Американското министерство за здравство ја дозволи комерцијализацијата на првиот електромагнетен мозочен стимулатор за лечење на тешка депресија, во случај кога постоечките лекови не му помагаат на пациентот…

Мозочниот стимулатор, “Transcranial magnetic stimulation” (TMS) го произведе компанијата Neuronetics, а при неговото користење не се потребни ниту хируршка интервенција ниту анестезија. TMS произведува многу интензивни електромагнетни пулсирања кои ги стимулираат невроните во оној дел од мозокот кој се поврзува со депресијата.
Процедурата за употреба на TMS трае околу 40 минути и ја спроведува психијатар во својот кабинет. Третманот треба да се спроведува секој ден во трање од 4 до 6 недели.

„Во текот на клиничките испитувања, TMS покажа значителни клинички и статистички резултати“, потврдува Phil Janicak, професор по психијатрија од универзитетот во Chicagо. При тоа додава дека третманот не покажува несакани ефекти, како што се зголемувањето на телесната тежина или сексуална дисфункција.
Според мислењето на стручњаците, поголем дел од пациентите кои ја лечат депресијата со антидепресивни лекови, не чувствуваат подобрување.

Депресијата е сериозно емотивно пореметување кое значително влијае на односите со другите луѓе и работната продуктивност. Симптоми на депресија се: константно тажно расположение, губење на чувството на задоволство, губење интерес за било какви активности, промена во апетитот и телесната тежина, потешкотии со спењето, физичка успореност, губење на енергијата, намалување на самодовербата, чувство на вина и потешкотии со концентрацијата.

Извор:Превентус.мк

 

Преку перфекционизам до депресија

Желбата да сте совршени во секој поглед се покажува kako фатална грешка која води до тешка депресија, предупредуваат научниците…

Соништата за совршен живот, совршено чиста куќа, кариера на врвот, среќно семејство и беспрекорно тело се бесмислени и само можат да ви наштетат. Сите напори кои жените ги прават за да се совршени, предизвикуваат депресија и доведуваат до хроничен перфекционизам. Докажано е дека стремежот кон совршенство неизбежно завршува со неуспех, бидејќи совршени работи не постојат.

Во гонењето на совршеноста ризикувате да завршите со користење на антидепресиви. 40% од жените и 20% од мажите сметаат дека не може да има истовремено добра кариера и големо семејство. Истражувањето исто така покажува дека 63 отсто од вработените мајки страдаат од стрес, а кај мажите бројката е помала – 51%.

Извор:Превентус.мк

Ниско ниво на витамин Д и високо ниво на паратироидниот хормон се поврзани со зголемен ризик од депресија кај постари лица. Во истражувањето учествувале 1282 испитаници постари од 65 години…

Научниците откриле дека на испитаниците со депресија имало за 14% помалку Витамин Д концентрации, освен тоа кај благо депресивните поединци нивото на паратироидниот хормон, било поголемо за 5%, односно за 33% кај поединците со сериозна депресија во споредба со здравите испитаници. Ниското ниво на витамин Д и паратироидниот хормон може да се лекува со зголемување на внесувањето на витамин Д и Калциум и со доволно изложување на сонце.

Извор:Превентус.мк

Личностите кои во некоја фаза од животот страдале од депресија имаат поголеми изгледи подоцна да заболат од Алцхајмеровата болест, покажале две одвоени истражувања. Студијата на научници од Универзитетот Еразмус во Ротердам, покажала дека Алцхајмеровата болест е просечно за да 2,5 пати почеста кај личностите кои страдале од депресија, а слични резултати добиле и истражувачите од Руш Универзитетот спроведена на 900 испитаници…

Во студијата биле следени испитаници помеѓу 6 и 13 години, резултатите ги објавило стручното списание Неврологија и архиви на општата психијатрија. Најголем ризик од Алцхајмеровата болест дури 4 пати поголем е забележан кај личностите кои страдале од депресија пред 60-т а година од животот. Сеуште не е утврдено дали депресијата придонесува во развојот на Алцхајмеровата болест или се работи за двоен ефект на ист засега непознат фактор.

Извор:Превентус.мк

Кантарионот како лек за депресија


Според едно германско истражување, кантарионот не само што е лек за стомачни проблеми и површински рани, туку е ефикасен и во лекувањето на тешките облици на депресија…

Доктор Klaus Linde, кој го спроведе истражувањето заедно со колегите од Универзитетот во Минхен, дошол до овие резултати преку анализа на 29 истражувања во кои се споредува дејството на кантарионот со дејството на некои антидепресиви. Овие истражувања се извршени на 5500 пациенти, кои пателе од тешки облици на депресија.

При тоа кантарионот не само што се покажал делотворен во лекувањето, туку неговата употреба како лек ги дала истите резултати како и антидепресивите, кои досега се користеа за лекување на тешка депресија.

Освен тоа користењето на кантарионот, за разлика од антидепресивите јавува многу помалку несакани ефекти. Токму затоа, во Германија кантарионот редовно им се препорачува на пациентите заболени од депресија.

Извор: Превентус.мк