Здружението Хуманост од 2009 година,  напорно работи на подобрување на условите за грижа на старите лица преку имплементација на формите на вонинститутционално-социјална заштита и социјално вклучување на старите лица во општеството.

Во 2009 година го реализраа  пилот проектот „Сервис за нега во домашни услови“ и опфатија 37 стари лица во општина Аеродром.

Од февруари 2013 година, во рамки на тековниот твининг проект на Европската Унија и Центарот за образование на возрасни, Хуманост го имплементираше пилот проектот „Асистенти за грижа на стари лица“.

Пилот проектот имаше за цел да изгради концепт на обука и сертифицирање на вештини кои ќе водат кон доделување на сертификат за асистент за грижа на стари лица.

Пилот проектот заврши на 21 јуни 2013 година со сертифицирање на 11 асистенти за нега на стари лица во домашни услови.

Овие 11 асистенти поминаа пет месеци, низ шест модули на теоретска и практична обука и се стекнаа со потребните знаења за понатамошна професионалан нега во домашни услови.

Следен чекор на ова здружение е и отварањето на сервис за нега во домашни услови со овој лиценциран тим за давање на професионална нега и грижа на старите лица.