Archive for октомври, 2011

Природно лекување

Диспепсија или нарушување на варењето на храната е едно од најчестите болести  со кои се бори современиот човек. Модерниот начин на живеење  не ни нуди доволно слободно време и  секојдневно сме изложени на стресни ситуации, што на многу им делува за развој на оваа болест.Пушењето,алкохолот и прекумерните количини на внесување на кафе не соодветна исхрана се предизвик за диспепсијата. Во основа диспепсијата може да биде и органско заболување како што се пептички чир,гастритис,иратибилни колосин дром на надрезнатите црева и рак на желудникот. За лечење на диспепсијата од голема корист се лековитите билки,така што ги спречува симптомите како што се мачнината,горчливоста и повраќањето. Позначајни билки за оваа болест се нането,золтито канатрион и комарачот.

Заедничко дружење

На 01.10.2011 година  со покана од Комерцијална банка АД Скопје- Координативно тело за општествена одговрност  возрасните членови на Хуманост (пензионерите),како и возрасните лица сместени во институциите за социјална заштита ( Дом за стари лица Мери Терзиева и Дом за стари лица  Мајка Тереза) и пензионерите кои работеле во Комерцијална банка учествуваа на еднодневен излет до манастирот Св. Ѓорѓи во с.Дељадровци. Излетот придонесе да возрсните лица односно пензионерите од Хуманост,институциите и пензионерите од Комерцијална банка поминаa прекрасен ден,посебно  возрасните лица кои се социјално исклучени.