Archive for декември, 2010

Институтции за стари лица

Во третата доба од својот живот многу стари лица остануваат сами во своите домови или најчесто нема кој да се грижи за нив. Им недостасува и помош и грижа од други лица. Им недостига убав збор и некое насмеано лице за разговор. Ако се снемоштени, им треба нешто вкусно и убаво да каснат за закрепнување. На некои им е потребна и помош и околу одржувањето на хигиената, земањето на терапијата, но најмногу од се’ им недостасува дружење со луѓето. Затоа голем дел од старите го наоѓаат сето ова во домови за стари лица. Покрај државни домови во Македонија постојат и приватни домови. Во посета на еден приватен дом кој се наоѓа во општина Аеродром, станува збор за приватниот дом за стари лица Мери Терзиева и целта на посетат е колку и како старите лица се задоволни од услугата и колку старите лица се социјалилизираат.

Во прилог ви го прикажувам писмото кои баба Цвета и дедо Џевад го напишаа. Писмото доволно кажува  за задоволството и одговорот кој го барав.

УЖИВАМЕ ВО ГОСТОПРИМСТВОТО НА ДОМОТ ЗА СТАРИ ЛИЦА “МЕРИ ТЕРЗИЕВА“ ВО н.АЕРОДОРМ ,СКОПЈЕ

Јас дедо Џевад, мојата сопруга баба Цвета, на 84 годишна возраст, уживаме во гостопримството на оваа куќа,дом.

Еве како дојдовме , во овој ВИСТИНСКИ дом за стари лица, веќе неколку години сме пензионери со мојата сопруга, таа бивша учителка, јас бивш лекар. И двајцата работевме на работни места на кои имавме постојани конатакти со луѓе. Пензионирањето ни го ускрати тоа задоволство. Баравме излез од самотијата која не обземаше со смалување на контакти со луѓето. Нашите чеда станаа возрасни луѓе со свои семејства, удомени, со свои секојдневни обврски. Нашите пријатели исто така се соочуваат со старачки проблеми, а многумина за жал ги нема меѓу живите.

Баравме средина со повеќе луѓе и контакти, спремни да ни помогнат не само во самотијата, туку и во нашите здраствени проблеми, кои со годините се зголемуваа. Ни беа посочени старечки домови, поблаго кажано домови за стари лица. И тргнавме по потрага. Патот не доведе пред вратите на овој дом каде што сме сега.

Ова е вистински дом за стари лица , ова е вистински дом и навистина за стари лица. Се уверивме во кажувањето  на многумина кои ги користеле услугите и удобствата на овој дом. Овде старите лица ( бабите и дедовците) ги задоволуваат  сите свои потреби. Овде има исхрана,соодветна на здраствената состојба, општа и лична нега и хигиена на високо ниво, висока човечка комуникација, со високо човечки хуман однос, стручен и професионален однос на лица сос постојана насмевка, дружење на лица со иста или приближно иста возраст и проблеми, постојана секојдневна лекарска грижа за здравјето, секојдневни разговори и контакти со психолог, социјален работник, физиотерапевти, медицински персонал, вработени во кујна, сите останати кои се грижат за нас и хигиената и другите.

Секојдневно  се следи здраствената состојба на корисниците на услугите, од топот на мерење на притисок, лабороториски анализи, а по потреба ЕКГ,ЕХО и др. Медицински услуги. По потреба се користат услугите на специјалисти кои се надворешни соработници, а во случаи да треба да се користат услугите на други медицински установи со сопствено санитетско возило домот го врши транспортот. ( Оваа посебно го нагласувам бидејќи сум од струката и знам што значи брзата интервенција во овие случаи, а и лично доживеав тоа)

Она што на стар човек најмногу му значи , тоа е односот кон него, а тоа овде  најмногу го има. Овде сите стари лица се насмеани, а онаа што станало професионалност е деминутивот на имињата  или ословување со порекарите од милост ( Баја, Станче,Цаци,Вики,Данче,Снеже и уште могу ци,ки,ца,же,ре..кои работаа овде.

Како да го најдете овој дом? Пааа.. во населба Аеродром, нема човек кој не ќе Ви помогне. А јас ќе дадам еден патоказ, дојдете во оваа населба, прошетајте по кејот на Вардар. Ќе наидете на еднокатница во пријатна зелена боја, на самиот кеј. Влезете и тука ќе  ве пречека насмеаното  лице на вработените за прием во приемниот дел кој наликува на хотел од висока категорија. Од приемнот лево и десно се собите.Исто така и на горниот кат. Собите се двокреветни со ВЦ, а напред е трепезаријата со шанка за кујната каде се приготвуваат најубавите јадења, како дома.

На крајот на ходникот лево има симпатична просторија со повеќе маци и удобни столови, каде се дружиме, гледаме телевизија, разговараме. Од трпезаријата се излегува на една прекрасна бавча-тераса со маси, столчиња и чадори за сонце кои штитат телото од сонце.

Глетката од терасата ве води во насмеаното зеленило од цвеќиња, ниски зелени дрвца, високо насмеани дрвја со дебели сенки и зелена ограда која ве оградува од пешачката патека на кејот на Вардар. Вардар ви е составен дел од овој посебно убав видик. Овде на оваа тераса можете да одмарате , да се помладувате, да се благоштевате што сте дошле тука  во оваа убавина и овој излет во  насмеаното зеленило на Скопје и Вардар.Овде ќе ги рекапитулирате доживеаните убавини во денот и ќе посакате да си стегнете сам на себе рака што сте дошле на поседок во овој дом и да си замерувате што не сте го направиле тоа порано.

Повелете уверете се! Нека ви е пријатен престојот!

Дедо Џевад и баба Цвета

<a rel=”license” href=”http://creativecommons.org/licenses/by/2.5/mk/”><img alt=”Creative Commons License” style=”border-width:0″ src=”http://i.creativecommons.org/l/by/2.5/mk/88×31.png” /></a><br />This work is licensed under a <a rel=”license” href=”http://creativecommons.org/licenses/by/2.5/mk/”>Creative Commons Attribution 2.5 Macedonia License</a>.

Во рамки на кампањата ‘’Секој трет македонец живее крпен живот’’ која има за цел подигање на свеста за постоење на сиромаштија и промовирање на пристапот заснован на човекови права како начин за надминување на сиромаштијата, Македонската платформа против сиромаштија (МППС) го организира донаторскиот настан – телетон, кој што ќе се одржи и емитува на 12.12.2010 (недела), на Македонската телевизија во терминот од 16.00 – 19.00 часот.

Целта на овој настан ќе биде преку индивидуално донирање од страна на граѓаните на телефонските броеви 075/143 424, 077/143 413 и 070/143 113 отворени за оваа намена, како и преку донации од фирми и институци директно на жиро сметката 300000003198223 на Комерцијална Банка да се соберат финансиски и материјални средства кои ќе бидат наменети за Дневните центри за деца на улица во Македонија