94 годишен старец во топ форма

http://www.makedonija24.mk/?ContentId=10392

И повозрасните учат

Стотина пензионери од здружението „Универзитет Трета доба“ секој петок на Филозофскиот факултет слушаат предавања на тема што самите ја избираат. Овие средби, велат, внесуваат нова радост во нивните животи. Најстарата студентка има 82 години

Стотина се. Сите се пензионери. Мажите се избричени, костумирани, а жените – нашминкани, намирисани, дотерани, со шапки на главите. Меѓу нив има Албанци, Македонци, Роми, Турци… Сите се насмеани. Насмевките на лицата го издаваат нивниот младешки дух. Не постои старост, велат, ние сме само возрасни луѓе што му се радуваат на животот.

Овие пензионери, со години наназад, секој петок на Филозофскиот факултет слушаат предавања. Сите се членови на здружението „Универзитет Трета доба“, кое брои околу 500 члена. Самите избираат тема и професор што сакаат да им предава. Темите се селектираат во зависност од интересот на мнозинството. Сакаат да знаат за македонската историја, за востанијата, за црквите и манастирите. Овој пат изборот падна на професорката Вера Стојчевска-Антиќ, а темата што ја слушаа беше за делата на св. Климент Охридски.

- Тргнете ги чантите и палтата од клупите. Извадете ги тетратките, сега сте студенти – им се обрати Томислав Димишковски, претседателот на здружението.

Сите внимателно ја слушаа професорката, која им објаснуваше кој бил св. Климент Охридски и што значи тој за македонската историја и книжевност.

- Воодушевени се од предавањата. Се интересираат и прашуваат. Во една пригода им кажав дека макар да ги имавме единствено светите Кирил и Методиј во македонската книжевност, само со нивната ука ќе бевме извонредна држава – вели професорката Стојчевска-Антиќ

Студентите од третата доба велат дека нивните деца се најзаслужни за тоа што не стареат.

- Кога човек ќе се пензионира, се радува на успесите на внуците, синовите, ќерките, само не на сопствените. Наеднаш, човек станува осамен и се чувствува бескорисен. Затоа, едвај чекам да дојде петок, да се избричам, да се дотерам и да им кажам на блиските: „Луѓе, јас отидов на факултет“. Жив сум, корисен, исполнет – вели Димишковски.

Средбите на факултетот раѓаат и љубови. На предавањето присуствуваа неколку двојки, кои се запознале на овие предавања. Еден од нив почнал да доаѓа на факултет зашто бил во депресија, па психијатар му препорачал да се дружи со луѓе.

- Откако е со нас, човекот постојано доаѓа стокмен и среден, едноставно се препороди. Голем љубовџија е – на шега раскажуваат во здружението.

Сепак, највпечатлива е, велат, љубовта меѓу еден Ром и Македонка.

- Само да знаете колку се сакаат. Неразделни се. Но семејствата не им дозволуваат да живеат заедно, зашто се припадници на различни етнички заедници. Еднаш, жената му се налути на партнерот, па го казни со тоа што цел месец појде в село и не му се јави воопшто. Човекот ќе полудеше од грижи – раскажуваат во „Трета доба“.

Пензионерите често посетуваат манастири и цркви низ земјава. Убаво им е, велат, на тие излети. За предавањата што ги слушаат на Филозофскиот факултет, секоја година во јуни добиваат диплома од програмата за доживотно учење и активен живот во третата доба. Вакви универзитети има речиси во сите балкански држави, а најактивни се оние во Словенија и токму со нив скопскиот универзитет најмногу соработува.

Милица Јовановиќ, наставничка во пензија, е најстарата членка на скопскиот универзитет „Трета доба“ и има 82 години. Студент може да стане секој, а месечната членарина изнесува 50 денари

Недела на грижа за стари лица (15-21.11.2011)

Да не ги заворавиме! и тие се дел од нашиот живот

Да бидеме хумани-заеднички да им помагаме на старите лицаи на сите оние кои нашата помош им потребна

Мозочен удар

Фатален во 1/3 од случаите

Мозочниот удар е трета најчеста причина за смрт во разиените земји, следејки ги коронарните болести и ракот, и главна причина за долготрајна физичка, когнитивна, емоционална, социјална и работна неспособност.

Во продолжение на рубриката мозочен удар – прашања и одговори, дознајте како може да се намали ризикот од негово повторно настанување?

Диета

Диета промена на начинот на исхрана, диета со ниска содржина на сол и заситени масти, консумација на храна богата со растителни влакна, овошје и зеленчук.

Редукција на консумацијата на алкохол.

Справување со најважните фактори на ризик

Пушење цигари
-го зголемува ризикот за мозочен удар, срцеви и васкуларни заболувања како и за рак на белите дробови.

Крвен притисок
-редовна контрола на крвниот притисок и третман на покачениот крвен притисок.

Антиагрегациона терапија

Ја спречува агрегацијата на тромбоцити кај пациентите со исхемичен тип на мозочен удар кој настанал како резултат на тромботично зачепување на предходно артериосклеротично променет крвен сад. Докажано е дека оваа терапија може да превенира настанување на нов мозочен удар.Ацетилсалицилната киселина, клопидрогрел и дипиридамол сенајупотребуваните лекови од оваа група.

Антикоагулантна терапија

Се препорачува кај оние пациенти кај кои исхемичниот мозочен удар настанал како резултат на болести на срцето (прележан срцев удар, болести на срцевите валвули или нарушувања на ритамот на срцето, поради кои доага до формирање на емболуси кои преку крвта стигнуваат до мозокот).

Варфаринот и кумаринот се такви лекови и се ефикасни при намалување на ризикот за нов мозочен удар. Голем број на други лекови интерферираат со дејството на антикоагулантите. Пациентите кои ја примаат оваа терапја не треба да консумираат алкохол. При терапијата со овие лекови задолжителна е консултација со матичниот лекар.

Каротидна хирургија и стентирање

потребни се кога причина за исхемичниот мозочен удар е стеснување на луменот на големите крвни садови на вратот (каротидни артерии).

Постојат два начини да се разреши стеснувањето на луменот: еден со оперативен зафат - каротидна ендартеректомија, а вториот начин епоставување на стент во каротидните артерии. Овие процедури го намалуваат ризикот од повторен мозочен удар.

*Кога луменот на каротидната артерија е потполно зачепен овие интервенции не се изведуваат.

специјалист невролог

Хипогликемија

Хипогликемија е состојба на намалено количество на глукоза (крвен шеќер) во крвта. Најчесто се јавува како компликација кај пациенти со дијабетес кои користат инсулин во терапија.

За хипогликемија се смета ниво на глукозата во крвта помало од 3-3.3 mmol/l (50-60 mg/dl).

Симптоми

Симптомите на хипогликемија се различни кај секоја индивидуа. Најчесто, пациентите се жалат на:

  • општа слабост;
  • поспаност;
  • вртоглавици;
  • конфузност;
  • глад.

Други знаци за хипогликемија можат да бидат:

  • бледило;
  • главоболка;
  • иритабилност, агресивно однесување;
  • тремор;
  • потење;
  • тахикардија;
  • чувство на студ.

Во потежок случај, личноста со хипогликемија може да изгуби свест, дури и да падне во кома.

Третман

Важно е брзо да се препознаат симптомите на хипогликемија и да се делува веднаш. Често истите брзо се повлекуваат доколку личноста јаде храна или се напие течност која содржи шеќери. Парче чоколадо или шише кока-кола обично помагаат за враќање на нормалното ниво на глукоза во крвта.

Во потешките случаи на хипогликемија, кога пациентот е со нарушена свест, третманот се состои во интравенска апликација на раствор на декстроза.

Превземено од: Доктори.мк

Природно лекување

Диспепсија или нарушување на варењето на храната е едно од најчестите болести  со кои се бори современиот човек. Модерниот начин на живеење  не ни нуди доволно слободно време и  секојдневно сме изложени на стресни ситуации, што на многу им делува за развој на оваа болест.Пушењето,алкохолот и прекумерните количини на внесување на кафе не соодветна исхрана се предизвик за диспепсијата. Во основа диспепсијата може да биде и органско заболување како што се пептички чир,гастритис,иратибилни колосин дром на надрезнатите црева и рак на желудникот. За лечење на диспепсијата од голема корист се лековитите билки,така што ги спречува симптомите како што се мачнината,горчливоста и повраќањето. Позначајни билки за оваа болест се нането,золтито канатрион и комарачот.

Заедничко дружење

На 01.10.2011 година  со покана од Комерцијална банка АД Скопје- Координативно тело за општествена одговрност  возрасните членови на Хуманост (пензионерите),како и возрасните лица сместени во институциите за социјална заштита ( Дом за стари лица Мери Терзиева и Дом за стари лица  Мајка Тереза) и пензионерите кои работеле во Комерцијална банка учествуваа на еднодневен излет до манастирот Св. Ѓорѓи во с.Дељадровци. Излетот придонесе да возрсните лица односно пензионерите од Хуманост,институциите и пензионерите од Комерцијална банка поминаa прекрасен ден,посебно  возрасните лица кои се социјално исклучени.

Бидете хумани

Na 07.10.2010 godina na Stefan (10 godini) mu beшe dijagnosticirana virusna bakterija – Encefalit (vospalenie na mozokot) posledica epilepsija mezojalna-temporalna skleroza so fokus.Poradi napadite koi sekojdnevno gi ima toj ne e vo moznost normalno da opstanuva vo жivotot i da posetuva uчiliшte.Po inicijativa na doktor Filip Duma mora da se izvrшi hirurшka intervencija vo Turcija vo bolnicata , Adzibadem doktor Memet Ozek poradi struчnosta na tamoшniot doktorski tim. Seto toa so sebe nosi golemi troшkovi meѓu koi smestuvaњe vo bolnicata ,odredeni ispituvanњa , pregledi kako i predoperativen tretman . Poradi naшata materijalno – finansiska nemoжnost, Molime za pomoш kako bi mu ovozmoжile na Stefan normalen detski жivot . Pance Stankovski – 2.00001366795176-ziro smetka, prihodna шifra 72594600,Uplatna smetka – 84317601989.