Archive for август, 2010

Старост и стареење!!!

Прашањето за тоа што претсатвува старост е тесно поврзано со самиот процес.

Староста не е болест туку неодминлива фаза во животниот циклус на секој човек.

Стреењето пак е пророден процес кој започнува уште со самото раѓање и е во корелација со протекување на времето.

Постои физиолошко и патолошко стареење. Физиолошкото стареење всушност претставува хармонично забавување на органите и функциите, додека патолошкото стареење е условено од пореметување на разни функции, органи и системи поради болеста.

Поаѓајќи од тоа дека како почеток на староста во нашата земја е прифатена возраста над 65 години, тоа значи дека следнава периодизација е сосема прифатлива:

–          Период на рана старост ( 65-75години)

–          Период на старост ( просечна 76-85 години)

–          Период на доцна старост( преку 85 години)

Во првата фаза  на староста се забележуваат  мали знаци на старост но сепак старото лице е со релативно зачувани способности за извршување на секојдевните активности.

Во втората фаза имаме поинтезивни промени, се јавува се поголема успореност на целиот организам.

Во трета фаза симптомите од втората фаза се поинтезивни и многу стари лица во ова фаза не  се способни да се грижат сами за себе и најчесто постои потреба од физиолошка како и психосоцијална потреба од своето опкружување.

*Даниела Станојковска ( Завод за социјални дејности)

Што можеме ние!!!

Зголемениот број на постари лица, всушност претставува и зголемување на барањата на јавниот здравствен систем, како на медицинските така и на социјалните служби.  Потребите на старите лица се карактеристични и главно се однесуваат на нивното здравје, смиреноста и достоинственото живеење, психолошката благосостојба (вклучувајќи ги рекреацијата и социјалното вмрежување), зголемена продуктивност (со или без економски добивки) и нивна лична безбедносност.  На постарите лица, им е потребна и психо социјална поддршка  а не само медицинска нега, а тоа се постигнува со самото нивно социјално вклучување  во  општеството.

Во Р. Македонија сеуште не се донесени стратегиите за заштита на старите лица односно стратегиите во областа на борба против сиромаштијата и социјалната заштита.

Не ни преостанува ништо друго освен со кампањи наменети за старите лица,  да се подигне свеста кај населението за можните начини и форми на грижа, како старите лица би можеле да се вклучат во општеството, истражувања и изнаоѓање на решенија на проблемите со кои се соочува постарата популација со цел  да се подобри квалитет на живеење на постарите лица. Секој од нас еден ден ќе биде стар, затоа е време е да се направи нешто корисно, нешто што ќе остане и за идните генерации.

Со старите лица треба да  зборуваме  за вистинскиот живот , животот во кој тие живеат, животот во кој што и ние живееме.  Така ќе останат вклучени во се она што се случува денес!

Останува прашањето: Што можеме ние?

Одговорот лежи во сите нас!

Очекувам одговорите да ги споделиме меѓу сите нас, како идни двигатели и показатели за промена на животот на нашите најмили!

 

Манаса Јога

 

Јога е систем на древни духовни и физички вежби кои потекнуваат од Индија. Јога вежбите се состојат од физички вежби или асана и вежби за дишење или пранајама. Јогата се смета за средство кон просветлувањето т.е. постигнување на единство со самиот себе и со универзумот  Браман.

Денес многумина на запад вежбаат јога од различни причини: од здравствени причини, заради развивање на концентрација, некои заради филозовски убедувања, но и заради постигнување внатрешен мир и рамнотежа. Се смета дека со јога вежбите се ублажуваат некои болести и пореметувања, како несоница или астма.

Манаса Јога е специјално дизајнирана  програма на нежни  јога вежби и вежби за длабоко дишење.Манаса Јога е  погодна за лица на било која возраст, вклучувајќи ги старите лица  и лицата со деменција, каде што сите пози се изведуваат од седечка положба.  Придобивките од манаса јога се: зголемување на   циркулацијата низ телото; зајакнување на зглобовите, лигаментите и тетивите; тонинг  на мускули, подобрување на рамнотежата, координацијата и држење на телото.