Истражувањето спроведено на лицата во средни години сугерира дека смеењето и слушањето на омилената музика можат да придонесат за намалување на крвниот притисок. Јапонските научници од универзитетот во Осака три месеци следеле 79 испитаници постари од 40 години. На крајот од студијата слушањето музика во просек довело до намалување на крвниот притисок за 6 mmHg.По три месеци крвниот притисок кај испитаниците вклучени во т.н. терапија за смеење бил понизок за 5 mmHg. Истражувачите додаваат дека намалувањето на крвниот притисок било уште поголемо непосредно по смеењето или слушањето музика.