Цимет-природен лек

imagesНеколку студии покажаа дека циметот има антисептички својства и ги убива бактериите…

Како да го користите: за да направите чај, измешајте пола лажичка цимет во прав со една чаша зовриена вода. За лош здив, измешајте го со ладна вода и употребувајте го за плакнење на устата. Циметот, исто така, може да се користи и за дезинфекција на рацете, обично во форма на етерични масла.

Внимание: циметот содржи кумарин кој може да ги оштети црниот дроб и бубрезите, ако внесувате големи количества. Во мали количини потполно е безопасен.

 

Izvor Preventus.mk

Околу 60% од старите лица во Македонија живеат сами или со брачниот другар. Во албанските, турските
и ромските семејства старите лица најчесто живеат со своите деца во проширени семејства. Со изразени
проблеми во однос на домувањето се издвојуваат следните категории на старите лица: немоќни лица кои
живеат сами или со брачниот другар; стари лица кои живеат во оддалечени/непристапни рурални средини и
Роми кои живеат во три или четири генерациски семејства.
Старите немоќни лица кои живеат сами или со брачниот другар, најчесто живеат во сопствени живеалишта
(куќа или стан) и претежно сами ги задоволуваат своите потреби. Но, непостоење на помагала во стамбениот
простор и одржување на домот (поправки и хигиена), недоволно зајакнатат мрежа на алтернативни сервиси
за задоволување на нивните потреби, отсуството на превентивни програми и некоординираноста на службите
на национално и на локално ниво, им ја намалуваат можноста за самостојно живеење и задоволување на
своите потреби.
Особено тешки се животните условите на старите лица кои живеаат во изолирани рурални средини. Тие
најчесто живеат во стари и трошни куќи со водовод и санитарен чвор надвор од објектот, а огревното дрво
го собираат сами преку летото. Дополнтелно, изолираноста на овие средини и немањето на јавен превоз го
отежнува нивниот пристап до информации и задоволување на нивните потреби (социјална и здравствена
заштита). Пензионерите и оние кои примаат парични средства од своите деца во овие средини, најчесто
средствата не ги добиваат по пошта или на рака, туку мораат да ги подигнат од некој дуќан, училиште и сл.,
каде ги остава поштарот при што се отежнува нивната достапност, но исто така се зголемува и ризикот по
однос на безбедноста на овие лица.
Вообичаениот начин на живот на Ромите во проширени семејни зедници, како и ограничениот простор
за домување со услови за живеење под минимумот, исклучително неповолно се одразува врз состојбата на
оваа категорија на стари лица. Од вкупното старо население што живее во општината Шуто Оризари 8% од
старите лица живеат во еднгенерациски семејства (сами или со брачниот другар), 11% во двогенерациски
семејства, 69% во трогенерациски и 14% во четиригенерациски семејства11. Тие во текот на летото вообичаено
престојуваат на отворено, во дворовите, а останатиот период од годината го делат и онака минималниот
простор за живеење (една до две простории) со останатите членови на семејството.

Повеќе

Институтции за стари лица

Во третата доба од својот живот многу стари лица остануваат сами во своите домови или најчесто нема кој да се грижи за нив. Им недостасува и помош и грижа од други лица. Им недостига убав збор и некое насмеано лице за разговор. Ако се снемоштени, им треба нешто вкусно и убаво да каснат за закрепнување. На некои им е потребна и помош и околу одржувањето на хигиената, земањето на терапијата, но најмногу од се’ им недостасува дружење со луѓето. Затоа голем дел од старите го наоѓаат сето ова во домови за стари лица. Покрај државни домови во Македонија постојат и приватни домови. Во посета на еден приватен дом кој се наоѓа во општина Аеродром, станува збор за приватниот дом за стари лица Мери Терзиева и целта на посетат е колку и како старите лица се задоволни од услугата и колку старите лица се социјалилизираат.

Во прилог ви го прикажувам писмото кои баба Цвета и дедо Џевад го напишаа. Писмото доволно кажува  за задоволството и одговорот кој го барав.

УЖИВАМЕ ВО ГОСТОПРИМСТВОТО НА ДОМОТ ЗА СТАРИ ЛИЦА “МЕРИ ТЕРЗИЕВА“ ВО н.АЕРОДОРМ ,СКОПЈЕ

Јас дедо Џевад, мојата сопруга баба Цвета, на 84 годишна возраст, уживаме во гостопримството на оваа куќа,дом.

Еве како дојдовме , во овој ВИСТИНСКИ дом за стари лица, веќе неколку години сме пензионери со мојата сопруга, таа бивша учителка, јас бивш лекар. И двајцата работевме на работни места на кои имавме постојани конатакти со луѓе. Пензионирањето ни го ускрати тоа задоволство. Баравме излез од самотијата која не обземаше со смалување на контакти со луѓето. Нашите чеда станаа возрасни луѓе со свои семејства, удомени, со свои секојдневни обврски. Нашите пријатели исто така се соочуваат со старачки проблеми, а многумина за жал ги нема меѓу живите.

Баравме средина со повеќе луѓе и контакти, спремни да ни помогнат не само во самотијата, туку и во нашите здраствени проблеми, кои со годините се зголемуваа. Ни беа посочени старечки домови, поблаго кажано домови за стари лица. И тргнавме по потрага. Патот не доведе пред вратите на овој дом каде што сме сега.

Ова е вистински дом за стари лица , ова е вистински дом и навистина за стари лица. Се уверивме во кажувањето  на многумина кои ги користеле услугите и удобствата на овој дом. Овде старите лица ( бабите и дедовците) ги задоволуваат  сите свои потреби. Овде има исхрана,соодветна на здраствената состојба, општа и лична нега и хигиена на високо ниво, висока човечка комуникација, со високо човечки хуман однос, стручен и професионален однос на лица сос постојана насмевка, дружење на лица со иста или приближно иста возраст и проблеми, постојана секојдневна лекарска грижа за здравјето, секојдневни разговори и контакти со психолог, социјален работник, физиотерапевти, медицински персонал, вработени во кујна, сите останати кои се грижат за нас и хигиената и другите.

Секојдневно  се следи здраствената состојба на корисниците на услугите, од топот на мерење на притисок, лабороториски анализи, а по потреба ЕКГ,ЕХО и др. Медицински услуги. По потреба се користат услугите на специјалисти кои се надворешни соработници, а во случаи да треба да се користат услугите на други медицински установи со сопствено санитетско возило домот го врши транспортот. ( Оваа посебно го нагласувам бидејќи сум од струката и знам што значи брзата интервенција во овие случаи, а и лично доживеав тоа)

Она што на стар човек најмногу му значи , тоа е односот кон него, а тоа овде  најмногу го има. Овде сите стари лица се насмеани, а онаа што станало професионалност е деминутивот на имињата  или ословување со порекарите од милост ( Баја, Станче,Цаци,Вики,Данче,Снеже и уште могу ци,ки,ца,же,ре..кои работаа овде.

Како да го најдете овој дом? Пааа.. во населба Аеродром, нема човек кој не ќе Ви помогне. А јас ќе дадам еден патоказ, дојдете во оваа населба, прошетајте по кејот на Вардар. Ќе наидете на еднокатница во пријатна зелена боја, на самиот кеј. Влезете и тука ќе  ве пречека насмеаното  лице на вработените за прием во приемниот дел кој наликува на хотел од висока категорија. Од приемнот лево и десно се собите.Исто така и на горниот кат. Собите се двокреветни со ВЦ, а напред е трепезаријата со шанка за кујната каде се приготвуваат најубавите јадења, како дома.

На крајот на ходникот лево има симпатична просторија со повеќе маци и удобни столови, каде се дружиме, гледаме телевизија, разговараме. Од трпезаријата се излегува на една прекрасна бавча-тераса со маси, столчиња и чадори за сонце кои штитат телото од сонце.

Глетката од терасата ве води во насмеаното зеленило од цвеќиња, ниски зелени дрвца, високо насмеани дрвја со дебели сенки и зелена ограда која ве оградува од пешачката патека на кејот на Вардар. Вардар ви е составен дел од овој посебно убав видик. Овде на оваа тераса можете да одмарате , да се помладувате, да се благоштевате што сте дошле тука  во оваа убавина и овој излет во  насмеаното зеленило на Скопје и Вардар.Овде ќе ги рекапитулирате доживеаните убавини во денот и ќе посакате да си стегнете сам на себе рака што сте дошле на поседок во овој дом и да си замерувате што не сте го направиле тоа порано.

Повелете уверете се! Нека ви е пријатен престојот!

Дедо Џевад и баба Цвета

<a rel=”license” href=”http://creativecommons.org/licenses/by/2.5/mk/”><img alt=”Creative Commons License” style=”border-width:0″ src=”http://i.creativecommons.org/l/by/2.5/mk/88×31.png” /></a><br />This work is licensed under a <a rel=”license” href=”http://creativecommons.org/licenses/by/2.5/mk/”>Creative Commons Attribution 2.5 Macedonia License</a>.

Основен критериум при утврдувањето на условите за остварување право на старосна пензија е возраста и постоење на минимум навршен пензиски стаж. Условите за стекнување право на старосна пензија се уредени со законот за пензиско и инвалидско осигурување и тие се: 64 години живот за маж и 62 години живот за жена и најмалку 15 години пензиски стаж. Потребата од зголемување на старосната граница е резултат на демографските трендови, односно зголемување на очекуваното траење на животот на населението, а со тоа и на очекуваното времетраење на користење на пензијата. Според овие услови се постигнува одредена усогласеност помеѓу користење на пензијата приближувајќи се до европските стандарди во однос на времетраењето на користењето на пензијата помалку од 14 години.

Од пензискиот систем трајно се изостави можноста правото на старосна пензија да се остварува само со навршување одредени години на пензиски стаж, без оглед на возраста. Исклучок, од ова догорочно системско решение е преодната одредба од членот 30 според која осигуреникот (жена) која на 1 септември 2000 година имала најмалку 28 години пензиски стаж, односно (маж) најмалку 33 години пензиски стаж, право на старосна пензија да можат да остварат со навршување на 35 години, односно 40 години пензиски стаж, без оглед на возраста. Овој услов за стекнување право на старосна пензија се применува до 1 септември 2007 година.
Повеќе на : http://mtsp.gov.mk/?ItemID=5AC92DFC3D153045BDD5756409A5F098

Што можеме ние!!!

Зголемениот број на постари лица, всушност претставува и зголемување на барањата на јавниот здравствен систем, како на медицинските така и на социјалните служби.  Потребите на старите лица се карактеристични и главно се однесуваат на нивното здравје, смиреноста и достоинственото живеење, психолошката благосостојба (вклучувајќи ги рекреацијата и социјалното вмрежување), зголемена продуктивност (со или без економски добивки) и нивна лична безбедносност.  На постарите лица, им е потребна и психо социјална поддршка  а не само медицинска нега, а тоа се постигнува со самото нивно социјално вклучување  во  општеството.

Во Р. Македонија сеуште не се донесени стратегиите за заштита на старите лица односно стратегиите во областа на борба против сиромаштијата и социјалната заштита.

Не ни преостанува ништо друго освен со кампањи наменети за старите лица,  да се подигне свеста кај населението за можните начини и форми на грижа, како старите лица би можеле да се вклучат во општеството, истражувања и изнаоѓање на решенија на проблемите со кои се соочува постарата популација со цел  да се подобри квалитет на живеење на постарите лица. Секој од нас еден ден ќе биде стар, затоа е време е да се направи нешто корисно, нешто што ќе остане и за идните генерации.

Со старите лица треба да  зборуваме  за вистинскиот живот , животот во кој тие живеат, животот во кој што и ние живееме.  Така ќе останат вклучени во се она што се случува денес!

Останува прашањето: Што можеме ние?

Одговорот лежи во сите нас!

Очекувам одговорите да ги споделиме меѓу сите нас, како идни двигатели и показатели за промена на животот на нашите најмили!

 

Ризици,состојба и мерки

Актуелните состојби и досегашните мерки укажуваат на тоа дека:

  • Пензискиот систем во Р. Македонија  е трансформиран од систем на генерациска солидарност во тростолбен систем.
  • Фондот за пензиско и инвалидско осигурување обезбедува пензии за над 60% од популацијата постара од 60 години ( 53,44% од вкупниот процент на корисници на пензии  се носители на право на старосна пензија). Мал број ( 8,22%) стари лица кои не добиваат пензија го оставриле правото на постојана парична помош.
  • Во Р.Македонија се многу ретки истражувањата на старата популација , односно пензионерите.
  • Исклученост од пензискиот систем на стечајните работници, сопруги на руралните земјоделци, членови на одредени етнички групи ( како Албанци ) како и ранливи етнички групи ( Роми) со несоодветно работно искуство.
  • Ниските пензиски приходи последевателно доведуваат до несоодветна здраствена заштита  на пензионерите  кои неможат да ги покријат трошоците кои произлегуваат од партиципацијата  за лекови и здраствени услуги.

Мерки

  • Дополнување на Законот за локална самоуправа со одредба за обезбедување на грижа за старите лица  (  Отварање на мали дневни центри за стари лица).
  • Обезбедување на патронажна  служба за помош и нега на стари лица во нивниот дом.
  • Се очекува бројот на лицата кои немаат остварено право на пензија по основ на работен стаж , да се зголеми во најблиска иднина. Затоа , се предлага овие стари лица да бидат   вклучени во системот на социјална заштита и за нив да се обезбеди социјална парична помош на ниво на минимум на социјална егзистенција во Р.Македонија.
  • За старото население се предлага намалување или укинување на паритципацијата за лекови и здраствени услуги , посебно за оние лица кои се над 70 годишна возраст и имаат супстандардна пензија, проширување на позитивната листа на лекови и обезбедување доволно количини на лекови од позитивната листа во аптеките, како и друг вид на дирекна помош доколку се смета ќе овозможи доволен пензиски приход, соодветен за животниот стандард на старите лица.

Предходно  ги набројав правата на вонинстуционална  социјална заштита, и накратко опишав зашто е толку потребна вонинстуционална  социјална заштита, но сега би  ја опишал поопширно таа потреба. Спомнав дека со воведување на ДСГ(Дијагностичко-сродните групи) со која се скратува престојот на пациентите во болница, негата од болнички услуги се префрла на нега во домашни услови од страна на семејството. Направено е истражување од страна на ЦИКП (Центар за истражување и креирање на политики), www.crpm.org.mk со кое се утврдува дека еден член од семејството просечно поминува од 5 до 8 часа дневно во давање на нега на болниот член. Меѓутоа најчесто оваа нега не е дадена од стручно лице и услугата кои што ја дават членовите од семејството е бесплата а реално на пазарот таа услуга чини 10.000,00 денари.Сигурно секој од нас се прашува како да се организира добро вонинстуционалната  социјална заштита и кои се чекори треба да се преземат.

Првата и најосновната работа е добра координација и донесување на добра стратегија од страна на општините и централната власт, потоа отварање на повеќе  центри и сервиси за нега во домашни услови на општиско ниво,дневни клубови,хоспис служби и др.

Услугите  во овие центри,клубови и хосписи би можеле да бидат организрани од  стреана на невладини организации, но сепак се поставува прашањето како ќе бидат финансирани истите.Во Хрватска,Словенија и Унгарија овие услуги се финансирани од страна на централната власт и општините и мал процент доплаќаат и самите корисници на услугите ( може да се  види од документарниот филм изработе од ЦИКП и истиот се наоѓа на веб стараната ) ), www.crpm.org.mк Но сепак јас би се фокусирал каква е ситуацијата во Р.Македонија.

Во Р.Македонија како прво сеуште немаме Центри за нега,немаме донесено конечна стратегија за социјалната заштита односно начини на  финансирање на  овие центри или пак сервиси за нега и како истите би се развивале  во иднина.По гледањето на документарниот филм наидов на информацијата за  единсвена невладина органозација која е пионер во областа на вонинстуционалната  социјална заштита  Хуманост, и отварањето на првиот Сервис за нега во домашни услови коко проект кои што траел шест месеци и истот делувал на подрачје  на Општина Аеродорм.Сервисот опфакал 37 корисници,и биле опслужувани од стручен тим (доктор,сестра,социјален работник,психолог,физиотерапевти и негователи) кои од понеделник до петок ги пружеле услугите на овие корисници и исите услуги за корисниците биле бесплатни.http://www.humanost.org.mk

Едно е сепак сигурно дека во блиска иднина би  требало да се организираат  повеќе вакви сервиси и центри во Р.Македонија. Искрено се надевам дека сите заедно би дале свој личен придонес  во оваа област ,а со тоа на извесен начин би се  задоволиле  потребите на страите лица.

ВОНИНСТИТУЦИОНАЛНАТА ЗАШТИТА

Вонинституционалната заштита ги подразбира следниве права:

– Прва социјална услуга на корисници на социјална заштита

Правото на прва социјална услуга на корисниците на социјална заштита, опфаќа уочување на проблемот кој произлегува од состојба на социјален ризик, укажување на корисникот на можните решенија, услуги и средства за негова заштита, како и мрежата на установи за давање услуги.

– Помош на поединец

Правото на помош на поединецот, подразбира примена на форми на стручна, советодавна или советувалишна работа, со која му се овожможува стекнување на потребни информации, оспособување за самостојно одлучување, зачувување и развој на социјалните потенцијали.

– Право на домашна нега и помош

Правото на домашна нега и помош, се обезбедува на старо, изнемоштено и лице со телесна попреченост, кое не е во состојба да се грижи за себе и му е потребна нега и помош во задоволувањето на егзистенцијалните потреби. Домашната нега и помош на лице се обезбедува и кога тоа живее во семејство.

– Право на дневно и привремено згрижување како помош на поединец и семејство

Правото на дневно згрижување, се обезбедува и на стари и изнемоштени лица преку услуги во врска со исхрана, дневен престој, културно-забавни активности, одржување на хигиена.

Правото на дневно згрижување се обезбедува и за лица со умерени и тешки пречки во интелектуалниот развој и на телесно попречено лице кое не може само да се грижи за себе.

Ова право се обебедува и тогаш кога лицето живее во семејство.

– Право на сместување во згрижувачко семејство

Право на сместување во згрижувачко семејство, според овој закон, имаат лицата кои немаат соодветни услови за живеење во своето семејство или од други причини им е потребно сместување во згрижувачко семејство, а не може да се примени друга форма на социјална заштита.  http://www.mtsp.gov.mk

Со воведување на ДСГ(Дијагностичко-сродните групи) со која се скратува престојот на пациентите во болница, негата од болнички услуги се префрла на нега во домашни услови од страна на семејството. Направено е истражување од страна на ЦИКП (Центар за истражување и креирање на политики), www.crpm.org.mk со кое се утврдува дека еден член од семејството просечно поминува од 5 до 8 часа дневно во давање на нега на болниот член. Меѓутоа најчесто оваа нега не е дадена од стручно лице и тоа е уште една причина за неопходноста од развивање на форми и облици на вонинституционалната заштита.