Не смеете да дозволите староста да ве исплаши, треба да живеете и да творите и во неа – раскажуваат старите лица од домот „Мери Терзиева“.

Симпатичниот дедо Џевад е еден од најпозитивните луѓе кој ќе ви раскаже за староста како нормален дел од животот – како што вели се што ќе проживеете не смее да ве плаши.

„Не смеете да дозволите староста да ве исплаши треба да живеете и да творите и во неа“, вели Џевад Алибеговски.

Џеавад и сопругата Цвета се заедно во домот тука прославиле 50 години брак. Тој е од Кавадраци, а тетка Цвета од Неготино двата града најголеми ривали, но нивната љубов во тоа време ги споила и роднините и градовите, а откако се во домот со нивната позитивна енергија ги споиле и станарите во старскиот дом „Мери Терезиева“.

На гости дојдоа Вера, Костадинка и Васка од домот „Мајка Тереза“, неразделни пријатели – вредни и креативни, од парче волница прават вистинска магија од облека до украси. Со посебен мерак раскажаа како живеат дека им е убаво и секако животните приказни.

„Има многу луѓе што овде го продолжуваат љубовниот живот, има и такви чекори“, рече Вера Цветановска.

Но, не само да се преживее тука и на старост човек може да се заљуби, има многу емоции во домот.

Нашите нови пријатели не поздравија и испратија порака дека не треба да се плашите од староста, тука бидете активни и да се дружат сите без разлика на годините.

Мирјана Мирчевска Јовановиќ Канал5 ТВ