Природни лекови за дијабетес

Дијабетесот е хронична болест која е предизвикана од недостаток на инсулин во организмот. Најчести симптоми се: сува уста, брзо заморување и губење на тежина…

Растенија кои го регулираат шеќерот во крвта

 

Потврдено е дека една лажица цимет дневно значително го намалува нивото на шеќер во крвта. Покрај тоа, оваа билка го намалува и нивото на лош холестерол.

Малината е исто така корисен природен лек за регулирање на шеќерот во крвта.

Пченката и овесот ја прочистуваат крвта, крвните садови и помагаат во регулирањето на симптомите на дијабетес.

Третирањето на дијабетесот (шеќерна болест) вклучува диетална исхрана со намалено внесување на јаглени хидрати. Кога шеќерот во крвта ќе биде во нормала, во исхраната можете да внесете путер, маслиново и кокосово масло. Исто така, треба да внимавате да внесувате доволно количество на минерали, бидејќи оваа болест често предизвикува недостаток на минерали во организмот.

Изовор: Превентус

Овошје за дијабетичари

Дијабетес е автоимуно заболување каде личноста има покачено ниво на шеќер во крвта затоа што телото не произведува доволна количина на инсулин или затоа што клетките не реагираат на произведениот инсулин…

Исхрана со малку шеќер и масти понекогаш може да ги скрати бројните задоволства. Стручњаците некогаш мислеле дека дијабетичарите не би смееле да јадат овошје, но денешните докази упатуваат на сосем спротивното.  Стручњаците итакнуваат дека овошјето е важен дел на исхрана кај дијабетичари, а ние ви ги донесуваме оние видови кои се најдобри.

Јаболко

Јаболкото е одличен избор за дијабетичари. Содржи малку калории, а го поттикнува телото за согорување на останатите калории. Тоа е богат извор на пектин кој има антиоксидантни својства, што го намалува нивото на слободни радикали и ризик од настанување на разни болести.

Зрнесто овошје

Зрнестото овошје содржи антоцијан кој му дава црвена боја и поттикнува ослободување на инсулин, го регулира шеќерот во крвта и го намалува ризикот од настанување на срцеви болести.

Грејпфрут ( Цитрон )

Може да се користи за намалување на ризикот од настанување на висок процент  на шеќер во крвта, особено кога се конзумира со продукти кои имаат ниско ниво на масти, шеќер и скроб.

Лубеница

Овошје кое содржи висок процент на вода како што се лубеница, папаја, јагоди, или сливи, делуваат одлично во успорување на апсорпција на глукоза. Дијабетичарите мораат овошјето со голем процент на вода да го конзумираат секојдневно.