Archive for the ‘ Свој доктор ’ Category

Бабите се уште имаат оригинален совет за тоа што да направите за да живеете подолго и да бидете здрави. Откријте кои од бабините совети се само приказни, а кои се вистина и имаат научна основа…

Баба вели: Ѓумбирот е добар за стомакот.
Науката вели: Вистината е дека оваа билка ги смирува стомачните болки и го намалува чувството на мачнина во стомакот. Најдобро е кога оваа билка ќе ја припремите како чај.

Баба вели: Пливањето после јадење може да доведе до грчеви и давење.
Науката вели: Не е потполно ни точно ни погрешно. Кога јадете крвта ви оди во стомакот за да се вари храната, која може да доведе до зголемена млечна киселина во мускулите. Пливање неколку круга по ручекот не може сериозно да го загрози вашиот живот, но не се препорачува.

Баба вели: Медот го забрзува заздравувањето на раните.
Науката вели: Точно е дека ако ставите на раната облога од мед побрзо ќе заздрави. Велат дека човек може да живее еден месец само со вода и мед, бидејќи тој ги има сите корисни и хранливи состојки.

Баба вели: Ставете путер на изгореното место.
Науката вели: Ова не е вистина. Нема докази дека путерот придонесува за зараснување на рани.

Баба вели: Ако спиете во соба во која работи клима, ќе настинете.
Науката вели: Климата го суши воздухот и така се создава атмосфера во која вирусите лесно може да ве заразат.

Баба вели: Ако излезете надвор со мокра коса, ќе настинете.
Науката вели: Голема е можноста дека ќе настинете. Некои истражувања укажуваат, но не докажуваат дека мократа глава им помага на вирусите да се шират, како и дека белите крвни зрнца потешко се борат со нив.

Баба вели: Едно јаболко на ден и никогаш нема да имате потреба да одите на доктор.
Науката вели: Јаболкото е многу здраво овошје, но во него ги нема сите лековити својства. Истражувањата покажуваат дека јаболкото го намалува крвниот притисок, корисен сојузник е во борбата против астма и алергии, и исто така, добра превенција е за спречување болести на срцето.

Баба вели: Од чоколадо се појавуваат акни.
Науката вели: Не постои директна врска помеѓу чоколадото и лошиот тен. Чоколадото може да го поттикне создавањето на акни, но какаото во никој случај не е виновникот. За нечистотијата на лицето вината барајте ја во шеќерот и млекото, што би значело дека треба да се избегнува онаа храна која ги содржи овие состојки. Црното чоколадо е подобар избор!

Превземено од: Превентус .МК

Сок од компир- чудесен лек

Благотворните својства на компирот одамна се познати во медицината, но и покрај тоа преовладува мислењето дека компирот не смее да се конзумира сиров. Тоа е заблуда затоа што „жив“ компирот е многу здрава и повеќекратна корисна намирница. Неговите придобивки за здравјето ги пренесува365.ком.мк

10-Sweet-Potatoes-PancreasFoods-That-Look-Like-Body-Parts-1Лушпата на здрав и органски одгледан компир не содржи никакви отрови штетни по здравјето. Опасно е да се јаде недозреан компир со зелена или со наместа зелена лушпа и зелени делови.

Компирот против многу тешки болести

За лековитоста на сокот од компир зборуваат многу експерти кои сметаат дека тој е природно средство за лекување на гастритис, една од најстрашните болести на денешницата. Се препорачува да се зема по една лажица сок од компир разреден со малку вода, половина час пред појадокот, ручекот и вечерата.

Кај луѓе со чир на желудник се советува секојдневно да пијат половина децилитар сок од компир на празен стомак и потоа по половина децилитар половина час пред ручекот и вечерата.

kompir2

Сокот од компир го намалува шеќерот во крвта, а помага и во лекување на болести на белите дробови дури и кај потешки болести како емфизема.

Ефикасноста на компирот за сузбивање на ракот постојано се докажува и во научните истражувања. Професорот Кагамин од медицинскиот факултет во Акита, Јапонија, успеал од сиров компир да издвои супстанција која се покажала ефикасна во спречувањето на растот на туморските келии кај лабораториски глувци. Резултатите ги објавил на меѓународен конгрес на Лигата за борба против ракот одржан во Германија.

kompir11Во последно време компирот се повеќе добива на важност како ефикасно средство во борбата против болести на црниот дроб и бубрезите, но и кај срцевите заболувања, висок притисок, дијабетес, ламбаго, ревматски болести… Независно од позитивните влијанија во третманот кај тешките болести, пиењето сок од сиров компир е одлично средство за зајакнување на имунитетот. Помага и кај честите главоболки и менструални болки.

Ако се чувствувате слабо или исцрпено наутро и навечер испијте сок направен од еден компир со средна големина, еден морков и јаболко и во рок од две недели повторно ќе бидете во форма.

Благодети на сокот од компир:

– го зајакнува имунитетот
– го чисти организмот од отрови
– ја негува проблематичната кожа
– се користи како дел од терапија против рак
– помага кај гастритисот и други тегоби во желудникот
– го намалува шеќерот во крвта
– помага кај болести на црниот дроб и бубрезите
– штити од кардиоваскуларни заболувања

Подготовка на сокот:

Добро измијте го компирот и отстранете ги од него сите зелени делови од кората и добро исчистете го. Потоа изрендајте го, ставете го во ленена крпа и исцедете сок. Тука може да искористите и соковник. Сокот секогаш пијте го свежо направен, а поради поубав вкус може да го измешате со овошје и зеленчук по избор, на пример јаболко или морков, сок од лимон или мед.

Izvor – 365.com.mk

Цимет-природен лек

imagesНеколку студии покажаа дека циметот има антисептички својства и ги убива бактериите…

Како да го користите: за да направите чај, измешајте пола лажичка цимет во прав со една чаша зовриена вода. За лош здив, измешајте го со ладна вода и употребувајте го за плакнење на устата. Циметот, исто така, може да се користи и за дезинфекција на рацете, обично во форма на етерични масла.

Внимание: циметот содржи кумарин кој може да ги оштети црниот дроб и бубрезите, ако внесувате големи количества. Во мали количини потполно е безопасен.

 

Izvor Preventus.mk

Исхраната со високо учество на влакна е поврзано со намалување на концентрацијата на ЛДЛ холестеролот во крвта и со подобрување на состојбата на кардиваскуларниот систем.
Американски научници од Универзитетот Алабама тврдат дека секои 1.000 внесени калории треба да содржат 14 грама влакна…

Најмалку 10 грама би требало да се однесуваат на влакна што се топат кои брзо доведуваат до чувство на ситост и преку своето влијание на апсорпција на ЛДЛ холестеролот предизвикуваат намалување на концентрацијата на овој т.н. лош холестерол во крвта.

 

Добри извори на влакна се овошјето, производите од интегрално зрно и мешункаст зеленчук.
Бројни претходни истражувања веќе покажаа дека влакната од исхраната се важни за одржување на функциите на системот за варење на храната.

Извор: Превентус

Луѓето кои редовно консумират агруми како портокал и грејпфрут, ризикот од мозочен удар е помал, покажуваат резултатите од истражувањето, цитирани од Франс прес…

Тоа е базирано од 14-годишна анкета, извршена од страна на медицински сестри меѓу 69.622 пациенти во САД. Пациентките дале детални информации за ниваната потрошувачка на овошје и зеленчук. Целта била да се испита ефектот од флавоноидите, кои ги има во овошјето, зеленчукот, црното чоколадо и црвеното вино, врз здравјето.

Се покажало дека пациентите кои јадат повеќе портокали и грејпфрут и испиле поголеми количини сок од ваков вид плодови, се со 19 отсто помал ризик да добијат мозочен удар.

“Истражувањето покажа дека поголемата потрошувачка на овошје и зеленчук и усвојувањето на поголемо количество витамин Ц се поврзани со намалување на ризикот од мозочен удар“, соопштија научници од медицинскиот факултет на универзитетот Источна Англија во Норвич.

“Познато е дека Флавоноидите обезбедуваат некаква форма на заштита преку различни механизми, како подобрување на функциите на крвните садови и имаат против-воспалителен ефект”

Извор: Превентус

Природни лекови за дијабетес

Дијабетесот е хронична болест која е предизвикана од недостаток на инсулин во организмот. Најчести симптоми се: сува уста, брзо заморување и губење на тежина…

Растенија кои го регулираат шеќерот во крвта

 

Потврдено е дека една лажица цимет дневно значително го намалува нивото на шеќер во крвта. Покрај тоа, оваа билка го намалува и нивото на лош холестерол.

Малината е исто така корисен природен лек за регулирање на шеќерот во крвта.

Пченката и овесот ја прочистуваат крвта, крвните садови и помагаат во регулирањето на симптомите на дијабетес.

Третирањето на дијабетесот (шеќерна болест) вклучува диетална исхрана со намалено внесување на јаглени хидрати. Кога шеќерот во крвта ќе биде во нормала, во исхраната можете да внесете путер, маслиново и кокосово масло. Исто така, треба да внимавате да внесувате доволно количество на минерали, бидејќи оваа болест често предизвикува недостаток на минерали во организмот.

Изовор: Превентус

Овошје за дијабетичари

Дијабетес е автоимуно заболување каде личноста има покачено ниво на шеќер во крвта затоа што телото не произведува доволна количина на инсулин или затоа што клетките не реагираат на произведениот инсулин…

Исхрана со малку шеќер и масти понекогаш може да ги скрати бројните задоволства. Стручњаците некогаш мислеле дека дијабетичарите не би смееле да јадат овошје, но денешните докази упатуваат на сосем спротивното.  Стручњаците итакнуваат дека овошјето е важен дел на исхрана кај дијабетичари, а ние ви ги донесуваме оние видови кои се најдобри.

Јаболко

Јаболкото е одличен избор за дијабетичари. Содржи малку калории, а го поттикнува телото за согорување на останатите калории. Тоа е богат извор на пектин кој има антиоксидантни својства, што го намалува нивото на слободни радикали и ризик од настанување на разни болести.

Зрнесто овошје

Зрнестото овошје содржи антоцијан кој му дава црвена боја и поттикнува ослободување на инсулин, го регулира шеќерот во крвта и го намалува ризикот од настанување на срцеви болести.

Грејпфрут ( Цитрон )

Може да се користи за намалување на ризикот од настанување на висок процент  на шеќер во крвта, особено кога се конзумира со продукти кои имаат ниско ниво на масти, шеќер и скроб.

Лубеница

Овошје кое содржи висок процент на вода како што се лубеница, папаја, јагоди, или сливи, делуваат одлично во успорување на апсорпција на глукоза. Дијабетичарите мораат овошјето со голем процент на вода да го конзумираат секојдневно.

Карфиолот лек за 100 болести

http://images.plusinfo.mk/large_pics/2013/01/21/karfiol.jpgКар­фи­о­лот ве­ќе по­дол­го вре­ме е дел од свет­ска­та куј­на, но ду­ри од не­о­дам­на на­уч­ни­ци­те му да­доа зна­че­ње на ва­жен про­дукт во бор­ба­та про­тив ра­кот, би­деј­ќи со­др­жи хе­ми­ка­лии што ги бло­ки­ра­ат не­го­ви­те кле­тки.
Ме­ѓу дру­го­то, кар­фи­о­лот е ви­стин­ски зе­лен­чук за си­те што се бо­рат про­тив не­по­треб­ни­те ки­ло­гра­ми. Ед­но пар­че леб од 13 гра­ма има иста енер­гет­ска вред­ност ка­ко и 100 гра­ма кар­фи­ол.
Од­ли­чен из­вор на ви­та­мин А, ви­та­мин К (ва­жен за ми­не­ра­ли­за­ци­ја на ко­ски­те) и ви­та­мин Ц (не­оп­хо­ден ви­та­мин за це­ли­от ор­га­ни­зам), фол­на ки­се­ли­на, бе­та-ка­ро­тен, же­ле­зо и про­те­ин. Во 100 гра­ма свеж кар­фи­ол се со­др­жат и 2,5 гра­ма ди­е­тал­ни влак­на.
Се пре­по­ра­чу­ва во ди­е­тал­на­та ис­хра­на, ис­хра­на­та на труд­ни­ци­те, а не­го­ви­от при­до­нес во бор­ба­та про­тив одре­де­ни бо­ле­сти и те­го­би е мош­не ши­рок: рак, аст­ма, стрес, хе­мо­ро­и­ди, не­до­стиг од апе­тит, ди­ја­бе­тес, ме­но­па­у­за, осте­о­по­ро­за, проб­ле­ми со ко­са­та, ме­та­бо­лиз­мот и про­ста­та­та, ка­ко и мно­гу дру­ги. По­ма­га кај де­то­кси­ка­ци­ја­та (чи­сте­ње) на ор­га­низ­мот и е ва­жен про­дукт во ис­хра­на­та на ма­ли­те де­ца.
По­ра­ди тен­ка­та це­лу­лоз­на мем­бра­на, кар­фи­о­лот се ва­ри по­бр­зо од дру­ги­те зе­лен­чу­ци од овој тип, та­ка што по­жел­но е да се при­ме­ну­ва и во ис­хра­на­та на бол­ни­те од же­лу­доч­но-црев­ни за­бо­лу­ва­ња и на де­ца­та.
Кар­фи­о­лот е ре­чи­си без ма­сти, има мош­не мал­ку ка­ло­рии и јаг­ле­хи­дра­ти, а со­др­жи и фи­то­ну­три­ен­ти. Си­те тие ма­те­рии го спре­чу­ва­ат штет­но­то дејс­тву­ва­ње на ен­зи­ми­те, кои се од­го­вор­ни за раз­вој на кле­тки­те на кар­ци­но­мот. За на­ма­лу­ва­ње на раз­во­јот на рак, по­жел­но би би­ло да кон­су­ми­ра­те ба­рем 2-3 па­ти не­дел­но по еден оброк на­пра­вен од кар­фи­ол. Исто ка­ко и кај бро­ку­ла­та, ак­цен­тот е на при­го­тву­ва­ње­то „ал ден­те“: што по­мал­ку да се ва­ри, би­деј­ќи со пре­дол­го­то ва­ре­ње се гу­бат си­те ле­ко­ви­ти својс­тва.
Дру­ги­те по­зи­тив­ни при­до­би­вки од кар­фи­о­лот се гле­да­ат во про­ши­ру­ва­ње­то на крв­ни­те са­до­ви во ге­ни­та­ли­и­те, вос­по­ста­ву­ва­ње на до­бар про­тек на крв, ка­ко и во по­зи­тив­ни­от ефект во од­нос на плод­но­ста и ли­би­до­то.
Се ко­ри­сти во са­ла­ти (во тој слу­чај и ма­кси­мал­но се за­чу­ву­ва ви­та­ми­нот Ц), за­пе­чен, по­хо­ван, во су­пи ка­ко до­да­ток или гла­вен про­дукт во крем-су­пи­те.
Мо­же­те да го за­мрз­не­те и за по­доц­неж­на упо­тре­ба.
Кар­фи­о­лот е зе­лен­чук кој мо­же да се упо­тре­би и во при­го­тву­ва­ње на зим­ни­ца, и тоа во ком­би­на­ци­ја со зе­ле­ни до­ма­ти, мор­ко­ви, кра­ста­ви­ци, пи­пер­ка и лук.
При ку­пу­ва­ње­то на кар­фи­о­лот, по­треб­но е да вни­ма­ва­те да е свеж, од­нос­но да има со­се­ма бе­ли гла­ви­ци при­пи­е­ни ед­на до дру­га. Ку­пе­ни­от кар­фи­ол чу­вај­те го во ла­дил­ни­кот во хар­ти­е­на ке­са за да не со­бе­ре вла­га, по­ра­ди што ќе по­цр­ни. Нај­до­бро е да го по­тро­ши­те во рок од 3 до 5 де­на.

Извор:+Инфо

Вистинските минерали за вас

thИсхрана богата со витамини, но и неопходни минерали, може да го намали холестеролот, да го зајакне имунитетот, да го забрза зараснување на раните и да ја зголеми плодноста кај мажите. Минералите се важни состојки на сите клетки.

Неопходни се за создавање на крв и коскен градивен материјал и за зачувување на здравјето на нервниот, ендокриониот систем и мускули како и крвни садови. Недостатокот на било кој од основните минерали, например Калиум, би можел да предизвика срцеви проблеми.

Магнезиумот е важен за здрави функции на нервите и мускулите влкучувајки го и срцето. Од витална важност е за правилен раст на коските. Добар извор е на магнезиум се житарките, мешунките, семките и зеленчукот, соините производи, лешници, ореви и минерална вода.

Дури 98% од Калциумот се наога во коските. Остатокот е во крвта и учествува во метаболичките функции. Калциумот исто така има важна улога во контрола на нервните потенцијали и мускулните контракции. Се наоѓа во млечните производи и рибата.

Цинкот помага во одржувањето на здрав имунитет. Важен е и за здравјето на репродуктивните органи, особено машките. Го има во месото, рибата, грашокот, житарките, семки од тиква, печурките и пивскиот квасец.

Неопходен за коските во форма на флуор е Флуоридот. Потребен за цврста и отпорна забна глеѓ и значително ја зголемува цврстината и трајноста на коските. Го има во водата која ја пиете, чајот, желатинот и морската риба.

Не постои клетка во организмот која содржи Натриум, сите телесни течности како што се крвта, солзите и потта. Со калиумот и хлоридот правилно се распределува течноста, се контролира мускулната контракција и функцијата на нервите клетки. Извор на Натриум се солтта, солените намирници и соиниот сос.

Јодот е одговорен за правилен развој и работа на штитната жлезда, која преставува една од централните жлезди во човековиот организам. Недостатокот на Јод може да предизвика зголемување на штитната жлезда, познато во народот како Гушавост. Најдобар извор на овој минерал е Јодираната сол, а сосема задоволителни извори се и Јогуртот и морската тревка.

Извор: Превентус.мк

Мозочен удар

Фатален во 1/3 од случаите

Мозочниот удар е трета најчеста причина за смрт во разиените земји, следејки ги коронарните болести и ракот, и главна причина за долготрајна физичка, когнитивна, емоционална, социјална и работна неспособност.

Во продолжение на рубриката мозочен удар – прашања и одговори, дознајте како може да се намали ризикот од негово повторно настанување?

Диета

Диета промена на начинот на исхрана, диета со ниска содржина на сол и заситени масти, консумација на храна богата со растителни влакна, овошје и зеленчук.

Редукција на консумацијата на алкохол.

Справување со најважните фактори на ризик

Пушење цигари
-го зголемува ризикот за мозочен удар, срцеви и васкуларни заболувања како и за рак на белите дробови.

Крвен притисок
-редовна контрола на крвниот притисок и третман на покачениот крвен притисок.

Антиагрегациона терапија

Ја спречува агрегацијата на тромбоцити кај пациентите со исхемичен тип на мозочен удар кој настанал како резултат на тромботично зачепување на предходно артериосклеротично променет крвен сад. Докажано е дека оваа терапија може да превенира настанување на нов мозочен удар.Ацетилсалицилната киселина, клопидрогрел и дипиридамол сенајупотребуваните лекови од оваа група.

Антикоагулантна терапија

Се препорачува кај оние пациенти кај кои исхемичниот мозочен удар настанал како резултат на болести на срцето (прележан срцев удар, болести на срцевите валвули или нарушувања на ритамот на срцето, поради кои доага до формирање на емболуси кои преку крвта стигнуваат до мозокот).

Варфаринот и кумаринот се такви лекови и се ефикасни при намалување на ризикот за нов мозочен удар. Голем број на други лекови интерферираат со дејството на антикоагулантите. Пациентите кои ја примаат оваа терапја не треба да консумираат алкохол. При терапијата со овие лекови задолжителна е консултација со матичниот лекар.

Каротидна хирургија и стентирање

потребни се кога причина за исхемичниот мозочен удар е стеснување на луменот на големите крвни садови на вратот (каротидни артерии).

Постојат два начини да се разреши стеснувањето на луменот: еден со оперативен зафат – каротидна ендартеректомија, а вториот начин епоставување на стент во каротидните артерии. Овие процедури го намалуваат ризикот од повторен мозочен удар.

*Кога луменот на каротидната артерија е потполно зачепен овие интервенции не се изведуваат.

специјалист невролог