Дуњата е одамна позната во народната медицина и се користи првенствено како средство за ублажување на кашлица и смирување на стомачни тегоби. Најлековито е нејзиното семе, кое, кога ќе отстои во вода, ослободува слуз кој помага кај проблеми со кашлица…

Слузот, кој се добива од семето од дуња може да се користи за смирување на помали изгореници. Сокот од дуња е, исто така, лековит и се користи за подобрување на слузокожата на усните и на желудникот. Се користи и против дијареа кај деца.

Еве некои домашни лекови кои се направени од дуња, а кои се многу корисни…

 

Сируп за бронхитис

Издробете 5 гр. семе од дуња и прелијте ги со 100 мл. вода. Кога ќе се направи густа смеса, додадете 15 гр. свеж сок од боквица и 100 гр. мед и малку жалфија. Земајте по една лажичка три пати на ден пред јадење.

Балсам за изгореници

Издробете 10 гр. семе од дуња, прелијте го со 200 мл. вода и почекајте да се создаде лигава маса. Намачкајте го болниот дел од телото или користете го балсамот како облога.

Засладувач

Измелете килограм дуњи, исцедете го сокот, а потоа додадете 2 килограми шеќер и варете кратко време. Сипете го во стерилизирани шишиња и користете го за засладување на чаеви за ублажување на бројни тогоби и болести.

Сок за желудник

Измијте и ситно изрендајте килограм дуњи, а потоа исцедете ги низ газа. Испијте го сокот веднаш бидејќи брзо оксидира. Најдобро е да се пие пред јадење.

Извор: Преветус.мк