Archive for ноември, 2011

Да не ги заворавиме! и тие се дел од нашиот живот

Да бидеме хумани-заеднички да им помагаме на старите лицаи на сите оние кои нашата помош им потребна

Мозочен удар

Фатален во 1/3 од случаите

Мозочниот удар е трета најчеста причина за смрт во разиените земји, следејки ги коронарните болести и ракот, и главна причина за долготрајна физичка, когнитивна, емоционална, социјална и работна неспособност.

Во продолжение на рубриката мозочен удар – прашања и одговори, дознајте како може да се намали ризикот од негово повторно настанување?

Диета

Диета промена на начинот на исхрана, диета со ниска содржина на сол и заситени масти, консумација на храна богата со растителни влакна, овошје и зеленчук.

Редукција на консумацијата на алкохол.

Справување со најважните фактори на ризик

Пушење цигари
-го зголемува ризикот за мозочен удар, срцеви и васкуларни заболувања како и за рак на белите дробови.

Крвен притисок
-редовна контрола на крвниот притисок и третман на покачениот крвен притисок.

Антиагрегациона терапија

Ја спречува агрегацијата на тромбоцити кај пациентите со исхемичен тип на мозочен удар кој настанал како резултат на тромботично зачепување на предходно артериосклеротично променет крвен сад. Докажано е дека оваа терапија може да превенира настанување на нов мозочен удар.Ацетилсалицилната киселина, клопидрогрел и дипиридамол сенајупотребуваните лекови од оваа група.

Антикоагулантна терапија

Се препорачува кај оние пациенти кај кои исхемичниот мозочен удар настанал како резултат на болести на срцето (прележан срцев удар, болести на срцевите валвули или нарушувања на ритамот на срцето, поради кои доага до формирање на емболуси кои преку крвта стигнуваат до мозокот).

Варфаринот и кумаринот се такви лекови и се ефикасни при намалување на ризикот за нов мозочен удар. Голем број на други лекови интерферираат со дејството на антикоагулантите. Пациентите кои ја примаат оваа терапја не треба да консумираат алкохол. При терапијата со овие лекови задолжителна е консултација со матичниот лекар.

Каротидна хирургија и стентирање

потребни се кога причина за исхемичниот мозочен удар е стеснување на луменот на големите крвни садови на вратот (каротидни артерии).

Постојат два начини да се разреши стеснувањето на луменот: еден со оперативен зафат – каротидна ендартеректомија, а вториот начин епоставување на стент во каротидните артерии. Овие процедури го намалуваат ризикот од повторен мозочен удар.

*Кога луменот на каротидната артерија е потполно зачепен овие интервенции не се изведуваат.

специјалист невролог

Хипогликемија

Хипогликемија е состојба на намалено количество на глукоза (крвен шеќер) во крвта. Најчесто се јавува како компликација кај пациенти со дијабетес кои користат инсулин во терапија.

За хипогликемија се смета ниво на глукозата во крвта помало од 3-3.3 mmol/l (50-60 mg/dl).

Симптоми

Симптомите на хипогликемија се различни кај секоја индивидуа. Најчесто, пациентите се жалат на:

  • општа слабост;
  • поспаност;
  • вртоглавици;
  • конфузност;
  • глад.

Други знаци за хипогликемија можат да бидат:

  • бледило;
  • главоболка;
  • иритабилност, агресивно однесување;
  • тремор;
  • потење;
  • тахикардија;
  • чувство на студ.

Во потежок случај, личноста со хипогликемија може да изгуби свест, дури и да падне во кома.

Третман

Важно е брзо да се препознаат симптомите на хипогликемија и да се делува веднаш. Често истите брзо се повлекуваат доколку личноста јаде храна или се напие течност која содржи шеќери. Парче чоколадо или шише кока-кола обично помагаат за враќање на нормалното ниво на глукоза во крвта.

Во потешките случаи на хипогликемија, кога пациентот е со нарушена свест, третманот се состои во интравенска апликација на раствор на декстроза.

Превземено од: Доктори.мк