Јадат ќотек од синовите и снаите

Секое трето лице во земјава постаро од 65 години трпи некакво насилство, а освен партнерот, речиси една третина од синовите и снаите ги тепаат овие лица. Половина од снаите ги запоставуваат свекрвите, а сексуално насилство се врши над 1,5 отсто постари жени. Ова се резултатите од истражувањето за застапеноста на насилството врз старите лица во Македонија, кое врз 960 лица го спроведе Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, во соработка со Светската здравствена организација.

Иако има 733 пријави за семејно насилство годишно, а 103 се од постари лица, тоа не се реални бројки зашто само 22 отсто од жртвите го пријавуваат насилството, додека 27 отсто воопшто не реагираат.

– Според една четвртина од испитаниците, најчеста форма на насилство е психолошката злоупотреба, потоа финансиската, а физичката злоупотреба и повредите се присутни со 9 отсто – Димитринка Јорданова-Пешевска од канцеларијата на СЗО.

– При истражувањето, наидовме на случај на жртва која трпи насилство, а иако побарала помош од институциите, не успеала да биде заштитена од ниедна! Најмалку жртви на насилството има во Скопскиот регион, а најмногу во Североисточниот, Југоисточниот и во Полошкиот – предупреди Мирјана Марковиќ од Институтот за политичко-правни и социолошки истражувања.

Шефот на канцеларијата на Светската здравствена организација во Скопје, Марија Kишман, рече дека за постарите лица треба да се укине партиципацијата за болничко лекување, а да им се овозможат повеќе рецепти за лекови, но и бесплатни вакцини против грип.

– До 2050 година околу 33 отсто од населението во земјата би имало над 60 години, според ОН. Најстаро е населението во Пелагонискиот регион – 20,8 отсто, а најмладо е во Полошкиот регион – 12,2 отсто – нагласи Kишман.

Во земјата има само четири установи за сместување стари лица и само еден дневен центар во Скопје.

– Работиме на отворање на повеќе центри во Скопје и во другите градови, а со Националната стратегија се планира и изградба на нови домови за стари лица. Со проширување на мрежата на засолништва ќе се унапреди системот на заштита и згрижување на жртвите – рече министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

Министерот за здравство Никола Тодоров не одговори конкретно дали ќе биде укината партиципацијата за болничко лекување на постари лица ниту дали ќе се обезбедат бесплатни вакцини.

www.dnevnik.com.mk

Измама на старите и изнемoгнати лица

Старите и изнемогнати лица измамени од лажна студентка на медицина.

За повеќе кликнете тука

На 23.09.2010 беше одржан експертски семинар на тема” Првенција од насилство врз старите лица” кои беше ораганизиран од Министерството за труд и социјална политика на Р.Македонија во соработка со Амбасадата на Австрија и Сојузното министерство за труд,социјална политика и заштита на потросувачите на Р.Австрија.

На семинарот беа офатени повеќе теми и тоа:

  • Насилство врз старите лица
  • Национална Стратегија за старите лица 2010-2020 во рамките на Социјална политика за старите лица.
  • Форми, причини и конкретни примери на насилство врз старите лица.
  • Првенција од насилство врз старите лица во рамки на Нациналната стратегија за семејно насилство 2008-2011 на Македонија.

На овие теми свое излаганје пред присутните  имаа Министерот за труд и сиоцијална политика на Р.Македонија, преставник од Амбасадата на Австрија и претставник од Сојузното министерство за труд, социјална политика и заштита на потрошувачите на Р.Австрија

Лиценца Криејтив комонс
Ова дело е лиценцирано под Creative Commons НаведиИзвор-БезИзведениДела 3.0 Unported License.

Злоупотребата  на стари лица во заедницата e во голема мера e непризната.

Злоупотребата на старите лица  генерално е “скриена”, бидејќи на старите лица им е  срам да признаат дека тие се малтретирани.

Злоупотреба на стари лица опфаќа:

Физичка злоупотреба (повреди , болка , физички принуди),

Психолошки или емоционална злоупотреба како и  сексуална злоупотреба

Последиците од злоупотребата можат  да бидат  особено сериозни.

Старите лица се физички послаби, а нивните коски се повеќе кршливи и за нивното закрепнување е потребно подолго време, дури и најситни  повреди можат да имаат сериозни и трајни последици.

Злоупотреба  на старите лица  најчесто се јавува во рамките на семејството но не е исклучена и можноста за злоупотреба на старите лица и во институциите(домови,болници,центри)

Во многу случаеви злоупотребата на жените е поголема од мажите бидејќи  тие се послаби  и по емоционални  од мажите – правејќи ги повеќе ранливи на злоупотреба, но не се исклучува и фактот дека и мажите исто така се на ист ризик од злоупотреба.

Намалување на злоупотребата на стари лица може да се постигне преку:

Подигање на  јавната свест и тоа преку :

  • спроведување на кампања против злоупотреба на старите лица.
  • Организирање на  обуки и  работилници за постарите лица
  • Организирање на обуки на стручниот тим доктори, медицински сестри, социјални работници, психолози и негователи.

Крајните резултатио би биле:

Потикнување и охрабрување на старите лица за рушење на предрасудите и пријавување на злоупотребата, препознавање на стручните лица (доктори,социјални работници и психолози) на злоупотребата кај старите лица како и подигање на нивото на услугите на вработените во самите институции.

Постои ли злоупотреба на старите лица во Македонија?

Прашањето останува отворено и очекувам ваши кометари.