале на овие предавања. Еден од нив почнал да доаѓа на факултет зашто бил во депресија, па психијатар му препорачал да се дружи со луѓе.

– Откако е со нас, човекот постојано доаѓа стокмен и среден, едноставно се препороди. Голем љубовџија е – на шега раскажуваат во здружението.

Сепак, највпечатлива е, велат, љубовта меѓу еден Ром и Македонка.

– Само да знаете колку се сакаат. Неразделни се. Но семејствата не им дозволуваат да живеат заедно, зашто се припадници на различни етнички заедници. Еднаш, жената му се налути на партнерот, па го казни со тоа што цел месец појде в село и не му се јави воопшто. Човекот ќе полудеше од грижи – раскажуваат во „Трета доба“.

Пензионерите често посетуваат манастири и цркви низ земјава. Убаво им е, велат, на тие излети. За предавањата што ги слушаат на Филозофскиот факултет, секоја година во јуни добиваат диплома од програмата за доживотно учење и активен живот во третата доба. Вакви универзитети има речиси во сите балкански држави, а најактивни се оние во Словенија и токму со нив скопскиот универзитет најмногу соработува.

Милица Јовановиќ, наставничка во пензија, е најстарата членка на скопскиот универзитет „Трета доба“ и има 82 години. Студент може да стане секој, а месечната членарина изнесува 50 денари

ГОЛЕМИ И МАЛИ

Придонес за активно вклучување на старите лица во општествотое дава Здружението Хуманост со реализацијата на  проектот “Големи и мали“со кој  се опфатени активни стари лица над 65 години кои имаат желба да се дел од овој проект  и лица сместени во домови за стари лица. Целта на овој проект е негување на традиционалните и морални вредности и зајакнување на социјалните врски помеѓу децата и старите лица.Проектот  покрај старите лица ги опфаќа и деца на возраст од 5 до 6 години,и истиот се реализира со времетраење од една година, во детските градинки ‘’Снежана’’ (општина Чаир) и ‘’25 Мај’’ (општина Гази Баба). Два пати во месецот  се одржуваат креативни и тематски работилници кои се во согласност со планот и програмата на градинките и ги покриваат темите од секојдневниот живот на децата и возрасните.Проектот е финансиски поддржан од Холандска Амбасада.

http://www.humanost.org.mk