Цвеклото е ефикасно против деменција, тоа е богато со нитрати при што го зголемува протокот на крв во мозокот, што е многу значајно за борба против деменција во староста, покажа американско истражување.

Цвеклото содржи големо количество нитрати, а кога јадете храна богата со нитрати, добрите бактерии во устата се трансформираат во нитрати. Научниците откриле дека токму нитратите помагаат за отварање на крвните садови во нашето тело, со што се зголемува протокот на крв и на кислород, посебно до местата каде што има дефицит на кислород. Научниците анализирале како нитратите од исхраната влијаеле на 14 отсто постари луѓе од 70 години во текот на четири дена. Ипитаниците во првите два дена јадела храна богата со нитрати вклучувајќи и сок од цвекло или храна сиромашна со нитрати. Секој ден по појадокот биле прегледувани со магнетна резонанција за да се следи протокот на крв во мозокот. Третиот и четвртиот ден научниците го преобразиле начинот на исхрана и ја повториле целата постапка. Прегледите со магнетна резонанција покажале дека исхраната богата со нитрати го зголемува протокот на крв до белата маса на фронталниот лобус – подрачје во мозокот кое најчесто се поврзува со дегенерација која води до деменција и други когнитивни проблеми.