Алое Вера за јак имунитет

Алое Вера е растение кое се наоѓа во тропските и суптропските преддли, и припаѓа на семејството лијани, а не на кактуси како што изгледа а и како што ние повеќето го викаме…

Растението е без стебло, со сабјести листови од должина од околу 75-120 см., со светло зелена боја кои се назапчени по краевите и образуваат форма на ружа во средината со дршка на која на врвот се наоѓа цвет во жолта или црвенкаста боја.

Постојат повеќе од 200 видови на Алое но најкорисно лековито е Алое Барбаденсис Милер (Алое Вера). Името го добива по ботаничарот Милер кој го открил Алоето на островот Барбадос. Алоето се споменува уште во Библијата, а легендата раскажува дека Алоето го користел и Александар Македонски за лекување на своите војници, освојувајќи го островот Сокотра во Индискиот океан каде го имало растението во големи количини.

Континуираната употреба на лекарствата доведе до големи контраидикации кај луѓето при лекувањето од многу болести, па затоа корисниците и научниците се вратија кон користење на алтернативната медицина со што ќе го приближат човекот до што поприроден начин за спречување на појава на многу болести, како и на нивно лекување.

Така доаѓа до откритието на алое вера и благодетите што ни ги дава ова растение за подобро здравје. Со стабилизацијата на гелот, кој се наоѓа во внатрешноста на листот, се успеа да се доближи до човекот идентичен гел како свеж откинат од растението.

Повеќе од десетина години се испитуваат лековитите материи што ги содржи алоето и за среќа на човештвото се откриени повеќе позитивни резултати.

FDA (Food and Drug Administration) – прехрамбената и фармацевтската лабараторија го одобри користењето во лечење на заболувањето на очите, во спортската медицина, стоматологијата и за интерна употреба. При тоа треба да знаеме дека смериканската FDA е една од најстрогите институти за контрола на храната и лековите во светот.

Во внатрешноста на листот, се наоѓа гелот кој содржи преку 200 корисни материи.

Така во внатрешноста на листовите на алое вера има:

  • витамини (бета каротин, Б1, Б2, Б3, Б6, Б9, Б12, и антиоксидантите Ц, Е);
  • минерали и олигоелементи, како: фосфор, магнезиум, калиум, натриум, железо, бакер, хлор, манган, хром, цинк;
  • моно и полисахариди: целулоза, гликоза, маноза, алдонентоза, алиназа, рамноза, ацеманан;
  • шеќери: муко – полисахариди, кои делувааат врз имунолошкиот систем и помагаат за детоксификација;
  • од 8 есенцијални аминокиселини содржи 7, а од 14 неесенцијални аминокиселини содржи 11 ;
  • ензими: аналгетик, антифлогистик, имуностимулатор;
  • растителни стероли: три видови кои делуваат како моќни антиинфламаторни агенси;
  • сапонини: моќни антимикробски ефект против бактерии, вируси, габички и воспаленија како кандида.

Со количеството на корисни витамини и минерали алоето ја делува имуностимулативно на човечкиот организам.

Со почетокот на внесување на алоето преку дигестивниот тракт, помага кај варењето на храната, абсорбција на хранливите материи, витамини и минерали. Го зајакнува имунолошкиот систем во смисла на одбрана од многу болести и го подобрува дејството на лековите во организмот. Го нормализира функционирањето на организмот и целокупниот систем на органите без токсични појави и дополнителни нус појави. Алое вера го дополнува во организмот тоа што недостасува со исхраната, делува како имуностимуланс, како антиоксиданс и има специфични дејства кои сегашната медицина не може да ги објасни.

Лековитите својства на алое вера се познати уште од античките времиња. Неа ја употребувале старите Египќани, а во тропската Африка се користела како противотров од убодите на отровните стрели. Старите Грци и Римјани ја применувале за заздравување на раните. Исто така, таа се користела и заради благотворното дејство врз системот за варење. Алоето е природен лаксатив кој дејствува како тоник на желудникот.

Денес, алоето има широка примена, особено заради својството да ги лекува изгорениците предизвијани од УВ зраци и радијација.

Сокот од листовите на алое е одлично средство за прочистување на цревата и е многу корисен во случај на запек.

Покрај тоа, алоето е идеален во домашни услови како прва помош за изгореници и рани, гелот од алое вера се употребува и при габични инфекции, а помага и при воспалувања на вените.

Гелот од алое вера се користи и во лекување на чиревите и инфекциите на устата.

Алое вера го јакне одбрамбениот механизам кај човекот, т.е. го зајакнува имунитетот, а со тоа помага за одржување на здравјето кај човекот.

Извор:Превентус.мк

Празот го јакне имунитетот

Празот и неговите „сонародници” – лукот и кромидот – содржат тиосулфонати, кои со сечењето или дробењето на зеленчукот преминуваат во сулфиди. Овие елементи дејствуваат како природни антибиотици, го намалуваат крвниот притисок, го јакнат имунолошкиот систем, го намалуваат холестеролот и имаат улога во превенцијата од малигните заболувања…

Ги содржи витамините Ц и Б6

Празот е исклучително добар додаток на супи, сам или во комбинација со друг зеленчук. Со оглед на тоа дека е во групата заедно со лукот, поседува слични карактеристики, но со значително поблаг вкус и мирис. По нутритивниот состав сличен е на своите „сонародници”, но со нешто повеќе белковини, бета-каротин и витамин Ц.

Свежиот праз е одличен извор на манган, а добар извор е на железо, на фолна киселина и на витамините Ц и Б6.

Затоа што со подготвувањето се намалува количеството витамини и минерали, зготвениот праз станува добар извор на манган, а просечен извор на железо, на фолна киселина и на витамин Б6.

Ја обновува цревната флора

Празот е драгоцен поради својата содржина на органосулфурни компоненти, фитохемикалии кои се разликуваат кај поединечни групи зеленчук и секоја од нив има позитивен ефект врз здравјето.

Фитохемикалиите, често наречени и фитонугритиенти, се биолошки активни молекули кои во соработка со витамините и со минералите позитивно влијаат на здравјето. Тие имаат способност да го модулираат метаболизмот на организмот и на тој начин да направат превенција од појава на малигни заболувања. Имаат и заштитно дејство бидејќи ги зацврстуваат и ги подобруваат одбранбените механизми во организмот. Празот може да се јаде свеж или подготвен што не ја намалува вредноста на фитохемикалиите, иако одредена загуба на микронутритиенти со кулинарска подготовка не можеме да избегнеме. За да се спречи изразена загуба на драгоцени состојки при готвењето, се препорачува празот (како и другите видови зеленчук) да го ставите во врела вода наместо во ладна.

Ако сакате на организмот да му овозможите најмногу што можете разновидна исхрана, секако, тоа подразбира дневно внесување од три до пет оброка зеленчук во кои повремено мора да го вклучите и празот без разлика дали станува збор за свеж или за готвен зеленчук, дали е смрзнат или конзервиран. Еден оброк со зеленчук може да се состои од едно филџанче свеж лисест зеленчук, половина филџан со други видови зеленчук (свежи или варени), три четвртини од филџанот сок од некој зеленчук. Празот е многу богат со етерични масла, кои во дигестивните органи го поттикнуваат излачувањето на дигестивните сокови, а добро влијае на лачењето урина. Во рана пролет се користи за прочистување на организмот, ја обновува цревната флора, а има и благо лаксативно дејствување.

Внимавајте на цврстината и на бојата

Празот може да се најде на пазарот во есен и во пролет, а при купувањето внимавајте на неговите цврстина и боја. Белиот дел на допир треба да биде цврст и без дамки, а зелените листови со силна боја и блиску прилепени. Празот купувајте го кога знаете дека ќе го користите, а доколку не го употребите веднаш, исечете ги врвовите на листовите и чувајте го во ладилник во делот за зеленчук или на ладно место неколку дена.

 

Избор:Превентус.мк