Мисија

Поголема социјална интеграција и поквалитетен живот  на старите лица.

Oштествено вклучување

Општественото вклучување претставува процес кој овозможува оние кои се изложени на ризик од осиромашување и општествено исклучување да ги добијат потребните можности и ресурси за целосно учество во економскиот, општествениот и културниот живот и за уживање на стандардните услови за живеење и социјална сигурност кои се сметаат за нормални во општеството во кое живеат. Тоа овозможува нивно поголемо учество во процесот на донесување на одлуки кои влијаат врз нивниот живот и пристапот до фундаменталните права.