Archive for јули, 2010

Алцхајмерова болест

Во претходните текстови објавени на блогот ( Што се постигнува со работна,музика терапија и физичката активност и Значењето на физичката активност во староста) е спомената Алцхајмеровата болест. Сметам дека поголемиот дел од читателите не се запонаети за кава болест се работи ниту кои се симптомите на болеста , па затоа сметам дека е добро да се објасни повеќе за самата болест.

Алцхајмеровата деменција претставува прогресивна дегенеративна мозочна болест која е позната и како Алцхајмерова болест, сенилна деменција од Алцхајмеров тип или само Алцхајмер. Тоа е најчеста форма на деменција која првпат е опишана во 1906 од германскиот психијатар Alois Alzheimer кој набљудувал пациент со деменција од 1901 и умрел во 1906.

На аутопсијата на неговиот пациент биле најдени промени во мозокот кои се сега се сметаат како типични за Алцхајмер. Пронајдени биле депозити помеѓу нервните клетки наречени плаки кои се состојат од уништени депозити на протеин наречен бета-амилоид. Научниците веруваат дека плаките ги убиваат нервните клетки.

Алцхајмеровата деменција обично ги афектира луѓето над 65 години, но има и една форма на Алцхајмер која може да ги погоди пациентите и во нивните рани триесетти. Познат пациент кој умрел од оваа форма на 68 години, но знаците се појавиле уште во нејзините рани педесетти години е актерката Рита Хејворт. Алцхајмер е почест колку што човекот е постар. Само 10% од сите болни со Алцхајмер заболеле после триесетата година но најголемиот дел ги развиле симптомите после 65та година. Скоро 50% од сите луѓе на возраст од 85 години и постари покажуваат знаци на болеста.

За  повеќе информации: http://www.time.mk/read/NONE/1d6f5bdda3/index.html

Ризици,состојба и мерки

Актуелните состојби и досегашните мерки укажуваат на тоа дека:

  • Пензискиот систем во Р. Македонија  е трансформиран од систем на генерациска солидарност во тростолбен систем.
  • Фондот за пензиско и инвалидско осигурување обезбедува пензии за над 60% од популацијата постара од 60 години ( 53,44% од вкупниот процент на корисници на пензии  се носители на право на старосна пензија). Мал број ( 8,22%) стари лица кои не добиваат пензија го оставриле правото на постојана парична помош.
  • Во Р.Македонија се многу ретки истражувањата на старата популација , односно пензионерите.
  • Исклученост од пензискиот систем на стечајните работници, сопруги на руралните земјоделци, членови на одредени етнички групи ( како Албанци ) како и ранливи етнички групи ( Роми) со несоодветно работно искуство.
  • Ниските пензиски приходи последевателно доведуваат до несоодветна здраствена заштита  на пензионерите  кои неможат да ги покријат трошоците кои произлегуваат од партиципацијата  за лекови и здраствени услуги.

Мерки

  • Дополнување на Законот за локална самоуправа со одредба за обезбедување на грижа за старите лица  (  Отварање на мали дневни центри за стари лица).
  • Обезбедување на патронажна  служба за помош и нега на стари лица во нивниот дом.
  • Се очекува бројот на лицата кои немаат остварено право на пензија по основ на работен стаж , да се зголеми во најблиска иднина. Затоа , се предлага овие стари лица да бидат   вклучени во системот на социјална заштита и за нив да се обезбеди социјална парична помош на ниво на минимум на социјална егзистенција во Р.Македонија.
  • За старото население се предлага намалување или укинување на паритципацијата за лекови и здраствени услуги , посебно за оние лица кои се над 70 годишна возраст и имаат супстандардна пензија, проширување на позитивната листа на лекови и обезбедување доволно количини на лекови од позитивната листа во аптеките, како и друг вид на дирекна помош доколку се смета ќе овозможи доволен пензиски приход, соодветен за животниот стандард на старите лица.