Archive for the ‘ Социјала ’ Category

Здружението Хуманост од 2009 година,  напорно работи на подобрување на условите за грижа на старите лица преку имплементација на формите на вонинститутционално-социјална заштита и социјално вклучување на старите лица во општеството.

Во 2009 година го реализраа  пилот проектот „Сервис за нега во домашни услови“ и опфатија 37 стари лица во општина Аеродром.

Од февруари 2013 година, во рамки на тековниот твининг проект на Европската Унија и Центарот за образование на возрасни, Хуманост го имплементираше пилот проектот „Асистенти за грижа на стари лица“.

Пилот проектот имаше за цел да изгради концепт на обука и сертифицирање на вештини кои ќе водат кон доделување на сертификат за асистент за грижа на стари лица.

Пилот проектот заврши на 21 јуни 2013 година со сертифицирање на 11 асистенти за нега на стари лица во домашни услови.

Овие 11 асистенти поминаа пет месеци, низ шест модули на теоретска и практична обука и се стекнаа со потребните знаења за понатамошна професионалан нега во домашни услови.

Следен чекор на ова здружение е и отварањето на сервис за нега во домашни услови со овој лиценциран тим за давање на професионална нега и грижа на старите лица.

 

penzioneri-

Ако Владата не ја наметнеше во јавноста темата за загрижувачкиот тренд на пад на наталитетот, тешко дека ќе имавме прилика да слушнеме од министерот за труд и социјала, Спиро Ристовски, дека пензискиот систем практично е пред колапс! Иако, состојбата веќе подолг период е аларматна и бара итни решенија, проблемот се призна дури сега, и тоа помалку случајно.

-Имаме запрепастувачка ситуација на еден пензионер во моментот да работат и одговараат за него 1,7 вработени лица што е тешко одржливо за целокупниот пензиски систем во Република Македонија, а до пред 20 години за потребите на еден пензионер работеа четири до пет лица – рече Ристовски, апелирајќи сериозно да се сфати ризикот од намалувањето на нателитетот.

Но, иако проблемот и јавно беше обелоденет, нема никакви најави дека се планираат било какви мерки за подобрување на ситуацијата. Напротив, таа дополнително ќе се влоши во март идната година, за кога е најавено ново зголемување на пензиите, овој пат за 5 проценти!

Од буџетот за пензии 287 милиони евра!

На Фондот за ПИОМ потребни му се околу 750 милиони евра годишно за пензии, но од придонесите што ги уплаќаат вработените собира не цели 450 милиони. За да обезбеди редовни пензии, Владата годинава директно од буџетот префрли во Фондот рекордни 287 милиони евра, или речиси исто колку и за капитални инвестиции. Праксата да се „помага“ ПИОМ не е нова, бидејќи пензискиот систем веќе дваесетина години не е самоодржлив, но последниве години зазема драматични размери. Така, само во однос на лани сумата што се трансферерира од буџетот е зголемена за 54 милиони евра, а во однос на 2008 година за цели 100 милиони евра!

Главната фалинка на македонскиот пензискиот систем, како и повеќето од земјите на источниот блок, е што тој е проектиран во социјализмот, кога имало многу повеќе работници, а многу помалку пензионери. На пример, во 1990 година, пред распадот на Југославија, во земјава имало 602.000 вработени и само 166.000 пензионери, што значи сооднос вработени/пензионери бил 3,6:1! Масовните отпуштања од работа во транзицијата и стареењето на населението во меѓувреме, овој сооднос денес го сведоа на 1,7:1. Има само 465.000 осигуреници, а дури 280.000 пензионери!

ПИОМ:Најлошото допрва доаѓа!

Но, најлошото се уште не дошло. Пензискиот систем особено ќе се најде на удар за 20-тина година, кога според проекциите на експертите во Фондот, бројот на старите лица ќе достигне третина од населението над 18 години и ќе биде еднаков на бројот на вработените!

– Во песимистичкото сценарио соодносот вработени/пензионери ќе се намали до 1,11:1, а дури и во оптимистичкото сценарио тој сооднос е неповолен и се намалува до 1,46:1. Ваков сооднос укажува дека систем кој се заснова само на тековно финансирање ќе има проблеми во своето работење, бидејќи самиот сооднос осигуреници – пензионери е индикатор за неодржливоста на системот – оценуваат експертите на ПИОМ.

И покрај крајно загрижувачките показатели, владата сепак, не планира значајни реформи што би ја вратиле виталноста на пензискиот систем. Годинава имаше само мало намалување на основицата за идните пензионери, но, според упатените, сериозен импакт може да се почуствува само преку зголемување на старосната граница за пензионирање, по примерот на многу европски земји. Сепак, ваков потег е малку веројатен, со оглед на политичките импликации од него.

Засега, сите надежи се во приватните пензиски фондови, кои за неколку децении треба да понесат посериозен дел од товарот, кој сега е само на грбот на државата.

М.Г. 

Извор: Фактор

Околу 60% од старите лица во Македонија живеат сами или со брачниот другар. Во албанските, турските
и ромските семејства старите лица најчесто живеат со своите деца во проширени семејства. Со изразени
проблеми во однос на домувањето се издвојуваат следните категории на старите лица: немоќни лица кои
живеат сами или со брачниот другар; стари лица кои живеат во оддалечени/непристапни рурални средини и
Роми кои живеат во три или четири генерациски семејства.
Старите немоќни лица кои живеат сами или со брачниот другар, најчесто живеат во сопствени живеалишта
(куќа или стан) и претежно сами ги задоволуваат своите потреби. Но, непостоење на помагала во стамбениот
простор и одржување на домот (поправки и хигиена), недоволно зајакнатат мрежа на алтернативни сервиси
за задоволување на нивните потреби, отсуството на превентивни програми и некоординираноста на службите
на национално и на локално ниво, им ја намалуваат можноста за самостојно живеење и задоволување на
своите потреби.
Особено тешки се животните условите на старите лица кои живеаат во изолирани рурални средини. Тие
најчесто живеат во стари и трошни куќи со водовод и санитарен чвор надвор од објектот, а огревното дрво
го собираат сами преку летото. Дополнтелно, изолираноста на овие средини и немањето на јавен превоз го
отежнува нивниот пристап до информации и задоволување на нивните потреби (социјална и здравствена
заштита). Пензионерите и оние кои примаат парични средства од своите деца во овие средини, најчесто
средствата не ги добиваат по пошта или на рака, туку мораат да ги подигнат од некој дуќан, училиште и сл.,
каде ги остава поштарот при што се отежнува нивната достапност, но исто така се зголемува и ризикот по
однос на безбедноста на овие лица.
Вообичаениот начин на живот на Ромите во проширени семејни зедници, како и ограничениот простор
за домување со услови за живеење под минимумот, исклучително неповолно се одразува врз состојбата на
оваа категорија на стари лица. Од вкупното старо население што живее во општината Шуто Оризари 8% од
старите лица живеат во еднгенерациски семејства (сами или со брачниот другар), 11% во двогенерациски
семејства, 69% во трогенерациски и 14% во четиригенерациски семејства11. Тие во текот на летото вообичаено
престојуваат на отворено, во дворовите, а останатиот период од годината го делат и онака минималниот
простор за живеење (една до две простории) со останатите членови на семејството.

Повеќе

Според податоците од последниот Попис на населението,
домаќинствата и становите од 2002 година, Република Македонија
брои 2.022.547 жители, што е за 3,9 % повеќе во однос на претходниот
попис (1994), или 43,0 % повеќе во однос на 1948 година. Според
проценките на населението од Државниот завод за статистика (ДСЗ),
(состојба 30.6.2008) вкупното население во Република Македонија
изнесува 2.046.898 жители.
Според проекциите (средна варијанта) на Обединетите нации
(ОН) во наредниот период се очекува намалување на бројот на
населението во Република Македонија и тоа во 2015 година да
изнесува 2.045.000 жители, во 2025 година да изнесува 2.037.000
жители, а во 2050 година да изнесува 1.857.000 жители. Мерено со
просечен пораст на населението, од 2010-2015 година се очекува
негативен пораст од 0,02 %, кој континуирано ќе продолжи и во
наредниот период кога се очекува намалување на населението во
периодот 2015-2020 година 0,01%, 2020-2025 година-0.09%, 2025 – 2050
година за -0,49 %.2
Густината на населението на

Според податоците од последниот Попис на населението,домаќинствата и становите од 2002 година, Република Македонијаброи 2.022.547 жители, што е за 3,9 % повеќе во однос на претходниотпопис (1994), или 43,0 % повеќе во однос на 1948 година. Споредпроценките на населението од Државниот завод за статистика (ДСЗ),(состојба 30.6.2008) вкупното население во Република Македонијаизнесува 2.046.898 жители.Според проекциите (средна варијанта) на Обединетите нации(ОН) во наредниот период се очекува намалување на бројот нанаселението во Република Македонија и тоа во 2015 година даизнесува 2.045.000 жители, во 2025 година да изнесува 2.037.000жители, а во 2050 година да изнесува 1.857.000 жители. Мерено сопросечен пораст на населението, од 2010-2015 година се очекуванегативен пораст од 0,02 %, кој континуирано ќе продолжи и вонаредниот период кога се очекува намалување на населението вопериодот 2015-2020 година 0,01%, 2020-2025 година-0.09%, 2025 – 2050година за -0,49 %.

Повеќе

Основен критериум при утврдувањето на условите за остварување право на старосна пензија е возраста и постоење на минимум навршен пензиски стаж. Условите за стекнување право на старосна пензија се уредени со законот за пензиско и инвалидско осигурување и тие се: 64 години живот за маж и 62 години живот за жена и најмалку 15 години пензиски стаж. Потребата од зголемување на старосната граница е резултат на демографските трендови, односно зголемување на очекуваното траење на животот на населението, а со тоа и на очекуваното времетраење на користење на пензијата. Според овие услови се постигнува одредена усогласеност помеѓу користење на пензијата приближувајќи се до европските стандарди во однос на времетраењето на користењето на пензијата помалку од 14 години.

Од пензискиот систем трајно се изостави можноста правото на старосна пензија да се остварува само со навршување одредени години на пензиски стаж, без оглед на возраста. Исклучок, од ова догорочно системско решение е преодната одредба од членот 30 според која осигуреникот (жена) која на 1 септември 2000 година имала најмалку 28 години пензиски стаж, односно (маж) најмалку 33 години пензиски стаж, право на старосна пензија да можат да остварат со навршување на 35 години, односно 40 години пензиски стаж, без оглед на возраста. Овој услов за стекнување право на старосна пензија се применува до 1 септември 2007 година.
Повеќе на : http://mtsp.gov.mk/?ItemID=5AC92DFC3D153045BDD5756409A5F098

Старост и стареење!!!

Прашањето за тоа што претсатвува старост е тесно поврзано со самиот процес.

Староста не е болест туку неодминлива фаза во животниот циклус на секој човек.

Стреењето пак е пророден процес кој започнува уште со самото раѓање и е во корелација со протекување на времето.

Постои физиолошко и патолошко стареење. Физиолошкото стареење всушност претставува хармонично забавување на органите и функциите, додека патолошкото стареење е условено од пореметување на разни функции, органи и системи поради болеста.

Поаѓајќи од тоа дека како почеток на староста во нашата земја е прифатена возраста над 65 години, тоа значи дека следнава периодизација е сосема прифатлива:

–          Период на рана старост ( 65-75години)

–          Период на старост ( просечна 76-85 години)

–          Период на доцна старост( преку 85 години)

Во првата фаза  на староста се забележуваат  мали знаци на старост но сепак старото лице е со релативно зачувани способности за извршување на секојдевните активности.

Во втората фаза имаме поинтезивни промени, се јавува се поголема успореност на целиот организам.

Во трета фаза симптомите од втората фаза се поинтезивни и многу стари лица во ова фаза не  се способни да се грижат сами за себе и најчесто постои потреба од физиолошка како и психосоцијална потреба од своето опкружување.

*Даниела Станојковска ( Завод за социјални дејности)

Предходно  ги набројав правата на вонинстуционална  социјална заштита, и накратко опишав зашто е толку потребна вонинстуционална  социјална заштита, но сега би  ја опишал поопширно таа потреба. Спомнав дека со воведување на ДСГ(Дијагностичко-сродните групи) со која се скратува престојот на пациентите во болница, негата од болнички услуги се префрла на нега во домашни услови од страна на семејството. Направено е истражување од страна на ЦИКП (Центар за истражување и креирање на политики), www.crpm.org.mk со кое се утврдува дека еден член од семејството просечно поминува од 5 до 8 часа дневно во давање на нега на болниот член. Меѓутоа најчесто оваа нега не е дадена од стручно лице и услугата кои што ја дават членовите од семејството е бесплата а реално на пазарот таа услуга чини 10.000,00 денари.Сигурно секој од нас се прашува како да се организира добро вонинстуционалната  социјална заштита и кои се чекори треба да се преземат.

Првата и најосновната работа е добра координација и донесување на добра стратегија од страна на општините и централната власт, потоа отварање на повеќе  центри и сервиси за нега во домашни услови на општиско ниво,дневни клубови,хоспис служби и др.

Услугите  во овие центри,клубови и хосписи би можеле да бидат организрани од  стреана на невладини организации, но сепак се поставува прашањето како ќе бидат финансирани истите.Во Хрватска,Словенија и Унгарија овие услуги се финансирани од страна на централната власт и општините и мал процент доплаќаат и самите корисници на услугите ( може да се  види од документарниот филм изработе од ЦИКП и истиот се наоѓа на веб стараната ) ), www.crpm.org.mк Но сепак јас би се фокусирал каква е ситуацијата во Р.Македонија.

Во Р.Македонија како прво сеуште немаме Центри за нега,немаме донесено конечна стратегија за социјалната заштита односно начини на  финансирање на  овие центри или пак сервиси за нега и како истите би се развивале  во иднина.По гледањето на документарниот филм наидов на информацијата за  единсвена невладина органозација која е пионер во областа на вонинстуционалната  социјална заштита  Хуманост, и отварањето на првиот Сервис за нега во домашни услови коко проект кои што траел шест месеци и истот делувал на подрачје  на Општина Аеродорм.Сервисот опфакал 37 корисници,и биле опслужувани од стручен тим (доктор,сестра,социјален работник,психолог,физиотерапевти и негователи) кои од понеделник до петок ги пружеле услугите на овие корисници и исите услуги за корисниците биле бесплатни.http://www.humanost.org.mk

Едно е сепак сигурно дека во блиска иднина би  требало да се организираат  повеќе вакви сервиси и центри во Р.Македонија. Искрено се надевам дека сите заедно би дале свој личен придонес  во оваа област ,а со тоа на извесен начин би се  задоволиле  потребите на страите лица.

ВОНИНСТИТУЦИОНАЛНАТА ЗАШТИТА

Вонинституционалната заштита ги подразбира следниве права:

– Прва социјална услуга на корисници на социјална заштита

Правото на прва социјална услуга на корисниците на социјална заштита, опфаќа уочување на проблемот кој произлегува од состојба на социјален ризик, укажување на корисникот на можните решенија, услуги и средства за негова заштита, како и мрежата на установи за давање услуги.

– Помош на поединец

Правото на помош на поединецот, подразбира примена на форми на стручна, советодавна или советувалишна работа, со која му се овожможува стекнување на потребни информации, оспособување за самостојно одлучување, зачувување и развој на социјалните потенцијали.

– Право на домашна нега и помош

Правото на домашна нега и помош, се обезбедува на старо, изнемоштено и лице со телесна попреченост, кое не е во состојба да се грижи за себе и му е потребна нега и помош во задоволувањето на егзистенцијалните потреби. Домашната нега и помош на лице се обезбедува и кога тоа живее во семејство.

– Право на дневно и привремено згрижување како помош на поединец и семејство

Правото на дневно згрижување, се обезбедува и на стари и изнемоштени лица преку услуги во врска со исхрана, дневен престој, културно-забавни активности, одржување на хигиена.

Правото на дневно згрижување се обезбедува и за лица со умерени и тешки пречки во интелектуалниот развој и на телесно попречено лице кое не може само да се грижи за себе.

Ова право се обебедува и тогаш кога лицето живее во семејство.

– Право на сместување во згрижувачко семејство

Право на сместување во згрижувачко семејство, според овој закон, имаат лицата кои немаат соодветни услови за живеење во своето семејство или од други причини им е потребно сместување во згрижувачко семејство, а не може да се примени друга форма на социјална заштита.  http://www.mtsp.gov.mk

Со воведување на ДСГ(Дијагностичко-сродните групи) со која се скратува престојот на пациентите во болница, негата од болнички услуги се префрла на нега во домашни услови од страна на семејството. Направено е истражување од страна на ЦИКП (Центар за истражување и креирање на политики), www.crpm.org.mk со кое се утврдува дека еден член од семејството просечно поминува од 5 до 8 часа дневно во давање на нега на болниот член. Меѓутоа најчесто оваа нега не е дадена од стручно лице и тоа е уште една причина за неопходноста од развивање на форми и облици на вонинституционалната заштита.