Archive for the ‘ Со природата до здравје ’ Category

Чуваркуќа повеќе од билка

Чуваркуќата е месеста, сочна билка со дебели овални листови наредени во вид на роза. Во средината на растението се развива цветна дршка која има најчесто розови цвеќиња.

CUVARKUCA_slika_O_3471972Цветовите може да бидат црвени, бели и жолти. Чуваркуќата цвета од април до септември, по што цветот умира. Но пред да умре се создаваат нови, мали цветови кои го продолжуваат животот на растението. Чуваркуќата потекнува од Мексико, а на нашите простори се наоѓа повеќе од илјада години. Расте на карпи, кровови, ѕидови, а може да се одгледува и во саксии. Не бараат многу труд, а најважно е да и се обезбеди доволно сончева светлина. Таа е отпорна на суша и високите температури.

Лековит сок од листовите Со помош на детална анализа покажано е дека чуваркуќата е богата со антибактериски материи и полисахариди кои благотворно дејствуваат на имунолошкиот систем. Чуваркуќата содржи јаболкова и мравја киселина како и нивни соли. Нејзините меснати и сочни листови се берат во текот на летото, за време на цветањето.

Како и кај алоето, за лекување се користи свежо исцеден сок од листовите, кој помага кај:

cuvarkuca-lijek-300x225

• нервни пореметувања

• епилепсија

• немирен сон и детски стравови.

Свежо мелените листови или свежо исцеден сок има корисен ефект на брадавиците, рани, чирови, изгореници, пеги од сонце и многу други. Облоги од свежо цеден сок од листовите на чуваркуќата помага во ублажување на болката и го намалува отокот од каснувања од инсекти, без разлика дали тоа е пчела, оса или комарци.

За што се е корисна прочитајте на  Бабин лек

Вишни наместо апчиња

 
Вишните го штитат срцето и крвните садови, а редовното конзумирање на ова овошје спречува неколку видови на рак и дијабетис, тврдат научниците.Вишните се навистина успешни при справувањето со воспалителните процеси и ублажувањето на болката кај артритисот, а помагаат и во лечењето на проблеми со помнењето… 

Наместо апчиња слободно напијте се една чаша сок од вишни и така ублажете ги болките во зглобовите и коските.

Благотворното дејсто на вишните може да се објасни со тоа што ова овошје ја намалува количината на мочна киселина која допринесува до зголемени проблеми со зглобовите.

Анемија – причини и третман

Анемија или слабокрвност значи дека вашата крв не содржи доволно црвени крвни зрнца (еритроцити) или дека имате доволно еритроцити но тие не ја вршат работата како што треба. За да го решите тој проблем правилно треба да знаете кои производи содржат железо…

Симптомите во почетокот можеби се неприметливи, меѓутоа ако почнете да се чувствувате лошо, немате воздух, срцето ви чука забрзано, тешко се концентрирате, време е да го прашате својот доктор и да направите тестови на крвта.

Доколку тестовите покажат дека сте анемични, следниот чекор што треба да го направите е да се најде причината, бидејќи правилно ќе се излекува само ако се отстрани причината за нејзиното настанување.

Откако ќе се најде причината која може да биде неправилна исхрана, дејство на други егзогени или ендогени фактори, спроведувањето на адекватна диета е еден од главните услови за оздравување.

Анемијата може да биде индикатор за изгубена крв во дигестивниот тракт, хемороиди, прокрварен чир, па дури и рак (потежок облик на заболување кој предизвикува слабокрвност), намалена способност на еритропоетските органи (црниот дроб, слезината, коскената срж) да создаваат еритроцити.

Користењето на лекови за реуматоиден артритис, хронични бубрежни заболувања, одредени форми на артритис или инфекции исто така можат да бидат причина за појава на анемија.

Постојат два облици на анемија: сидеропенична и пернициозна. Првата настанува како недостаток на железо, кое што влегува во состав на хемоглобинот – крвен пигмент. Железото кое се наоѓа во хемоглобинот учествува во транспортот на кислородот од белите дробови до сите клетки во нашиот организам, а во обратен правец го транспортира јаглеродниот диоксид како отпаден материјал од метаболизмот на клетките. Значи и вегетаријанците и диеталците и сите воопшто треба да внимаваат во конкретниот случај на внес на доволно количество на железо. Најдобар начин за тоа е правилната исхрана.

Постојат синтетички препарати кои се препишуваат во случај на сидеропенична анемија, во кои треба да бидат присутни фолна киселина и витамин C кои се неопходни за правилна ресорпција на железото. Освен тоа овие синтетички препарати може да предизвикаат проблеми со столицата. Сепак за човечкиот организам е полесно препознатливо и искористливо железото кое се наоѓа во природен облик во храната, во природните производи.

д-р Нела Деспотовска – лекар по општа пракса Ви ги препорачува следниве производи кои можат многу да ви помогнат во лечењето на анемијата:

Спирулина Натурал таблети – идеална комбинација на нутритивни состојки, витамини, минерали и антиоксиданси кои ке ја подобрат виталноста и свежината на Вашето тело. Обилуваат со железо и витамин А кои директно влијаат зајакнување на имунитетот. Содржи 10 пати повеќе железо од спанаќот.

 

Комбуха напиток и концентрат – познат по своите благотворни лековити својства кои ја враќаат силата на исцрпениот организам и му даваат енергија. Обилува со витамини од Б групата и витамин Ц, а содржи и разни видови на ензими. Ја помага регенерацијата на клетките, ја освежува кожата и ја обновува слузокожата. Редовната употреба на комбухата го подобрува природното чистење на организмот и го помага јакнењето на имунитетот.

Тахебо чај – освен што го зајакнува и балансира имунолошкиот систем, содржи и лесно ресорптивно железо, па исто така можете да го вклучите во производите кои помагаат кај анемиjата.

Пивски квасец – најдобар природен извор на витамини од групата кои како такви најдобро се абсорбираат во организмот. Во себе крие богатство од корисни состојки и тоа протеини, аминокиселини, јагленихидрати и минерали неопходни за правилен развој и регенерација на клетките. Тој е еден од најдобрите диететски суплементи кој ќе ви помогне во борбата против анемија и слаб имунитет.

 

Цветен прав – природен еликсир со извонредна богата содржина на избалансирани хранливи материи, природна комбинација на витамини (А, Б, Ц, Е), минерали (Na, Ca, Mg, Fe) и протеини. Делува поволно во случај на замореност и го зајакнува организмот при ментален замор и исцрпеност.

 

Органски чај од шипка – природен извор на витамин C и минерали кои придонесуваат за подобро здравје. Значаен е уделот на антиоксидансите кои ги спречуваат оксидативните процеси и со редовно консумирање дејствува позитивно на целиот организам.

Извор: Превентус .мк

Се за остеопорозата

Остеопорозата, која во буквална смисла значи „порозни коски”, е заболување кај кое постои намалување на густината и квалитетот на коската. Како што коската станува порозна и кршлива, така и ризикот од скршеници значително се зголемува. Загубата на коската настанува „тивко” и прогресивно. Често е без појава на симптоми, се до појава на првата скршеница…

Дефиниција

Постменопаузалната остеопороза претставува намалување на коскената маса и нарушување на квалитетот на коската што доведува до поголема порозност на коските и појава на фрактури.

Најголем број од фрактурите се случуваат кај постменопаузалните жени. Во менопауза (после престанување на менструалниот циклус) се намалува лачењето на женските полови хормони и со тоа престанува нивната заштитна улога врз коската. Со тоа се губи коскената маса, се намалува цврстината на коската и доведува до остеопороза. Иако значително поретко и машкиот пол може да заболи од остеопороза.

Колку ќе бидат здрави коските зависи пред се од тоа како се изградиле во детството и младоста. Во периодот на раст, но и во возрасно доба значајно е да се внесува разноврсна исхрана со доволно калциум, витамин Д, изложување на сонце како и зголемена физичка активност и вежбање.

Затоа е важно за сите жени во менопауза да се обратат на лекар навремено, со што би се утврдило дали постојат ризик фактори за остеопороза.

Дијагноза

Златен стандард за дијагноза на остеопорозата е проценка на коскено минерална густина (КМГ) со дензитометар – Dual X-ray absorptiometry (DXA).

КМГ може да се изрази преку:

– T-score (број на стандардни девијации над или под просечната вредност на КМГ кај млади и здрави адулти)

– Z-score (број на стандардни девијации над или под просечната вредност на КМГ кај популација од иста возраст и пол)

Врз база на извештајот од СЗО од 1994 година, остеопорозата кај жени е дефинирана како КМГ вредност од најмалку -2,5 СД под просечната вредност на КМГ кај млади и здрави адулти (T-score ≤-2,5).

Статус КМГ

Нормален T-score од ≥1

Остеопенија T-score -1 до -2,5

Остеопороза T-score ≤-2,5

Тешка остеопороза T-score ≤-2,5 и присуство на најмалку една фрактура.

Проценка на КМГ

Dual X-ray absorptiometry (DXA)

Дијагнозата на остеопорозата е главно базирана на проценка на КМГ на проксимален колк и лумбален рбет со DXA. Дензитометријата демонстрира добри карактеристики за дијагноза, прогноза на болеста, како и проценка за одговорот на фармаколошкиот третман.

Квантитативен ултразвук (QUS)

Оваа техника дава одредени информации за структурната организација на коската во однос на коскената маса, без изложување на јонизирачки зраци. Некои студии сугерираат на слични можности како дензитометријата во однос на диференцирање на остеопоротични од здрави пациенти. Сепак, QUS не е широко одобрен за мониторирање на ефектот од терапијата. Може да се користи за предвидување на ризикот од фрактурата, но не за дијагноза на остеопорозата и за мониторирање на ефектот од терапијата.

Квантитативна компјутерска томографија (QCT)

Оваа техника ја мери волуметриската коскено минерална содржина преку одвоено мерење на трабекуларната и кортикалната коска тродимензионално. QCT е широко применувана метода за клинички истражувања. Како и да е, се работи за скапа, слабо достапна и високо радиоактивно изложувачка метода во однос на DXA.

Радиолошка проценка на вертебралните фрактури

Болка во грбот и загуба на висина може да бидат првите симптоми на вертебралните фрактури индуцирани од остеопорозата. Тежината на фрактурите се проценува со мерење на степенот на редукција на висината на рбетот, морфолошките промени и диференцирање на деформитетите зависно дали се предизвикани или не од скршеници.

Квантитативните методи како Магнетна резонанца (MRI) се развиени последниве години и можат да се користат за попрецизна проценка на појава на вертебрални фрактури.

Коскени маркери

Имаат широка примена во клиничките истражувања за мониторирање на ефикасноста и механизмот на дејство на терапијата. Има три категории на маркери, зависно од нивното потекло од коскено минералната единица: коскено ресорптивни, коскено формирачки и маркери на остеокластните регулирачки протеини.

Овие маркери се мерат во серумот или урината и не се специфични за болеста. Тие ги проценуваат промените во коскениот метаболизам, независно од причината на нивно настанување.

Комбинирањето на КМГ со коскените маркери може да го подобри предвидувањето на ризикот од фрактура кај постменопаузални жени. Сигнификантни разлики во вредноста на маркерите се забележуваат во текот на примање на антиресорптивна терапија после неколку неделен третман. Се смета дека коскените маркери може да се користат во клиничка пракса за процена на адхеренцата на пациентите на третманот, но и за следење на ефектот од терапијата.

Ризик фактори

КМГ измерена преку DXA методата моментално е најдобар предиктор за ризикот од фрактури кај индивидуата.

Како и да е, кога се проценува ризикот од можни фрактури во предвид се земаат неколку други фактори. Скелетните и нескелетните ризик фактори се користат за идентификување на висок ризик од скршеници.

Нескелетни ризик фактори:

– Пушење

– Конзумирање на алкохол

– Низок индекс на телесна маса (BMI – body mass index)

– Низок внес на калциум со исхраната

– Дефицит на Д витамин

– Пролонгирана имобилизација – слаба или комплетно прекината физичка активност

– Ослабен вид

– Чести паѓања

Скелетни ризик фактори:

– Женски пол

– Рана менопауза

– Примарна или секундарна аменореа

– Примарен или секундарен хипогонадизам кај мажи

– Возраст

– Раса – жолта и бела

– Претходни фрагилитетни фрактури

– Фамилијарна историја за скршеници на колк

– Ниска КМГ

– Висок коскен метаболизам

– Невромускулни нарушувања

– Гликокортикоидна долготрајна терапија

– Ревматоиден артритис

Придонес на ризик факторите во однос на проценката на ризикот од фрактури:

Употребата на ризик факторите придонесува за дополнителни информации за ризикот од фрактура, независно од КМГ. Алгоритам кој комбинира неколку од нив заедно со КМГ, a предвидува апсолутен 10 годишен ризик од фрактура кај индивидуа е објавен од работна група на СЗО како WHO Fracture Risk Assesment Tool (FRAX). Сметањето може да се изврши на http://www.shef.ac.uk/FRAX

Превенција

И покрај тоа што генетските фактори играат голема улога во детерминирањето дали една индивидуа ќе има остеопороза, сепак животниот стил може да влијае на развојот на коската во млада возраст, но и на загубата на коската подоцна во текот на животот. Исхраната, вежбите и други фактори на животниот стил играат клучна улога за здравјето на коскениот систем.

За деца и адолесценти:

– доволен внес на калциум и следење на препораките за внес

– превенција на потхранетост и протеинска малнутриција

– одржување на адекватен внес на Д витамин преку изложување на сончеви зраци и преку исхрана

– примена на физичка активност

– избегнување на пушење

– едукација за ризикот и последиците од висок внес на алкохол.

За возрасна популација:

– внес на калциум и Д витамин (препораките варираат од земја во земја меѓу 800-1300мг дневно, зависно од возраста)

– физичка активност

– прекин на пушењето

– избегнување на жестоки (алкохолни) пијалаци

– процена на ризикот од развој на остеопороза и со помош на медицински совет земање на терапија за одржување на оптимална коскена маса и намалување на ризикот од скршеници.

Лекување на остеопороза

Главна цел во превенирање и лекување на постменопаузална остеопороза е да се редуцира фреквенцијата на остеопоротичните скршеници, кои во најголем дел се одговорни за морбидитетот и индиректно водат до состојби поврзани со морталитет (Delmas 2002a).

И покрај фактот што остепоротичните скршеници се најчести кај жени над 65 години и лекувањето се покажало ефективно кај оваа популација, најчесто достапните терапии превенираат, успоруваат или ја заменуваат коскената загуба кога ќе се почне лекувањето околу 50. година.

Нефармаколошки пристапи

Различни нефармаколошки мерки можат да го редуцираат ризикот од развивање на постменопаузална остеопороза. Генерално би требало да се препорачаат на сите жени. Ова вклучува адекватни вежби, храна богата со калциум, престанување со пушење и избегнување на прекумерно користење на алкохол.

Вежби

Редовните физички вежби се смета дека го редуцираат ризикот од остепороза и го одложуваат физиолошкото намалување на коскено минералната густина, која се појавува со стареењето (Ernst, 1998). Една од бенефициите на вежбањето кај возрасните е редукција на паѓањето како резултат на подобрена мускулна сила и координација (Carter, 2002, Mundy 2001)

Исхрана

Општо прифатено е дека слабото внесување на калциум е ризик фактор за остоепороза. Меѓутоа и други нутритиенти се потребни за одржување на здрава коска. Внесувајте соодветни количини на калциум во согласност со соодветните препораки за исхраната во вашата земја или регион, во сите периоди од животот.

Одржувајте доволна количина на складиран витамин Д преку соодветно, безбедно изложување на сонце, адекватна исхрана или преку додатоци во исхраната.

Уживајте во разновидна и здрава исхрана која содржи соодветни количини на протеини и големи количини на свежо овошје и зеленчук, како за здравјето на коските, така и за општата здравствена состојба.

Препорачани дози на калицум

Калциум (mg/ден)

Новородени и деца

0-6 месеци
300-400

7-12 месеци
400

1-3 години
500

4-6 години
600

7-9 години
700

Адолесценти

10-18 години
1300

Жени

19 години до менопауза
1000

Постменопауза
1300

За време на бременост (последен триместар)
1200

Лактација
1000

Мажи

19-65 години
1000

65+години
1300

Фармаколошки пристапи

Покрај промените на животниот стил, лекарите можат да препорачаат и терапија со лекови доколку е дијагностицирана остеопороза или ако постои зголемен ризик од остеопороза. Во денешно време постојат бројни достапни, ефективни опции за лекување кои покажаа дека делуваат брзо, ја одржуваат коскената густина и го редуцираат ризикот од добивање на скршеница.

Важно е изборот на терапија да биде прилагоден според специфични медицински потреби на пациентите и нивниот животен стил.

Актуелни тераписки опции кои се достапни (не сите и во нашата земја) се: бисфосфонати(ibandronate, alendronate, risedronate и zoledronate), calcitonin, denosumab, raloxifene, strontium ranelate, teriparatide и tibolone како и хормон-заместителната терапија.

Бисфосфонатите се прва линија на терапија за лекување на постменопаузалната остеопороза (Brown & Јose, 2002). Овие лекови треба да се земаат наутро на гладно со вода, 30 минути пред првата храна, пијалок или друг лек што треба да се земе во текот на денот. Постојат бисфосфонати во форма на таблета кои се земаат еднаш дневно, еднаш неделно или еднаш месечно. Вашиот лекар ќе одлучи која тераписка опција е најсоодветна за вашето лекување.

Загубата на масни наслаги, освен што само по себе е тежок процес во поглед на многу рестрикции кои мора да си ги наметнеме дополнително, знае да се оптовари и со комплицираните системи на вежбање…

Е, сега, дали баш мора се така да биде? Редукцијата на масното ткиво не е лесен процес, но не е ни тежок ако на правилен начин вклопиме само неколку важни фактори, така што многу бргу ќе ја постигнеме нашата цел – да се ослободиме од вишокот на маснотии.

 

Одредете цел

За почеток, мора да имате некој цел. Не каква било, не која било, туку некоја конкретна кон кој тежите. Ако ја немате, како можете да очекувате да ја досегнете. Но, не заборавајте да бидете и реални, не очекувајте резултати од 25 килограми помалку за само еден месец.

Време е за кардио

Најдобар период во кој кардиотренингот има најголем ефект врз вашите масни наслаги се утринските часови по ноќниот одмор кога телото е во режим на низок енергетски биланс. Во ситуација кога се будите и без појадок одите на утринска тура кардиотренинг, вашето тело во услови на нeдоволно количество енергија мора да понуди алтернативни извори претставени во вид на масни киселини. Внимавајте и на интензитетот на спроведување на вашата кардиопрограма за утринскиот тренинг. Многу е важно кардиотренингот да се прави со низок интензитет и да не трае подолго од еден час за да не дојде до катаболизам, односно разградување на мускулите.

Најдобар период за кардиотренинг, ако притоа работите истовремено и на тренинг со тегови, е времето по одработениот тренинг со тегови. Во тек на ваков тренинг вашето тело исто така троши калории. Енергијата се црпи од гликогенските депоа кои се празни и на крај останува само резерва во вид на масни киселини во комбинација со протеини. Во моментот кога вашето тело веќе троши калории по претходно напорно одработениот тренинг со тегови, вистинско време е да го продолжите овој процес со соодветен кардиотренинг. На овој начин ќе ги зголемите шансите за согорување на маснотиите – согорете ги двапати по ред.

Калориско внесување

Калориското внесување мора да биде „наместено,, така што неговата вредност треба да биде помала од вредноста што ја трошите. Оваа разлика ќе биде дополнета од вашите резерви – масни наслаги. Сметката е јасна – трошете повеќе отколку што внесувате и ќе имате енергетски дефицит кој успешно ве води до вашата цел – намалување на маснотиите.

Понекогаш мамете го својот план за диета

Малите лаги во поглед на типот на диетата кон која се придржувате се сосема оправдани и потребни. Зошто? Диетите знаат и психички и физички да исцрпуваат. Тоа што еднаш ќе се запазете со омилените слатки, нема да му штети на вкупниот план за симнување на масните наслаги. Шест дена строг режим е сосема доволно да ја прегазат вредноста на еден неконтролиран ден по прашање на земањето на храна. Сепак, не дозволувајте тоа да биде почесто.

Резултати од редовната обврска

Кога имате план за „собирање” на масните наслаги, спроведувањето на кардиотренингот мора да биде ваша редовна обврска. Тоа треба да биде дури четири-пет пати неделно и притоа можете да користите различни интензитети на вежбање од тренинг до тренинг: низок, среден и кардио со висок интензитет. Вашиот кардиоплан треба да биде реален. Следете го својот напредок и во согласност со него засилувајте го темпото во изведување на кардиотренингот. Во секој случај не заборавајте дека симнувањето на масните наслаги мора да биде процес кој не смее да го загрози вашето здравје. Ќе ви помогне да изгледате подобро, да се чувствувате помалку уморни и да имате повеќе енергија. Нема ништо подобро од тоа кога се чувствувате добро, а сте во потполна форма.

Кардиото не е само тип на тренинг, туку и начин на живот – да бидеш активен, да се чувствуваш добро и да изгледаш уште подобро. Научете да се забавувате додека тренирате, уживајте и постојано повторувајте си дека кардиото е одлично за вас. Не заборавајте дека постојат варијанти за овој тип тренинг. Навистина нема причина упорно да работите на само еден тренинг што можеби и ви здосадил. Комбинирајте трчање, џогинг, брзо одење, велосипед и степер или веслање. Неколку недели ќе биде доволно да ги видите првите значајни разлики во својот изглед. За подобар увид во ситуацијата направете фотографии од вашето тело на самиот почеток од спроведувањето на кардиотренингот, а потоа истото направете го за три-четири недели. Споредете ги. По уште четири недели, значи во осмата недела од вашиот кардиотренинг-план  ќе видите драстични промени. Не заборавајте, хранете се правилно, редовно вежбајте и забавувајте се.

Извор:Превентус.мк

Празот го јакне имунитетот

Празот и неговите „сонародници” – лукот и кромидот – содржат тиосулфонати, кои со сечењето или дробењето на зеленчукот преминуваат во сулфиди. Овие елементи дејствуваат како природни антибиотици, го намалуваат крвниот притисок, го јакнат имунолошкиот систем, го намалуваат холестеролот и имаат улога во превенцијата од малигните заболувања…

Ги содржи витамините Ц и Б6

Празот е исклучително добар додаток на супи, сам или во комбинација со друг зеленчук. Со оглед на тоа дека е во групата заедно со лукот, поседува слични карактеристики, но со значително поблаг вкус и мирис. По нутритивниот состав сличен е на своите „сонародници”, но со нешто повеќе белковини, бета-каротин и витамин Ц.

Свежиот праз е одличен извор на манган, а добар извор е на железо, на фолна киселина и на витамините Ц и Б6.

Затоа што со подготвувањето се намалува количеството витамини и минерали, зготвениот праз станува добар извор на манган, а просечен извор на железо, на фолна киселина и на витамин Б6.

Ја обновува цревната флора

Празот е драгоцен поради својата содржина на органосулфурни компоненти, фитохемикалии кои се разликуваат кај поединечни групи зеленчук и секоја од нив има позитивен ефект врз здравјето.

Фитохемикалиите, често наречени и фитонугритиенти, се биолошки активни молекули кои во соработка со витамините и со минералите позитивно влијаат на здравјето. Тие имаат способност да го модулираат метаболизмот на организмот и на тој начин да направат превенција од појава на малигни заболувања. Имаат и заштитно дејство бидејќи ги зацврстуваат и ги подобруваат одбранбените механизми во организмот. Празот може да се јаде свеж или подготвен што не ја намалува вредноста на фитохемикалиите, иако одредена загуба на микронутритиенти со кулинарска подготовка не можеме да избегнеме. За да се спречи изразена загуба на драгоцени состојки при готвењето, се препорачува празот (како и другите видови зеленчук) да го ставите во врела вода наместо во ладна.

Ако сакате на организмот да му овозможите најмногу што можете разновидна исхрана, секако, тоа подразбира дневно внесување од три до пет оброка зеленчук во кои повремено мора да го вклучите и празот без разлика дали станува збор за свеж или за готвен зеленчук, дали е смрзнат или конзервиран. Еден оброк со зеленчук може да се состои од едно филџанче свеж лисест зеленчук, половина филџан со други видови зеленчук (свежи или варени), три четвртини од филџанот сок од некој зеленчук. Празот е многу богат со етерични масла, кои во дигестивните органи го поттикнуваат излачувањето на дигестивните сокови, а добро влијае на лачењето урина. Во рана пролет се користи за прочистување на организмот, ја обновува цревната флора, а има и благо лаксативно дејствување.

Внимавајте на цврстината и на бојата

Празот може да се најде на пазарот во есен и во пролет, а при купувањето внимавајте на неговите цврстина и боја. Белиот дел на допир треба да биде цврст и без дамки, а зелените листови со силна боја и блиску прилепени. Празот купувајте го кога знаете дека ќе го користите, а доколку не го употребите веднаш, исечете ги врвовите на листовите и чувајте го во ладилник во делот за зеленчук или на ладно место неколку дена.

 

Избор:Превентус.мк

Американското министерство за здравство ја дозволи комерцијализацијата на првиот електромагнетен мозочен стимулатор за лечење на тешка депресија, во случај кога постоечките лекови не му помагаат на пациентот…

Мозочниот стимулатор, “Transcranial magnetic stimulation” (TMS) го произведе компанијата Neuronetics, а при неговото користење не се потребни ниту хируршка интервенција ниту анестезија. TMS произведува многу интензивни електромагнетни пулсирања кои ги стимулираат невроните во оној дел од мозокот кој се поврзува со депресијата.
Процедурата за употреба на TMS трае околу 40 минути и ја спроведува психијатар во својот кабинет. Третманот треба да се спроведува секој ден во трање од 4 до 6 недели.

„Во текот на клиничките испитувања, TMS покажа значителни клинички и статистички резултати“, потврдува Phil Janicak, професор по психијатрија од универзитетот во Chicagо. При тоа додава дека третманот не покажува несакани ефекти, како што се зголемувањето на телесната тежина или сексуална дисфункција.
Според мислењето на стручњаците, поголем дел од пациентите кои ја лечат депресијата со антидепресивни лекови, не чувствуваат подобрување.

Депресијата е сериозно емотивно пореметување кое значително влијае на односите со другите луѓе и работната продуктивност. Симптоми на депресија се: константно тажно расположение, губење на чувството на задоволство, губење интерес за било какви активности, промена во апетитот и телесната тежина, потешкотии со спењето, физичка успореност, губење на енергијата, намалување на самодовербата, чувство на вина и потешкотии со концентрацијата.

Извор:Превентус.мк

 

Брзото чукање на срцето ги зголемува шансите за фатален срцев удар, покажа најновата студија… Сепак, кај жените, редовното вежбање кое го одржува нормален пулсот на срцето ги намалува шансите за срцев удар…

Студијата која опфати повеќе од 50.000 здрави возрасни луѓе ја спроведоа научниците од Норвешка, кои заклучија дека со секое зголемување од 10 удари на срцето во минута кај жените до возраст од 70 години го зголемува ризикот од срцев удар за 18 отсто, додека кај мажите за 10 отсто.
Брзо чукање на срцето најчесто се занемарува, а со тоа опасностите се зголемуваат

– Здравото срце чука околу 60 до 70 пати во минута, со мали варијации од едната или другата страна. Ако стапката надминува 80 за подолг период, тогаш докторите почнуваат да се загрижуваат, бидејќи тоа може да е знак дека нешто не е во ред, рече Хаваид Науман од Норвешкиот Универзитет за наука и технологија, кој беше вклучен во новата студија.

Во САД, срцевите проблеми се главниот убиец на мажи и жени. Секоја година 1,2 милиони луѓе страдаат од срцев удар, а повеќе од една третина умираат како резултат на тоа.

Висок крвен притисок, висок холестерол и дијабетес се познати како ризични фактори за болести на срцето, но досега отчукувањата на срцето беа игнорирани.

– Важно е да се привлече внимание на отчукувањата на срцето како причина за срцев удар, изјави кардиологот Марком Арнолд, од Универзитетот од Западен Онтарио.

Тој не беше вклучен во новата студијата, но изјави дека неговото истражување кое го спровел во САД, покажало дека брзото чукање на срцето и вежбањето може да бидат фатални за срцевиот удар.

За студијата биле избрани здрави луѓе од централниот дел на Норвешка кои немале никакви срцеви болести.

На почетокот на студијата во 1984-1986, учесниците пополниле прашалници за нивниот начин на живот и општата здравствена состојба , а докторите и научниците направиле детални срцеви прегледи. Кога заврши студијата во 2004 година, повеќе од 10.000 од учесниците умреле, а 40 отсто тоа било поради срцевите болести. По 6 години откако заврши студијата, научниците открија дека кај луѓето кои имале околу 100 отчукувања во минута имале 74 отсто поголема шанса да умрат од срцев удар, отколку мажите чие срце работело нормално. Кај жените ризикот бил зголемен за 42 отсто и кај помладите од 70 години.

Извор:Превентус.мк

Ризикот за смртност кај лицата со срцеви заболувања  кои практикуваат трансцедентална медиција е помал, отколку кај оние кои не ја применуваат оваа метода, заклучуваат експертите од Медицинскиот колеџ во Висконсин и од Универзитетот „Махариши“ во Ајова…

При ова истражување, финансирано од американските Национален институт за здравје и Национален институт за срце, бели дробови и крв, експертите по случаен избор одбрале 201 лице, Американци од африканско потекло со просечна старост од 59 години, кои имале стеснати срцеви артерии. Една група од испитаниците биле натерани да медитираат, додека останатите направиле само некои промени во начинот на живеење.

Групата која медитирала работела два пати дневно по 20 минути. Втората група следела настава за традиционални ризични фактори за срцеви болести и вовела промени во начинот на исхраната и нивото на физичката активност.

По девет години во групата која медитирала регистрирана е намалена смртност и срцеви и мозочни удари за 47 отсто. Освен тоа, во таа група регистрирани се и клинички релевантни намалувања на крвниот притисок во просек за пет милиметри од живиниот столб. Кај некои испитаници кои медитирале е забележан и многу намалено ниво на психолошки стрес.

Раководителот на истражувачкиот тим и директор на Центарот за природна медицина и превенција на Универзитетот „Махариши“, др. Робер Шнајдер наведува дека и некои поранешни студии укажувале на доброто дејство на трансцеденталната медицина на крвниот притисок и на нивото на стрес, независно од етничката припадност на испитаникот.

Ова меѓутоа, е прво контролирано клиничко тестирање кое покажало дека транцеденталната медицина ги намалува срцевите и мозочните удари и смртните случаи.

Шнајдер напоменуда дека дејството на транседенталната медицина во ова истражување било такво како испитаниците да земале новооткриен вид на лек за превенција на срцевите болести.

– Во овој случај медикаментите потекнуваат од внатрешната аптека на организмот – стимулирање на практикувањете на трансцедентална медитација, заклучува Шнајдер.

Ниско ниво на витамин Д и високо ниво на паратироидниот хормон се поврзани со зголемен ризик од депресија кај постари лица. Во истражувањето учествувале 1282 испитаници постари од 65 години…

Научниците откриле дека на испитаниците со депресија имало за 14% помалку Витамин Д концентрации, освен тоа кај благо депресивните поединци нивото на паратироидниот хормон, било поголемо за 5%, односно за 33% кај поединците со сериозна депресија во споредба со здравите испитаници. Ниското ниво на витамин Д и паратироидниот хормон може да се лекува со зголемување на внесувањето на витамин Д и Калциум и со доволно изложување на сонце.

Извор:Превентус.мк