Archive for август, 2013

Здружението Хуманост од 2009 година,  напорно работи на подобрување на условите за грижа на старите лица преку имплементација на формите на вонинститутционално-социјална заштита и социјално вклучување на старите лица во општеството.

Во 2009 година го реализраа  пилот проектот „Сервис за нега во домашни услови“ и опфатија 37 стари лица во општина Аеродром.

Од февруари 2013 година, во рамки на тековниот твининг проект на Европската Унија и Центарот за образование на возрасни, Хуманост го имплементираше пилот проектот „Асистенти за грижа на стари лица“.

Пилот проектот имаше за цел да изгради концепт на обука и сертифицирање на вештини кои ќе водат кон доделување на сертификат за асистент за грижа на стари лица.

Пилот проектот заврши на 21 јуни 2013 година со сертифицирање на 11 асистенти за нега на стари лица во домашни услови.

Овие 11 асистенти поминаа пет месеци, низ шест модули на теоретска и практична обука и се стекнаа со потребните знаења за понатамошна професионалан нега во домашни услови.

Следен чекор на ова здружение е и отварањето на сервис за нега во домашни услови со овој лиценциран тим за давање на професионална нега и грижа на старите лица.

 

Сок од компир- чудесен лек

Благотворните својства на компирот одамна се познати во медицината, но и покрај тоа преовладува мислењето дека компирот не смее да се конзумира сиров. Тоа е заблуда затоа што „жив“ компирот е многу здрава и повеќекратна корисна намирница. Неговите придобивки за здравјето ги пренесува365.ком.мк

10-Sweet-Potatoes-PancreasFoods-That-Look-Like-Body-Parts-1Лушпата на здрав и органски одгледан компир не содржи никакви отрови штетни по здравјето. Опасно е да се јаде недозреан компир со зелена или со наместа зелена лушпа и зелени делови.

Компирот против многу тешки болести

За лековитоста на сокот од компир зборуваат многу експерти кои сметаат дека тој е природно средство за лекување на гастритис, една од најстрашните болести на денешницата. Се препорачува да се зема по една лажица сок од компир разреден со малку вода, половина час пред појадокот, ручекот и вечерата.

Кај луѓе со чир на желудник се советува секојдневно да пијат половина децилитар сок од компир на празен стомак и потоа по половина децилитар половина час пред ручекот и вечерата.

kompir2

Сокот од компир го намалува шеќерот во крвта, а помага и во лекување на болести на белите дробови дури и кај потешки болести како емфизема.

Ефикасноста на компирот за сузбивање на ракот постојано се докажува и во научните истражувања. Професорот Кагамин од медицинскиот факултет во Акита, Јапонија, успеал од сиров компир да издвои супстанција која се покажала ефикасна во спречувањето на растот на туморските келии кај лабораториски глувци. Резултатите ги објавил на меѓународен конгрес на Лигата за борба против ракот одржан во Германија.

kompir11Во последно време компирот се повеќе добива на важност како ефикасно средство во борбата против болести на црниот дроб и бубрезите, но и кај срцевите заболувања, висок притисок, дијабетес, ламбаго, ревматски болести… Независно од позитивните влијанија во третманот кај тешките болести, пиењето сок од сиров компир е одлично средство за зајакнување на имунитетот. Помага и кај честите главоболки и менструални болки.

Ако се чувствувате слабо или исцрпено наутро и навечер испијте сок направен од еден компир со средна големина, еден морков и јаболко и во рок од две недели повторно ќе бидете во форма.

Благодети на сокот од компир:

– го зајакнува имунитетот
– го чисти организмот од отрови
– ја негува проблематичната кожа
– се користи како дел од терапија против рак
– помага кај гастритисот и други тегоби во желудникот
– го намалува шеќерот во крвта
– помага кај болести на црниот дроб и бубрезите
– штити од кардиоваскуларни заболувања

Подготовка на сокот:

Добро измијте го компирот и отстранете ги од него сите зелени делови од кората и добро исчистете го. Потоа изрендајте го, ставете го во ленена крпа и исцедете сок. Тука може да искористите и соковник. Сокот секогаш пијте го свежо направен, а поради поубав вкус може да го измешате со овошје и зеленчук по избор, на пример јаболко или морков, сок од лимон или мед.

Izvor – 365.com.mk