Archive for мај, 2012

СОС телефон 15 505 за лица во социјален ризик

Сите граѓани од денеска на бесплатниот СОС телефонски број 15 505, ќе можат да пријават злупотреба на деца, педофилија, бездомни, стари и изнемоштени, како и други лица кои се во каков било социјален ризик.

Новиот СОС телефонски број го промовура министетрот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, кој нагласи дека отсега граѓаните само со еден телефонски повик ќе можат да пријават лица во социјален ризик до институциите на системот и да им ја препуштаат работата понатаму на стручните лица.

– Секој граѓанин било малолетен или возрасен заслужува соодветна грижа доколку во одреден момент од својот живот се нашол во ситуација на социјален ризик. Ги повикуваме сите граѓани доколку забележат дете коешто се нашло на улица и за кое постои сомневање дека е економски експлоатирано од страна на други возрасни групи да алармираат на 15 505 кај СОС службите бидејќи со еден телефонски повик спасувате илјадници деца коишто против нивна волја се на улица наместо да бидат во топол семеен дом или во училишната клупа. Со еден телефонски повик ќе разбудиме илјадници родители кои воспитно ги запуштаат и занемаруваат сопствените деца. Со еден повик ќе спасиме и  многу други деца кои на овој или оној начин се нашле во социјален ризик: користење на алкохол дрога, цигари и слично, истакна Ристовски.

Секој граѓанин кој ќе забележи бездомно лице или лице за кое се претпоставува дека нема дом потребно е да го пријави на 15 505 СОС телефонот. Со еден телефонски повик на 15 505 ќе може да им се помогне и на стари и изнемоштени лица на кои им е потребна секојдневна помош од набавка на основните животни потреби, лекови и слично.

– Секое лице со кое судбината на суров начин си поиграла потребно е да добие адекватна грижа  и заштита. Доколку забележите дека некое од овие лица се нашле во одреден социјален ризик кој ја нарушува нивната сигурност и безбедност и за кого е потребна персонална асистенција од друго лице обратете се на СОС телефонот 15 505. Не смееме да ги заборавиме ниту злоупотребуваните деца и се позачестената појава на педофилија! Затоа, го повикуваме секој граѓанин доколку се сомнева или е директен сведок за сексуално злоупотребувано дете или забележи обид за било каков вид на злоупотреба  да не се колеба туку да пријави на СОС линијата. Само заедно ќе му помогнеме на секое дете, ќе спречиме педофилија и злоупотреба на дете – апелира министерот Спиро Ристовски.

www.dnevnik.com.mk

Жените живеат подолго од мажите

 

До 2050 година во светот ќе има повеќе стари отколку деца.

И населението во Македонија старее: постари од 65 години се 11,7 отсто од популацијата или 239.765 лица. Животниот век кај нас е 72,7 години, што е за четири години помалку отколку во ЕУ. А кај нас жените живеат 4 години подолго од мажите – нивниот просечен век е 76 години, а кај мажите 72 години.

Љубица Балабан

www.dnevnik.com.mk

Јадат ќотек од синовите и снаите

Секое трето лице во земјава постаро од 65 години трпи некакво насилство, а освен партнерот, речиси една третина од синовите и снаите ги тепаат овие лица. Половина од снаите ги запоставуваат свекрвите, а сексуално насилство се врши над 1,5 отсто постари жени. Ова се резултатите од истражувањето за застапеноста на насилството врз старите лица во Македонија, кое врз 960 лица го спроведе Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, во соработка со Светската здравствена организација.

Иако има 733 пријави за семејно насилство годишно, а 103 се од постари лица, тоа не се реални бројки зашто само 22 отсто од жртвите го пријавуваат насилството, додека 27 отсто воопшто не реагираат.

– Според една четвртина од испитаниците, најчеста форма на насилство е психолошката злоупотреба, потоа финансиската, а физичката злоупотреба и повредите се присутни со 9 отсто – Димитринка Јорданова-Пешевска од канцеларијата на СЗО.

– При истражувањето, наидовме на случај на жртва која трпи насилство, а иако побарала помош од институциите, не успеала да биде заштитена од ниедна! Најмалку жртви на насилството има во Скопскиот регион, а најмногу во Североисточниот, Југоисточниот и во Полошкиот – предупреди Мирјана Марковиќ од Институтот за политичко-правни и социолошки истражувања.

Шефот на канцеларијата на Светската здравствена организација во Скопје, Марија Kишман, рече дека за постарите лица треба да се укине партиципацијата за болничко лекување, а да им се овозможат повеќе рецепти за лекови, но и бесплатни вакцини против грип.

– До 2050 година околу 33 отсто од населението во земјата би имало над 60 години, според ОН. Најстаро е населението во Пелагонискиот регион – 20,8 отсто, а најмладо е во Полошкиот регион – 12,2 отсто – нагласи Kишман.

Во земјата има само четири установи за сместување стари лица и само еден дневен центар во Скопје.

– Работиме на отворање на повеќе центри во Скопје и во другите градови, а со Националната стратегија се планира и изградба на нови домови за стари лица. Со проширување на мрежата на засолништва ќе се унапреди системот на заштита и згрижување на жртвите – рече министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

Министерот за здравство Никола Тодоров не одговори конкретно дали ќе биде укината партиципацијата за болничко лекување на постари лица ниту дали ќе се обезбедат бесплатни вакцини.

www.dnevnik.com.mk

 

Бабаситерките и дедоситерките се побарани од бебиситерките. Тоа, како што велат Тиквешани, го наложува динамичниот начин на живеење во 21 век кога блиските имаат с` помалку време да се грижат за своите роднини од третата доба, па се принудени да ангажираат лице за нивно негување.

– Имам татко во поодминати години и поради големите обврски на работа, не можам постојано да се грижам за него. Затоа ангажирав лице кое ќе му се најде додека сум отсутна од домот – раскажува кавадарчанка.

Седумдесет и шестгодишната Лила Петрова од Kавадарци е една од многуте во регионот во чиј дом на помош доаѓа жена која се грижи за неа по седум часа, шест дена во неделата. На негувателката ~ плаќа месечно по 6.000 денари.

– Имам син кој ми посветува многу внимание, имам и ќерка која исто така доаѓа, ама сепак имам потреба некој да биде покрај мене кога тие се зафатени оти сум парализирана на десната страна повеќе од шест години. Ми треба некој да ми помогне да седнам или да легнам, да отидам до тоалет, да ми прави друштво кога тие не се покрај мене. Јадење ми приготвува готвач, жената која доаѓа да ми помага има обврска само да ми постави да јадам, да ги измие садовите и да подзачисти – објаснува Петрова.

Оваа пензионирана службеничка вели: „Фала му на Бога, с` уште добро паметам, гледам и добро слушам“.

– Јас гледам подобро од жената што доаѓа да ме чува, иако таа е повеќе од 20 години помлада од мене. Не можам да зборувам многу убаво. Ова е втора жена што доаѓа да ми помага. Претходно друга доаѓаше повеќе од 4 години – раскажува Петрова.

Нејзиниот син Марјан вели дека грижата за неговата мајка е дел од неговите обврски.

– Родители имаме сите. Секому му посакувам да му се живи и здрави. Но ако се разболат, обврската е голема. Веќе седма година јас мојот живот и работниот ден ги планирам имајќи ги предвид потребите на мојата мајка. Имам помош од сестра ми и од мојата сопруга. Се надополнуваме во грижата. Но моравме да ангажираме и жена, која ќе се грижи за неа кога ние имаме обврски. Приватник сум, имам своја работилница и не смеам да ја запоставам работата од која живеам – вели тој.

Дека расте бројот на заинтересираните за ангажирање жени кои би се грижеле за лица од третата доба ни потврди и 61-годишната Загорка Јованова. Таа во улога на негувателка била четири пати во различни семејства. Не криеше дека сака и по петти пат да биде ангажирана за ваква работа, барем до другата година кога очекува да добие пензија.

– Тоа е, нема што да работам и сакам да излезам од дома. Сопругот ми почина, Господ не ми даде дечиња. Порано одев на работа, сега не одам. Секако дека тука има улога и заработката, освен што ќе излезам од дома, ќе си земам и некој денар. Ќе имам и друштво, со некој да си правам муабет. Живеев со свекрва, ги сакам старите луѓе, не ми пречат. Ги бањам, ги преоблекувам, им готвам. Kога ќе остарам, најверојатно и јас ќе морам да побарам некој да ме гледа, да се грижи за мене кога самата нема да можам – со насмевка раскажува Јованова.

Таа е само една од многуте што се интересираат за ваков вид работа. Станбеното прашање ~ е решено, но има и спогодби за догледување старо лице кога на жената што се ангажира ~ се дава простор за живеење без да плаќа кирија или дури ~ се припишува имот како возврат за пожртвуваноста.

Светлана Дарудова

www.dnevnik.com.mk

Години за нов почеток

Соочувајќи се со првите пензионерски денови, некои поединци се нагажираат на различни работни полиња и тврдат дека имаат повеќе обврски сега,отколку кога работеле,но други се соочуваат со губење на самодовербата,здодевноста и со чуство дека немаат за што да се надеваат во престојните денови. За задржување на благосостојбата и на менталното здравје ,експертите им советуваат на новопечените пензионери секој ден да исполната нова креативна активност и да се испробаат во работите за кои порано немале време.

Не е крај на светот

Не препуштајте им се на монотонијата и на секојдневната рутина.Ако повеќе не одите на работа,тоа незначи дека треба да се поместувате од кревет на фотелја и да ги менувате тв-каналите и барајќи нова серија од 100 епизоди која ќе ви го убие остатокот од денот.Тоа што сте во пензија,незначи дека е крај на светот.Пронајдете нови предизвици во годините кои доаѓаат,препорачуваат докторите.

Страв од иднината

За разлика од оние што имаат повеќе од доволен интерес и страст да го исполнат секој момент од својот живот по заминувањето во пензија,има и такви кои незнаат да се снајдат,се плашат за идината и паѓаат во депресија. Мажите најчести ги мачата заморни мисли дека повеќе нема да можат да напредуваат во кариерата и дека изгубиле дел од својата машкост.Жените често се чуствуваат безначани,отфрлени и вишок, па се повлекуваат во себе обидиувајќи се да ги спречат своите човекови потреби. Во некои слуачаи се јавува и потиштеност(меланхолија),пад на енергијата,несоница и немање на желба за јадење.Како резултат на депресијата,се случува поединци да ја изгубат врската со реалноста,па без причина се борат со чуство на вина.Има и такви пензионери кои по одредено време се соочуваат со телесно и ментално пропаѓање,вознемиреност и нерасположеност кое ги блокира да одат понатаму.Поради нарушувањето на сонот и исцрпеност, подоцна во текот на денот некои се повлекуваат во себе и ја прекинуваат комуникацијата со блиското опкружување, велат докторите.

Како да ја победите депресијата

Има многу начини како да ја надмините  депресијата.Научете нешто ново и пронајдете го вашиот неоткриен талент,Кога сакате квалитетно да ги искористите пензионерските денови,потридете се да направите нешто што порано не сте го правеле поради недостиг на времето и организирајте си ги активностите по кои се чуствувате исполнети и задоволни.Посветете си себеси и на животниот партнер во целост.Вежбајте јога или научете танцови чекори.Запишете се на часово по странски јазици,сликајте, изработувајте предмети одите во кино,театар.Шетајте покрај река,во парк.Има ли нешто поубаво од реализирана личност,сега веќе можете да уживате во животот.

ЕУ година на активно стареење

Оваа година има намера да се подигне свеста за придонесот што постарите луѓе го прават за општеството. Се обидуваме да ги охрабри политичарите и релевантните засегнати страни на сите нивоа да се преземе акција со цел за создавање на подобри можности за активно стареење и зајакнување на солидарноста меѓу генерациите.

Што е активно стареење?

Активно стареење подразбира стареење во добро здравје и како полноправен член на општеството, со чувство на поголема исполнетост во нашите работни места, повеќе самостојни и независни во нашите секојдневни животи и повеќе вклучени како граѓани. Не е важно колку години имаме, сепак можеме да ја одиграме нашата улога во општеството и да уживаме подобар квалитет на живот. Европската 2012 година има за цел да промовира активно стареење во три области:

Вработување – како што животниот век се зголемува низ цела Европа, се зголемува и возраста за одење во пензија, но многумина стравуваат дека тие не ќе бидат во можност да останат на нивните сегашни работни места или да најдат друга работа се додека не можат да се пензионираат со пристојна пензија. Ние мора да им дадеме на постарите работници подобра позиција на пазарот на трудот.

Учество во општеството – пензионирањето од една е работа не значи станување неактивен. Придонесот на постарите луѓе во општество е како негуватели за другите, обично сопствените родители или брачни другари и нивните внуци често се занемарува како и нивната улога како волонтери. Европската година има за цел да се обезбеди поголема потврда за она што постарите луѓе му носат на општеството и да се создаде поголема поддршка и услови за нив.

Самостојно живеење – нашето здравје опаѓа како што старееме, но многу може да се направи за да се справиме со овој пад. И сосема мали промени во нашата средина може да направат голема разлика во луѓето кои страдаат од различни здравствени нарушувања и пречки во развојот. Активно стареење, исто така, значи зајакнување на самите себе, така што можеме да проживееме што е можно подолго.

Europa.eu