Archive for мај, 2011

Истражување

Здружението за унапредување на условите за грижа и сместување на стари и изнемогнати лица “Хуманост“ Скопје, со финансиска поддршка на Град Скопје, во период од 6 месеци ќе го реализира проектот ‘’Сеопфатно истражување и анализа на потребите за форми на згрижување на стари лица во град Скопје’’, со што би се подобрил квалитетот на живот на старите лица преку предлагање на форми за социјална заштита, кои ќе нудат услуги соодветни на потребите на старите лица.

Со истражувањето ќе бидат опфатени 996 стари лица над 65 години во општините со висок процент на старо население во град Скопје и тоа на подрачјето на Општините: Центар, Карпош, Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров, Гази Баба, Чаир и Бутел.

 

За подетални информации околу самиот проект следете не web страната на Здружението Хуманост:

www.humanost.org.mk. skopje.gov.mk

Поддржано од

 

 

Град Скопје      

Музика и смеење!!!

Истражувањето спроведено на лицата во средни години сугерира дека смеењето и слушањето на омилената музика можат да придонесат за намалување на крвниот притисок. Јапонските научници од универзитетот во Осака три месеци следеле 79 испитаници постари од 40 години. На крајот од студијата слушањето музика во просек довело до намалување на крвниот притисок за 6 mmHg.По три месеци крвниот притисок кај испитаниците вклучени во т.н. терапија за смеење бил понизок за 5 mmHg. Истражувачите додаваат дека намалувањето на крвниот притисок било уште поголемо непосредно по смеењето или слушањето музика.