Archive for the ‘ Општо ’ Category

Mеѓународна размена на возрасни

 

Ratko
10403046_749218341826489_4278674392741473173_n

 

IMG_20150113_142934

Домот за стари лица – Хотел Идила-Терзиева  со својот корисник 77- годишниот Драган Јоасифовски е дел од размената за возрасни програма од Linked Age платформат со 62-гидишниот Ратко Мајсторовиќ од домот за стари лица Досор од Раденци, Словенија. Македонецот Драган од Идила-Терзиева го смени својот кревет со Словенецот Ратко на едена недела. Разметата на возрасни односно мобилноста кај воразните е програма на платформата Linked Age.

Драган Јосифовски од ПУСЗ Идила-Терзиева, Скопје,Македонија

10291_4865_DSCN6425-copy

Драган Јосифоски е роден во 1938 година во Демир Хисар во југозападниот дел на Македонија. Тој во оваа село го поминува своето детство и  својата младост. По воена служба во Југословенската народна армија заминува на работа во Германија, каде што остана до неговото пензионирање.  Прво, тој работел како  ѕидарски , а подоцна и во производството на комерцијални возила. По пензиониањето тој решава да се врати во Македонија и од здраствени причини решава да се смети во домот за стари лица Идила-Терзиева во Скопје. Драган се вклучува во актвностите за исполнување на слободното во домот, прошетка низ Скопје како и  преку викенд во посета на неговата семејна куќа во населбата Волково во Скопје. Оваа размена за Драган е повод да по неделниот престој во Досор да ја посети својата ќерка која живее во Марибор, Словенија.

Ратко Мајсторовиќ од Досор, Раденци, Словенија

 

10275_3996_DSCN6414-copy
Ратко Мајсторовиќ  е роден во 1953 година во Босанскиот град Клучеви каде што останува до завршување на неговото основно и  средно образование. Во Словенија се преселува во 1971 година  и работи се до 2010 година на повеќе работни места.

Во 2010 година, Ратко  преживива  собраќајна несреќа со сериозни повреди на главата и по операцијата и третман во 2011 година е пренесен во старечки дом во Kузмо во Прекмурје, и од таму по неколку месечен престој го префрлуваат во домот Досор Раденци.Ратко своето време го поминуваво помош на секојдневните  активностите во домот однсно со разнесување на испраните алишта и послтелнина и е доста активен во  спортот (шах, пикадо, куглање), Ратко со задоволство ја прифќа ова размена бидејќи до сегја нема посетено Македонија.

 

Дом за стари лица Идила-Терзиева, Македонија

10561574_1600666763492914_3454603755211430577_n

Дом за стари лица Досор, Словенија

10291_6852_DSCN6418-copy

Комбинација од антиоксидантни суплементи и упорен тренинг може да заштитат од губење на коскената маса кај постменопаузални жени, според една нова канадска студија…

Жените кои примаат комбинација на витамин Ц и Е и истовремено вежбаат не почувствувале губење на коскената маса во периодот од 6 месеци,за разлика од жените кои примале плацебо и почувствувале хендикепирачка загуба на коскена маса, според наодите публикувани воOsteoporosis International.

“Oвие резултати се интересни бидејќи ова е прва студија која ја проучува комбинацијата на овие интервенции кај здрави возрасни жени сугерирајќи уште една ефективна стратегија за одложување на губењето на коскената маса – Bone Mineral Density (BMD), поврзана со староста“, наведуваат истражувачите, предводени од Isabelle Dionne, PhD, од University of Sherbrooke.  Како и да е, истражувачите предупредуваат дека, со оглед на тоа дека ова е пилот студија, би било несоодветно да се донесуваат  “официјални нутриционистички препораки.“

“Понатамошни испитувања се потребни за да се одредат соодветните препораки за оваа популација особено бидејќи исхраната и вежбањето се две ефективни и достапни стратегии за одржување на здравјето кај постарата популација,“ наведуваат истражувачите.

Околу 75 милиони луѓе страдаат од остеопороза во САД, Европа и Јапонија. Жените имаат четири пати поголеми шанси за развој на остеопороза отколку мажите.

Dionne и нејзините соработници вклучиле 34 постменопаузални жени со просечна возраст од 66.1 година и просечен индекс на телесна маса – BMI од 25.98 кг/м2 и по случаен избор ги распоредиле во четири групи: плацебо без вежбање; антиоксиданти (600 мг витамин Е di-alpha-tocopherol и 1000 мг витамин Ц) без вежбање; плацебо со вежбање и антиоксиданти со вежбање, во период од шест месеци.

Мерењето на минералниот коскен дензитет – bone mineral density (BMD) на колкот (вратот на фемурот) и лумбалниот ’рбет покажале дека само групата со плацебо без вежбање почувствувала  значителна загуба на коскената маса во предлот на лумбалниот ’рбет. BMD на двете страни останал константен кај сите други групи.

Коментирајќи на можниот механизам, Dionne и нејзините соработници изјавиле дека претходната студија индицирала намалување на коскената ресорпција после антиоксидантна сумплементација.

“Антиоксидантите може да го намалат оштетувачкиот ефект на оксидативниот стрес на коскената маса преку намалување на покачената (up-regulated) диференцијација на остеокластите и зголемување на намалената (down-regulated) диференцијација на остеокластите,“ наведуваат истражувачите. Остеокластите се клетки кои ја разградуваат коската, доведувајќи до ресорпција и нејзино ослабување.

д-р Дарко Стојановски, доктор на медицина

Извор: Превентус.мк

СПОРЕД ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИKА

Демографски стануваме дом за стари лица

Македонија веќе може да се смета за стара зашто има повеќе од 8 отсто старо население, вели Амалија Јовановиќ, социјален демограф

Мариjа Тасев

До 2050 година, првпат во историјата на човештвото, бројот на старите во светот ќе го собори бројот на младите, објавија демографите вчера, на Меѓународниот ден на старите лица. Македонија не е исклучок – бројот на жители помлади од 15 години полека се доближува до бројот на лицата постари од 64 години.

Според податоци од Државниот завод за статистика, во земјава живеат околу 16.450 лица постари од 65 години, наспрема 26.770 лица помлади од 15 години.

Со исклучок на Јапонија, првите 25 земји на листата на демографски најстарите земји, се од Европа. Според извештајот, објавен по повод 1 Октомври – Меѓународниот ден на возрасните лица, 893 милиони луѓе или 12,8 проценти од вкупните седум милијарди жители на Земјата се на возраст над 60 години. Прогнозите предвидуваат дека во следната деценија таа група на луѓе ќе се зголеми за 200 милиони и ќе изнесува над милијарда. А, тоа веќе го вклучи алармот на стручњаците, кои предупредуваат дека тоа ќе ги оптовари здравствените и социјалните системи на државите.

Не се товар

Во извештајот се посочува дека до средината на 21 век околу 80 проценти од возрасните луѓе ќе живеат во развиените земји. А, според демографските пресметки, штом бројот на старите лица е поголем од 8 проценти, вкупното население се смета за старо.

– И Македонија веќе може да се смета за стара зашто има повеќе од 8 проценти население над 65-годишна возраст – вели Амалија Јовановиќ, социјален демограф.

За млади се сметаат децата што наполниле 15 години.

Иако процесот на глобалното стареење е карактеристичен за сите европски земји, во Македонија тој процес се засилува, па границата меѓу стари и млади секоја година с` повеќе се намалува.

Во Министерството за труд и социјална работа велат дека во рамките на одржлив развој е поттикната интеграцијата на старите лица и се настојува да им се обезбедат услови за квалитетен живот, приспособен на системот на социјална заштита.

– Во рамките на тие напори се покачувањата на пензиите, отворањето клубови за пензионери, отворање нови современи старски домови, бесплатен превоз, бесплатен бањско-климатски третман, а од 1 јануари и бесплатни лекови за лицата што имаат примања под 10 илјади денари. Отворивме и дневни центри за стари лица во Чаир и во Центар, каде што дневно поминуваат и по педесетина граѓани – велат од кабинетот на министерот за труд и социјала Спиро Ристовски.

Старите лица не смеат да бидат третирани како товар на општеството, туку како негов составен дел, велат од Министерството.

– Особено тие што се витални и можат с` уште да придонесуваат со своето искуство. Тие треба да се вклучени во сите гранки на општеството, без разлика дали како волонтери или како друг вид советници. Имаме Национална стратегија за стареење, која предвидува мерки на државата во таа област – велат од кабинетот на министерот Ристовски.

Недоволна опфатеност

И фондот за население на ОН посочува дека треба да се искористи работниот потенцијал на возрасните лица и да им стави крај на дискриминацијата и насилството врз нив. Но, никој нема коментар за статусот на стотиците стари лица кои без каква било финансиска помош живеат осамени по селата, без социјална и медицинска заштита.

Во Македонија има околу 280 илјади пензионери, а само четири државни старски дома со одвај 570 легла и километарски листи на чекање за сместување.

Во Министерството за труд и социјална работа велат дека тоа е најслабата алка во социјалната заштита во земјава. Стратегијата за стари лица не предвидува брзо решавање на проблемот. Најавена е изградба на еден старски дом в година, а еден ќе се затвори поради дислокација.

– Во Скопје се Геронтолошкиот завод „13 Ноември“ и одделот „Мајка Тереза“ со капацитет од 111 легла, како и домот за стари лица „Сју Рајдер“ во Битола со 140 кревети. Во Kуманово работи домот „Зафир Сајто“ и има најголем капацитет – 165 легла. Домот „Kиро Kрстески-Платник“ во Прилеп има 151 легло. Од вкупно 567 дури 215 стари лица материјално се необезбедени и се сместени преку центарот за социјална работа.

Во старските домови во Македонија се опфатени 0,5 отсто од вкупниот број стари лица, иако европските стандарди препорачуваат да бидат опфатени до 5 отсто.

Извор:Дневник

Беше околу 8:30 часот кога едно преокупирано утро еден постар господин во осумдесеттите години пристигна за да прими неколку конци на неговиот прст.Тој кажа дека се брза и дека има закажано во 9:00 часот.

Му реков да седне да го прегледам.знаев дека ќе чека со часови за да го прегледа некој друг.Видов како гледа на часовникот загрижено и решив да му

помогнам бидејќи ионака немав друг пациент.По прегледот,раната беше добро санирана.Почнавме мал разговор додека ја средувам раната.Го прашав дали има закажано кај уште некој доктор бидејќи се брза.Господинот ми одговори дека нема и рече дека мора да оди во домот за стари и изнемоштени лица и да појадува со неговата жена.Го прашав за нејзиното здравје.Тој ми одговори дека таа е сместена таму некое време откако станала жртва на Алцхајмеровата болест.Потоа го запрашав дали таа ќе се лути ако тој закасни.
Одговори дека таа повеќе не знае кој е тој и не може да го препознава веќе пет години.
Го прашав зачудено: “И ти се уште одиш секое утро иако таа веќе не знае кој си ти?“
Тој се насмеа и ме фати за рака и рече: “Таа не ме знае,но јас се уште знам која е таа“

Се трудев да ги задржам солзите откако замина.
Си помислив,“Ете таква љубов сакам во мојот живот“

Вистинската љубов не е физичка,таа е прифаќање на се што е ,било,ќе биде или нема да биде.

Преку перфекционизам до депресија

Желбата да сте совршени во секој поглед се покажува kako фатална грешка која води до тешка депресија, предупредуваат научниците…

Соништата за совршен живот, совршено чиста куќа, кариера на врвот, среќно семејство и беспрекорно тело се бесмислени и само можат да ви наштетат. Сите напори кои жените ги прават за да се совршени, предизвикуваат депресија и доведуваат до хроничен перфекционизам. Докажано е дека стремежот кон совршенство неизбежно завршува со неуспех, бидејќи совршени работи не постојат.

Во гонењето на совршеноста ризикувате да завршите со користење на антидепресиви. 40% од жените и 20% од мажите сметаат дека не може да има истовремено добра кариера и големо семејство. Истражувањето исто така покажува дека 63 отсто од вработените мајки страдаат од стрес, а кај мажите бројката е помала – 51%.

Извор:Превентус.мк

СОС телефон 15 505 за лица во социјален ризик

Сите граѓани од денеска на бесплатниот СОС телефонски број 15 505, ќе можат да пријават злупотреба на деца, педофилија, бездомни, стари и изнемоштени, како и други лица кои се во каков било социјален ризик.

Новиот СОС телефонски број го промовура министетрот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, кој нагласи дека отсега граѓаните само со еден телефонски повик ќе можат да пријават лица во социјален ризик до институциите на системот и да им ја препуштаат работата понатаму на стручните лица.

– Секој граѓанин било малолетен или возрасен заслужува соодветна грижа доколку во одреден момент од својот живот се нашол во ситуација на социјален ризик. Ги повикуваме сите граѓани доколку забележат дете коешто се нашло на улица и за кое постои сомневање дека е економски експлоатирано од страна на други возрасни групи да алармираат на 15 505 кај СОС службите бидејќи со еден телефонски повик спасувате илјадници деца коишто против нивна волја се на улица наместо да бидат во топол семеен дом или во училишната клупа. Со еден телефонски повик ќе разбудиме илјадници родители кои воспитно ги запуштаат и занемаруваат сопствените деца. Со еден повик ќе спасиме и  многу други деца кои на овој или оној начин се нашле во социјален ризик: користење на алкохол дрога, цигари и слично, истакна Ристовски.

Секој граѓанин кој ќе забележи бездомно лице или лице за кое се претпоставува дека нема дом потребно е да го пријави на 15 505 СОС телефонот. Со еден телефонски повик на 15 505 ќе може да им се помогне и на стари и изнемоштени лица на кои им е потребна секојдневна помош од набавка на основните животни потреби, лекови и слично.

– Секое лице со кое судбината на суров начин си поиграла потребно е да добие адекватна грижа  и заштита. Доколку забележите дека некое од овие лица се нашле во одреден социјален ризик кој ја нарушува нивната сигурност и безбедност и за кого е потребна персонална асистенција од друго лице обратете се на СОС телефонот 15 505. Не смееме да ги заборавиме ниту злоупотребуваните деца и се позачестената појава на педофилија! Затоа, го повикуваме секој граѓанин доколку се сомнева или е директен сведок за сексуално злоупотребувано дете или забележи обид за било каков вид на злоупотреба  да не се колеба туку да пријави на СОС линијата. Само заедно ќе му помогнеме на секое дете, ќе спречиме педофилија и злоупотреба на дете – апелира министерот Спиро Ристовски.

www.dnevnik.com.mk

Жените живеат подолго од мажите

 

До 2050 година во светот ќе има повеќе стари отколку деца.

И населението во Македонија старее: постари од 65 години се 11,7 отсто од популацијата или 239.765 лица. Животниот век кај нас е 72,7 години, што е за четири години помалку отколку во ЕУ. А кај нас жените живеат 4 години подолго од мажите – нивниот просечен век е 76 години, а кај мажите 72 години.

Љубица Балабан

www.dnevnik.com.mk

Јадат ќотек од синовите и снаите

Секое трето лице во земјава постаро од 65 години трпи некакво насилство, а освен партнерот, речиси една третина од синовите и снаите ги тепаат овие лица. Половина од снаите ги запоставуваат свекрвите, а сексуално насилство се врши над 1,5 отсто постари жени. Ова се резултатите од истражувањето за застапеноста на насилството врз старите лица во Македонија, кое врз 960 лица го спроведе Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, во соработка со Светската здравствена организација.

Иако има 733 пријави за семејно насилство годишно, а 103 се од постари лица, тоа не се реални бројки зашто само 22 отсто од жртвите го пријавуваат насилството, додека 27 отсто воопшто не реагираат.

– Според една четвртина од испитаниците, најчеста форма на насилство е психолошката злоупотреба, потоа финансиската, а физичката злоупотреба и повредите се присутни со 9 отсто – Димитринка Јорданова-Пешевска од канцеларијата на СЗО.

– При истражувањето, наидовме на случај на жртва која трпи насилство, а иако побарала помош од институциите, не успеала да биде заштитена од ниедна! Најмалку жртви на насилството има во Скопскиот регион, а најмногу во Североисточниот, Југоисточниот и во Полошкиот – предупреди Мирјана Марковиќ од Институтот за политичко-правни и социолошки истражувања.

Шефот на канцеларијата на Светската здравствена организација во Скопје, Марија Kишман, рече дека за постарите лица треба да се укине партиципацијата за болничко лекување, а да им се овозможат повеќе рецепти за лекови, но и бесплатни вакцини против грип.

– До 2050 година околу 33 отсто од населението во земјата би имало над 60 години, според ОН. Најстаро е населението во Пелагонискиот регион – 20,8 отсто, а најмладо е во Полошкиот регион – 12,2 отсто – нагласи Kишман.

Во земјата има само четири установи за сместување стари лица и само еден дневен центар во Скопје.

– Работиме на отворање на повеќе центри во Скопје и во другите градови, а со Националната стратегија се планира и изградба на нови домови за стари лица. Со проширување на мрежата на засолништва ќе се унапреди системот на заштита и згрижување на жртвите – рече министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

Министерот за здравство Никола Тодоров не одговори конкретно дали ќе биде укината партиципацијата за болничко лекување на постари лица ниту дали ќе се обезбедат бесплатни вакцини.

www.dnevnik.com.mk

 

Бабаситерките и дедоситерките се побарани од бебиситерките. Тоа, како што велат Тиквешани, го наложува динамичниот начин на живеење во 21 век кога блиските имаат с` помалку време да се грижат за своите роднини од третата доба, па се принудени да ангажираат лице за нивно негување.

– Имам татко во поодминати години и поради големите обврски на работа, не можам постојано да се грижам за него. Затоа ангажирав лице кое ќе му се најде додека сум отсутна од домот – раскажува кавадарчанка.

Седумдесет и шестгодишната Лила Петрова од Kавадарци е една од многуте во регионот во чиј дом на помош доаѓа жена која се грижи за неа по седум часа, шест дена во неделата. На негувателката ~ плаќа месечно по 6.000 денари.

– Имам син кој ми посветува многу внимание, имам и ќерка која исто така доаѓа, ама сепак имам потреба некој да биде покрај мене кога тие се зафатени оти сум парализирана на десната страна повеќе од шест години. Ми треба некој да ми помогне да седнам или да легнам, да отидам до тоалет, да ми прави друштво кога тие не се покрај мене. Јадење ми приготвува готвач, жената која доаѓа да ми помага има обврска само да ми постави да јадам, да ги измие садовите и да подзачисти – објаснува Петрова.

Оваа пензионирана службеничка вели: „Фала му на Бога, с` уште добро паметам, гледам и добро слушам“.

– Јас гледам подобро од жената што доаѓа да ме чува, иако таа е повеќе од 20 години помлада од мене. Не можам да зборувам многу убаво. Ова е втора жена што доаѓа да ми помага. Претходно друга доаѓаше повеќе од 4 години – раскажува Петрова.

Нејзиниот син Марјан вели дека грижата за неговата мајка е дел од неговите обврски.

– Родители имаме сите. Секому му посакувам да му се живи и здрави. Но ако се разболат, обврската е голема. Веќе седма година јас мојот живот и работниот ден ги планирам имајќи ги предвид потребите на мојата мајка. Имам помош од сестра ми и од мојата сопруга. Се надополнуваме во грижата. Но моравме да ангажираме и жена, која ќе се грижи за неа кога ние имаме обврски. Приватник сум, имам своја работилница и не смеам да ја запоставам работата од која живеам – вели тој.

Дека расте бројот на заинтересираните за ангажирање жени кои би се грижеле за лица од третата доба ни потврди и 61-годишната Загорка Јованова. Таа во улога на негувателка била четири пати во различни семејства. Не криеше дека сака и по петти пат да биде ангажирана за ваква работа, барем до другата година кога очекува да добие пензија.

– Тоа е, нема што да работам и сакам да излезам од дома. Сопругот ми почина, Господ не ми даде дечиња. Порано одев на работа, сега не одам. Секако дека тука има улога и заработката, освен што ќе излезам од дома, ќе си земам и некој денар. Ќе имам и друштво, со некој да си правам муабет. Живеев со свекрва, ги сакам старите луѓе, не ми пречат. Ги бањам, ги преоблекувам, им готвам. Kога ќе остарам, најверојатно и јас ќе морам да побарам некој да ме гледа, да се грижи за мене кога самата нема да можам – со насмевка раскажува Јованова.

Таа е само една од многуте што се интересираат за ваков вид работа. Станбеното прашање ~ е решено, но има и спогодби за догледување старо лице кога на жената што се ангажира ~ се дава простор за живеење без да плаќа кирија или дури ~ се припишува имот како возврат за пожртвуваноста.

Светлана Дарудова

www.dnevnik.com.mk

Години за нов почеток

Соочувајќи се со првите пензионерски денови, некои поединци се нагажираат на различни работни полиња и тврдат дека имаат повеќе обврски сега,отколку кога работеле,но други се соочуваат со губење на самодовербата,здодевноста и со чуство дека немаат за што да се надеваат во престојните денови. За задржување на благосостојбата и на менталното здравје ,експертите им советуваат на новопечените пензионери секој ден да исполната нова креативна активност и да се испробаат во работите за кои порано немале време.

Не е крај на светот

Не препуштајте им се на монотонијата и на секојдневната рутина.Ако повеќе не одите на работа,тоа незначи дека треба да се поместувате од кревет на фотелја и да ги менувате тв-каналите и барајќи нова серија од 100 епизоди која ќе ви го убие остатокот од денот.Тоа што сте во пензија,незначи дека е крај на светот.Пронајдете нови предизвици во годините кои доаѓаат,препорачуваат докторите.

Страв од иднината

За разлика од оние што имаат повеќе од доволен интерес и страст да го исполнат секој момент од својот живот по заминувањето во пензија,има и такви кои незнаат да се снајдат,се плашат за идината и паѓаат во депресија. Мажите најчести ги мачата заморни мисли дека повеќе нема да можат да напредуваат во кариерата и дека изгубиле дел од својата машкост.Жените често се чуствуваат безначани,отфрлени и вишок, па се повлекуваат во себе обидиувајќи се да ги спречат своите човекови потреби. Во некои слуачаи се јавува и потиштеност(меланхолија),пад на енергијата,несоница и немање на желба за јадење.Како резултат на депресијата,се случува поединци да ја изгубат врската со реалноста,па без причина се борат со чуство на вина.Има и такви пензионери кои по одредено време се соочуваат со телесно и ментално пропаѓање,вознемиреност и нерасположеност кое ги блокира да одат понатаму.Поради нарушувањето на сонот и исцрпеност, подоцна во текот на денот некои се повлекуваат во себе и ја прекинуваат комуникацијата со блиското опкружување, велат докторите.

Како да ја победите депресијата

Има многу начини како да ја надмините  депресијата.Научете нешто ново и пронајдете го вашиот неоткриен талент,Кога сакате квалитетно да ги искористите пензионерските денови,потридете се да направите нешто што порано не сте го правеле поради недостиг на времето и организирајте си ги активностите по кои се чуствувате исполнети и задоволни.Посветете си себеси и на животниот партнер во целост.Вежбајте јога или научете танцови чекори.Запишете се на часово по странски јазици,сликајте, изработувајте предмети одите во кино,театар.Шетајте покрај река,во парк.Има ли нешто поубаво од реализирана личност,сега веќе можете да уживате во животот.