Околу 60% од старите лица во Македонија живеат сами или со брачниот другар. Во албанските, турските
и ромските семејства старите лица најчесто живеат со своите деца во проширени семејства. Со изразени
проблеми во однос на домувањето се издвојуваат следните категории на старите лица: немоќни лица кои
живеат сами или со брачниот другар; стари лица кои живеат во оддалечени/непристапни рурални средини и
Роми кои живеат во три или четири генерациски семејства.
Старите немоќни лица кои живеат сами или со брачниот другар, најчесто живеат во сопствени живеалишта
(куќа или стан) и претежно сами ги задоволуваат своите потреби. Но, непостоење на помагала во стамбениот
простор и одржување на домот (поправки и хигиена), недоволно зајакнатат мрежа на алтернативни сервиси
за задоволување на нивните потреби, отсуството на превентивни програми и некоординираноста на службите
на национално и на локално ниво, им ја намалуваат можноста за самостојно живеење и задоволување на
своите потреби.
Особено тешки се животните условите на старите лица кои живеаат во изолирани рурални средини. Тие
најчесто живеат во стари и трошни куќи со водовод и санитарен чвор надвор од објектот, а огревното дрво
го собираат сами преку летото. Дополнтелно, изолираноста на овие средини и немањето на јавен превоз го
отежнува нивниот пристап до информации и задоволување на нивните потреби (социјална и здравствена
заштита). Пензионерите и оние кои примаат парични средства од своите деца во овие средини, најчесто
средствата не ги добиваат по пошта или на рака, туку мораат да ги подигнат од некој дуќан, училиште и сл.,
каде ги остава поштарот при што се отежнува нивната достапност, но исто така се зголемува и ризикот по
однос на безбедноста на овие лица.
Вообичаениот начин на живот на Ромите во проширени семејни зедници, како и ограничениот простор
за домување со услови за живеење под минимумот, исклучително неповолно се одразува врз состојбата на
оваа категорија на стари лица. Од вкупното старо население што живее во општината Шуто Оризари 8% од
старите лица живеат во еднгенерациски семејства (сами или со брачниот другар), 11% во двогенерациски
семејства, 69% во трогенерациски и 14% во четиригенерациски семејства11. Тие во текот на летото вообичаено
престојуваат на отворено, во дворовите, а останатиот период од годината го делат и онака минималниот
простор за живеење (една до две простории) со останатите членови на семејството.

Повеќе