Комбинација од антиоксидантни суплементи и упорен тренинг може да заштитат од губење на коскената маса кај постменопаузални жени, според една нова канадска студија…

Жените кои примаат комбинација на витамин Ц и Е и истовремено вежбаат не почувствувале губење на коскената маса во периодот од 6 месеци,за разлика од жените кои примале плацебо и почувствувале хендикепирачка загуба на коскена маса, според наодите публикувани воOsteoporosis International.

“Oвие резултати се интересни бидејќи ова е прва студија која ја проучува комбинацијата на овие интервенции кај здрави возрасни жени сугерирајќи уште една ефективна стратегија за одложување на губењето на коскената маса – Bone Mineral Density (BMD), поврзана со староста“, наведуваат истражувачите, предводени од Isabelle Dionne, PhD, од University of Sherbrooke.  Како и да е, истражувачите предупредуваат дека, со оглед на тоа дека ова е пилот студија, би било несоодветно да се донесуваат  “официјални нутриционистички препораки.“

“Понатамошни испитувања се потребни за да се одредат соодветните препораки за оваа популација особено бидејќи исхраната и вежбањето се две ефективни и достапни стратегии за одржување на здравјето кај постарата популација,“ наведуваат истражувачите.

Околу 75 милиони луѓе страдаат од остеопороза во САД, Европа и Јапонија. Жените имаат четири пати поголеми шанси за развој на остеопороза отколку мажите.

Dionne и нејзините соработници вклучиле 34 постменопаузални жени со просечна возраст од 66.1 година и просечен индекс на телесна маса – BMI од 25.98 кг/м2 и по случаен избор ги распоредиле во четири групи: плацебо без вежбање; антиоксиданти (600 мг витамин Е di-alpha-tocopherol и 1000 мг витамин Ц) без вежбање; плацебо со вежбање и антиоксиданти со вежбање, во период од шест месеци.

Мерењето на минералниот коскен дензитет – bone mineral density (BMD) на колкот (вратот на фемурот) и лумбалниот ’рбет покажале дека само групата со плацебо без вежбање почувствувала  значителна загуба на коскената маса во предлот на лумбалниот ’рбет. BMD на двете страни останал константен кај сите други групи.

Коментирајќи на можниот механизам, Dionne и нејзините соработници изјавиле дека претходната студија индицирала намалување на коскената ресорпција после антиоксидантна сумплементација.

“Антиоксидантите може да го намалат оштетувачкиот ефект на оксидативниот стрес на коскената маса преку намалување на покачената (up-regulated) диференцијација на остеокластите и зголемување на намалената (down-regulated) диференцијација на остеокластите,“ наведуваат истражувачите. Остеокластите се клетки кои ја разградуваат коската, доведувајќи до ресорпција и нејзино ослабување.

д-р Дарко Стојановски, доктор на медицина

Извор: Превентус.мк