http://v2plusinfo.cfd.mk/small_pics/2012/06/30/kompir-izgorenici.jpg

Доколку и покрај предупредувањата на лекарите се одлучите да излезете на сонце во периодот кога најмногу пржи, ќе ги почувствувате последиците од тоа. Кожата ќе стане црвена, проследена со болки, но и ќе ве чеша и пече.
Освен испробаните рецепти (ставање облози од ледена вода, смирување на кожата со помош на алое вера, јогурт, камилица…), еве уште неколку продукти кои ќе ви ја излечат кожата.
Ако црвенилото како последица од сонце се појавило на лицето, сварете компир и излупете, испасирајте го и измешајте го со кисело млеко. Смесата држете ја на лицето 15-20 минути. На изгорениците можете да ставите маска од еден изрендан свеж компир и да ја држите околу половина час. Свежата лушпа од излупениот компир е мошне лековитата бидејќи има антибактериски својства.
Натопете газа во масло од лаванда, и ставете ја на загрозената површина. Постапката повторувајте ја неколку часа. Станува збор за одличен антисептик, кој ќе ја ублажи болката.
Три лажици суви цветови од кантарион прелијте ги со 2 децилитра масло во стаклен сад, добро затворете го и после 10 дена процедете го низ газа.
Ако изгорениците се поблаги, нанесете на нив пченкарно брашно и болката ќе се смири, или пак, од вода и од истото брашно направете тесто и нанесете го директно на изгорениците.
Измешајте мала шолја немасно млеко и четири мали шолји вода, додадете во тоа неколку коцки мраз. Облозите држете ги на кожата 15-20 минути и постапката повторувајте ја на секои три часа.

K.A.