Луѓето кои редовно консумират агруми како портокал и грејпфрут, ризикот од мозочен удар е помал, покажуваат резултатите од истражувањето, цитирани од Франс прес…

Тоа е базирано од 14-годишна анкета, извршена од страна на медицински сестри меѓу 69.622 пациенти во САД. Пациентките дале детални информации за ниваната потрошувачка на овошје и зеленчук. Целта била да се испита ефектот од флавоноидите, кои ги има во овошјето, зеленчукот, црното чоколадо и црвеното вино, врз здравјето.

Се покажало дека пациентите кои јадат повеќе портокали и грејпфрут и испиле поголеми количини сок од ваков вид плодови, се со 19 отсто помал ризик да добијат мозочен удар.

“Истражувањето покажа дека поголемата потрошувачка на овошје и зеленчук и усвојувањето на поголемо количество витамин Ц се поврзани со намалување на ризикот од мозочен удар“, соопштија научници од медицинскиот факултет на универзитетот Источна Англија во Норвич.

“Познато е дека Флавоноидите обезбедуваат некаква форма на заштита преку различни механизми, како подобрување на функциите на крвните садови и имаат против-воспалителен ефект”

Извор: Превентус