Според последните статистики и направени испитувања, граѓаните на нашата држава во просек живеат четири години помалку во споредба со оние од земјите-членки на ЕУ.

Овој не баш пријатен податок за нас денес го објави Светската здравствена организација (СЗО) по повод Светскиот ден на здравјето, 7-ми април. Статистиката е правена само врз основа на чисти факти, во кои не се наведуваат конкретните причини кои придонесуваат за дадениот резултат, туку едноставно се обсервирани податоците од испитувањето, а во краткото образложение се вели дека ова се должи на социо-економските услови и начинот на исхраната. подолго живеат жените, во просек 76 години, додека просечниот век на мажите е 72 години. А како најчеста причина за смртноста на македонските граѓани се кардиоваскуларните болести.

Најстари лица на територијата на цела држава има во полошкиот регион, а најмногу надеж даваат демографските податоци од источниот дел, што по малку делува и парадоксално, затоа што истиот овој регион според заводот за статистика е со најмал стандард во нашата држава.

Како резлутат на овие факти, се доаѓа до заклучокот дека населението во Македонија се повеќе старее, па така СЗО препорачува државата да ги унапреди институциите за грижа на старите лица. Претставникот на СЗО за Македонија, Марија Кишман вели дека е потребно да се направи специфична стратегија што би вклучила унапредување на капацитетите на геријатриските служби, отворање на центри за стари лица, зголемување на достапноста на вакцините – особено против грипот, стручна подготовка на оние кои работат во институциите за грижа на старите лица и други мерки што ќе придонесат за подобрување на квалитетот на животот на постарите генерации.

alt