Archive for октомври, 2010

Основен критериум при утврдувањето на условите за остварување право на старосна пензија е возраста и постоење на минимум навршен пензиски стаж. Условите за стекнување право на старосна пензија се уредени со законот за пензиско и инвалидско осигурување и тие се: 64 години живот за маж и 62 години живот за жена и најмалку 15 години пензиски стаж. Потребата од зголемување на старосната граница е резултат на демографските трендови, односно зголемување на очекуваното траење на животот на населението, а со тоа и на очекуваното времетраење на користење на пензијата. Според овие услови се постигнува одредена усогласеност помеѓу користење на пензијата приближувајќи се до европските стандарди во однос на времетраењето на користењето на пензијата помалку од 14 години.

Од пензискиот систем трајно се изостави можноста правото на старосна пензија да се остварува само со навршување одредени години на пензиски стаж, без оглед на возраста. Исклучок, од ова догорочно системско решение е преодната одредба од членот 30 според која осигуреникот (жена) која на 1 септември 2000 година имала најмалку 28 години пензиски стаж, односно (маж) најмалку 33 години пензиски стаж, право на старосна пензија да можат да остварат со навршување на 35 години, односно 40 години пензиски стаж, без оглед на возраста. Овој услов за стекнување право на старосна пензија се применува до 1 септември 2007 година.
Повеќе на : http://mtsp.gov.mk/?ItemID=5AC92DFC3D153045BDD5756409A5F098

Крцкање на зглобовите

Често се поставува прашањето дaли е нормално пукањето и шкрипењето на зглобовите, особено во првите неколку чекори по станување од креветот. Во суштина, звукот на шкрипењето се јавува заради триење на нарамните површини на зглобовите рскавиците. Појавата почесто се забележува кај поголемите зглобови, како коленото или рамениците. Пукањето се разликува од шрипењето и потекнува од меурчињата азот во синовијалната течност кои се ослободуваат и пукаат при истегнување на зглобот. Меѓутоа, доколку крцкањето на зглобовите е проследено со болка, особено при качување по скали или чучнување тогаш обратете се на ортопед. Болката во комбинација со крцкање може да биде знак повреда или артритис. Истаржувањето покажало, дека постарите лица често ги имаат овие проблеми, но не се занемарува и фактот дека  и помладата популација може да ги има истите симптоми. Бидете физицки активни, правете утринска гиманастика за да ги избегнете ваквите последици.

Алцхајмеровата болест  се карактеризира со губење на помнењето и општа психичка збунетост дезориентираност, за да заврши со целосно губење на претставата за реалниот свет кој, не опкружува.Луѓето кои влегуваат во последната фаза од болеста обично не се во состојба да се грижат сами за себе, не ги препознаваат најблиските , а неможат да се присетат ниту на сопсвениот живот.

Рут Итзаки, доктор на науки при Универзитетот во Манчестер, во северозападна Англија вели дека постои многу силна поврзаност меѓу вирусит на херпес и Алцхајмеровата болест .Како невролог , Итзаки поминал речеси две децении, проуќувајќи ја оваа појава. Проценките укажуваат дека 60 % посто од случаите на Алцхајмер се предизвикани токму од овој вирус.

Постојат две причини за оваа поврзаност, првата причина лежи во долгогодишните набљудувања , кои датираат од пред три децении, дека постои редок вид на инфекција, наречен херпес енцефилатис, кој ги зафаќа истите региони, како и Алцјамер. Сличноста во двата случаеви е губењето на помнењето.

Вториот чекор се состои од тестирање на можностите за тоа дали антивиралните лекови кои се користатза намалување на времетраењето на раничките од херпес, можат да го  спречат  или забават напредокот на Алцхајмеровата болест.

Експериментот кои содржи тестирање на заморчиња или пациенти со Алцхајмерова болест со антивирални лекови, доколку се покаже успешен  тогаш ке се спречи напредокот на Алцхајмеровата болест, наместо да делува на ублажување на симптомите, вели Итзаки.

Истражувањата покажуваат дека ризикот  од заболување на оваа болест се намалува на 42 % кај лицата  кои јадат големи количини риба, зеленчук, јатки и други намирници, кои содржат многу малку заситени масти. Но сепак не е доволно само здравиот начин на исхрана тика е физичката активност.

Водите здрав живот, јадете здрава храна и сето тоа поткрепете го со физицка активност за подолга и безгрижна старост.