Бабите се уште имаат оригинален совет за тоа што да направите за да живеете подолго и да бидете здрави. Откријте кои од бабините совети се само приказни, а кои се вистина и имаат научна основа…

Баба вели: Ѓумбирот е добар за стомакот.
Науката вели: Вистината е дека оваа билка ги смирува стомачните болки и го намалува чувството на мачнина во стомакот. Најдобро е кога оваа билка ќе ја припремите како чај.

Баба вели: Пливањето после јадење може да доведе до грчеви и давење.
Науката вели: Не е потполно ни точно ни погрешно. Кога јадете крвта ви оди во стомакот за да се вари храната, која може да доведе до зголемена млечна киселина во мускулите. Пливање неколку круга по ручекот не може сериозно да го загрози вашиот живот, но не се препорачува.

Баба вели: Медот го забрзува заздравувањето на раните.
Науката вели: Точно е дека ако ставите на раната облога од мед побрзо ќе заздрави. Велат дека човек може да живее еден месец само со вода и мед, бидејќи тој ги има сите корисни и хранливи состојки.

Баба вели: Ставете путер на изгореното место.
Науката вели: Ова не е вистина. Нема докази дека путерот придонесува за зараснување на рани.

Баба вели: Ако спиете во соба во која работи клима, ќе настинете.
Науката вели: Климата го суши воздухот и така се создава атмосфера во која вирусите лесно може да ве заразат.

Баба вели: Ако излезете надвор со мокра коса, ќе настинете.
Науката вели: Голема е можноста дека ќе настинете. Некои истражувања укажуваат, но не докажуваат дека мократа глава им помага на вирусите да се шират, како и дека белите крвни зрнца потешко се борат со нив.

Баба вели: Едно јаболко на ден и никогаш нема да имате потреба да одите на доктор.
Науката вели: Јаболкото е многу здраво овошје, но во него ги нема сите лековити својства. Истражувањата покажуваат дека јаболкото го намалува крвниот притисок, корисен сојузник е во борбата против астма и алергии, и исто така, добра превенција е за спречување болести на срцето.

Баба вели: Од чоколадо се појавуваат акни.
Науката вели: Не постои директна врска помеѓу чоколадото и лошиот тен. Чоколадото може да го поттикне создавањето на акни, но какаото во никој случај не е виновникот. За нечистотијата на лицето вината барајте ја во шеќерот и млекото, што би значело дека треба да се избегнува онаа храна која ги содржи овие состојки. Црното чоколадо е подобар избор!

Превземено од: Превентус .МК