Archive for јуни, 2012

Со конзумирањето на боровница може да се вратат сеќавањата во случај на губење на помнењето, но може да помогне и за третман на некои болести како Алцхајмеровата болест и сенилност…

Научниците откриле дека додавање на боровница во секојдневната исхрана резултира со подобрување на меморијата.

Боровницата одмана се препорачува зашто е богата со флавоноиди и антиоксиданси, а најновите истражвања покажуваат дека боровницата го прави поактивен оној дел од мозокот кој го контролира помнењето и учењето.

„Научниците одамна се запознаени со здравствените предности на исхраната која е богата со боровници, но нашето истражување покажа дека исхраната со боровници може да ги зголеми мемориските способности на поединецот“ изјави доктор Џереми Спенсер, кој го води ова истражување.

Истражувањето е објавено во публикацијата Free Radical Biology и Medicine journal.

Извор:Превентус.мк

Што сè лечи дуњата

Дуњата е одамна позната во народната медицина и се користи првенствено како средство за ублажување на кашлица и смирување на стомачни тегоби. Најлековито е нејзиното семе, кое, кога ќе отстои во вода, ослободува слуз кој помага кај проблеми со кашлица…

Слузот, кој се добива од семето од дуња може да се користи за смирување на помали изгореници. Сокот од дуња е, исто така, лековит и се користи за подобрување на слузокожата на усните и на желудникот. Се користи и против дијареа кај деца.

Еве некои домашни лекови кои се направени од дуња, а кои се многу корисни…

 

Сируп за бронхитис

Издробете 5 гр. семе од дуња и прелијте ги со 100 мл. вода. Кога ќе се направи густа смеса, додадете 15 гр. свеж сок од боквица и 100 гр. мед и малку жалфија. Земајте по една лажичка три пати на ден пред јадење.

Балсам за изгореници

Издробете 10 гр. семе од дуња, прелијте го со 200 мл. вода и почекајте да се создаде лигава маса. Намачкајте го болниот дел од телото или користете го балсамот како облога.

Засладувач

Измелете килограм дуњи, исцедете го сокот, а потоа додадете 2 килограми шеќер и варете кратко време. Сипете го во стерилизирани шишиња и користете го за засладување на чаеви за ублажување на бројни тогоби и болести.

Сок за желудник

Измијте и ситно изрендајте килограм дуњи, а потоа исцедете ги низ газа. Испијте го сокот веднаш бидејќи брзо оксидира. Најдобро е да се пие пред јадење.

Извор: Преветус.мк

Кантарионот како лек за депресија


Според едно германско истражување, кантарионот не само што е лек за стомачни проблеми и површински рани, туку е ефикасен и во лекувањето на тешките облици на депресија…

Доктор Klaus Linde, кој го спроведе истражувањето заедно со колегите од Универзитетот во Минхен, дошол до овие резултати преку анализа на 29 истражувања во кои се споредува дејството на кантарионот со дејството на некои антидепресиви. Овие истражувања се извршени на 5500 пациенти, кои пателе од тешки облици на депресија.

При тоа кантарионот не само што се покажал делотворен во лекувањето, туку неговата употреба како лек ги дала истите резултати како и антидепресивите, кои досега се користеа за лекување на тешка депресија.

Освен тоа користењето на кантарионот, за разлика од антидепресивите јавува многу помалку несакани ефекти. Токму затоа, во Германија кантарионот редовно им се препорачува на пациентите заболени од депресија.

Извор: Превентус.мк

Брусницата како лек

Брусницата расте во форма на грмушка до висина од 40 сантиметри. Има овални темнозелени листови, а на врвовите на гранчињата висат во вид на гроздови, бели, а поретко црвенкасти поединечни цветови, кои имаат форма на sвончиња…

При крајот на август и почетокот на септември, од цветовите настануваат прво бели плодови, а покасно тие подоцна добиваат црвена боја. Бидејќи брусницата е многу отпорна на ладно и на мраз (до мунус 22 степени Целзиусови), таа е распространета во поголемиот дел од северната хемисфера, од краевите со умерено-континентална клима, па сè до арктичкиот дел (71° северна широчина). Посебно и одговара сончева и сува клима и кисела земја, богата со хумус, но поднесува и помалку хранлива песочна земја.

Што се содржи и за што се користи брусницата?

Брусницата содржи многу органски киселини, провитамин А (бета каротен), витамини од Б групата (Б1, Б2, Б3) и многу минерали. Покрај ова, таа содржи и многу фито-соединенија и омега-3 масни киселини.

Брусницата е растение, чии плодови се природен антибиотик. Плодовите од брусницата се богати со различни заштитни материи, содржат минерали како калиум и други, содржат витамини: А и Ц, како и растителни влакна. Црвената тврди топчести плодови имаат киселкаст вкус, кој произлегува од големата количина на витамин Ц, која ја содржат во себе.

Освен тоа, брусницата е веќе долго време позната како лековита билка. Од нејзините листови и плодови се прават лековити чаеви. Од свежите плодови се прават сокови, а плодовите можат да се чуват и замрзнати или сушени. Од нив може да се прават вкусни џемови, сосови и јадења.

Свежите, смрзнатите или сушените брусници, како и сокот од плодовите се природен антибиотик кој ги уништува штетните бактерии и габички во телото.

Биофлавоноидите имаат посебно антибактериско дејство. Така, бројни истражувања покажаа дека брусницата може да ја спречи инфекцијата на мочните патишта, посебно инфекцијата предизвикана од бактеријата Е.colli. Исто така, заштитните материи во брусницата делуваат и на уништување на бактеријата Helicobacter pylori, која е чест причинител на чир на желудникот.

Состојките во брусницата го намалуваат ризикот од разни типови на карциноми, како што се карциномот на дојката и дебелото црево. Студиите покажале дека брусницата го спречува растот на клетките на ракот, како и неговото ширење во телото.Брусницата го намалува шеќерот во крвта, што е корисно за дијабетичарите. Помага при стресни состојби, како и во превенција на кардиоваскулатните заболувања (волестите на срцето и крвните садови).Брусницата го подобрува и видот.Сокот и чајот од плодовите и лисјата на брусницата им се препорачува на децата и на старите лица. Треба да се напомене дека лисјата се берат после бербата на плодовите.

Црвените плодови на брусницата се користат како фил за колачи, за торти, од нив се прават мармалади и сирупи. Често сосовите од брусница се вкусен додаток на јадењата од дивеч.

Како и боровинките, така и брусницата потекнува од Северна Америка, а нејзините лековити својства ги знаеле уште американските староседелци.

Благодарение на високата концентрација на витамин Ц, плодовите од брусницата имаат киселкаст вкус. Плодот (освен како сок) може да се консумира свеж, сушен, смрзнат или пак може да се служи како сос или додаток на разни јадења. Плодовите се посебно богати, покрај со класичните витамини и минерали: А и Ц, калиум и растителни влакна, и со различни заштитни материи како што се биофлавоноидите.

Биофлавоноидите имаат силно изразено антиоксидансно дејство, со што се намалува ризикот за развој на рак. Антиоксидансите помагаат и во превенција на кардиоваскуларните заболувања, а хипуричната киселина претставува природен антибиотик со изразено дејство против габите.

Антоцианините и проантоцианидите помагаат во обновување на клетките одговорни за сетилото за вид.

Покрај тоа, брусницата има и многу мало количество на шеќер, па делува на намалување на шеќерот во крвта, што е посебно корисно за дијабетичарите.Научните истражувања покажале дека 3 чаши сок од брусница дневно го зголемуваат нивото на антиокидансите во плазмата преку 120%. Со таква консумација се подига нивото на „добриот“ холестерол во крвта, а на тој начин и се намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања за околу 40%.

Но, она поради кое брусницата стана прав „хит“ е, всушност нејзинотоблаготворно дејство на различните воспаленија и инфекции на уринарниот тракт.

Најчестата и најтврдокорна бактерија на уринарниот тракт, E. colli, се лепи за sидовите на уринарниот систем. Но, сокот од брусницата, на некој начин, го спречува тоа лепење на опасните бактерии за еднотелот на уринарниот тракт, така да бактериите полесно се исфрлаат со мочката.

Новите истражувања покажуваат дека некои состојки од брусницата делуваат и врз една друга честа и опасна бактерија, а тоа е Helicobacter Pylori, која во наголем процент е причина за чир во желудникот.

Но, и покрај сите овие корисни својства на брусницата, никако немојте да бидете „сам свој лекар“.

Доколку мислите дека имате инфекција на уринарниот систем (печење при мочање, болки во пределот на мочниот меур), секако прво треба да отидете на лекарски преглед.Секоја инфекција може да доведе до сериозни компликации.

извор : превентус.мк