Политика

Секое старо лице има право…

  • Со него да се постапува како со личност на која и се почитуваат основните човекови права.
  • Со него да се постапува како со жив човек.
  • На независност, односно до достапност до соодветна здрава храна, чиста вода, сместување, облека и осигурување за здравствена заштита.
  • На семејна подршка и подршка од заедницата.
  • Само да одлучува за постапките кои ги превзема, се додека е во можност да се грижи сам за себе.
  • На живот во сигурна средина, која може да се прилагоди на личните потреби и променети способности.
  • Да живее во сопствениот дом се додека неговата функционалност тоа му го овозможува.
  • Да биде општествено активно, односно да учествува во креирањето на политиката, што директно влијае на неговата благосостојба, или да се организира и да членува во одредени движења или заедници.
  • На непречен пристап кон социјалните и законодавните служби поради подобрување на самостојноста, заштитата и грижата.
  • Користење на соодветни видови на институционална и вонинституционална грижа.
  • Со него да се постапува без да се врши дискриминација на неговата личност по било кој основ, возраст, пол, раса, етничка припадност, инвалидност и др.
  • Да биде почитувано независно од неговиот економски придонес.
  • На надеж и нега, од оние кои можат да ја дадат.
  • На негова лична заштита и заштита на неговото семејство.

Како да  помогнете на старите?

-Јас сум старо и (изнемоштено) лице…

  • Немој да ме избегнуваш. Сакам да ме сакаш и да ми бидеш пријател каков што си бил отсекогаш.
  • Ако сакаш да направиш нешто за мене, понекогаш е доволно да знам дека можам да се потпрам на тебе и дека постоиш.
  • Смеј се и плачи со мене. Немој да се плашиш да ги споделиш твоите емоции со мене.
  • Извести ме пред  да ме посетиш, но немој да се плашиш да ме посетиш. Немој да претпоставуваш дека староста и изнемоштеноста бараат мирување и изолираност. Напротив потребeн си ми, затоа што сум сам и ми е потребна комуникација.
  • Допри ме. Едноставен допир на подршка или стисок со рака може да ми покаже колку се грижиш за мене и колку ти значам. Така нема да се чувствувам осамен.
  • Погрижи се за мене, и кога живеам сам и кога живеам со други. И на оние кои се грижат за мене им е потребно слободно време, време за себе и време за нивните обврски.
  • Изнеси ме надвор од домот, придружувај ме на прошетка. Потребна ми е разонода, но внимавај колку можам да поднесам.
  • Донеси ми мали подароци и цвеќе.
  • Зборувај со мене за вистинскиот живот , животот во кој јас живеам, животот во кој ти живееш.  Така ќе останам вклучен во се она што се случува.
  • Помогни ми да се чувствувам убаво во однос на мојот изглед.
  • Донеси ми позитивни ставови и мислења. На мене ми се потребни. Тоа ме исполнува.
  • Запомни дека без разлика на тоа како изгледам и како се чувствувам јас сум сеуште јас.
  • Само да одлучува за постапките кои ги превзема, се додека е во можност да се грижи сам за себе.
  • Да биде општествено активно, односно да учествува во креирањето на политиката, што директно влијае на неговата благосостојба, или да се организира и да членува во одредени движења или заедници.

ЈАС СУМ ЛИЧНОСТ!

* Преземено од Заводот за социјални дејности *